Преку школската година,излевам само еден ден.Или петок или сабота.Немам некоја желба за да излевам,освен ако има добро друштво и пиење секако одам. А преку летото,тоа е друго.Тогаш не сум прибрана дома.
Навечер никако не излегувам, страв ми е од зли духови. Особено од 00:00 до 00:15 (или како што би рекол Амди - до 15 минути после поминуење на 24 часот), тогаш па викаат дека и вампири искачале.
Додека трае учебната година излегувам само петок и сабота. Ама сега овој месец нешто не ми се излегува, незнам зошто. Си седам дома и си уживкам
Само викенди, ама додека имам желба. Не ги разбирам тие што излегуваат четврток,петок,сабота и недела како ги издржуваат тие гужви..
Паа излегувам за викенд ..ама некако голем малер сум па кога ќе дојди викенд мене мора нешто да ми се случи ..на пример еве овај викенд настинав и дома скиснав
retko izleguvam vo diskoteki petok ili sabota.mn e dosadno nema zabava site stojat i zjapaat kako budali,nikoj ne igra i uziva vo musikata.samo gledaat koj kako e oblecen ili koj so koj stoi
да секако секоја вечер но викендите не ми резервирани за по дискотеки мн ретко тоа откако сум заедно со дечко ми одиме на кафе или вечера и доллги прошетки
Излегувам да. Летово дома не се прибрав, а петок и сабота обавезно е. Морално е, како за домашна да ни е. Ако некому му требаме јас или некој од друштвото за викенд, знае каде да не најде. Обесени на некој шанк.
Имам 21 година и некогаш излегувам навечер иако е тоа многу многу ретко. Повеќе сакам денски да си излезам на кафе. Вечерните излегувања им ги препуштам на новопечените тинејџери на кои животот им е драма. Мене не ми е драма. Не ми е потребно да се дотерувам и да привлекувам внимание. Доволно ми е само да се видам со пријателите и да си поразговараме.
За време на распуст излегував секој ден и дремев со 15 деца во школски двор од 8,30 до 11,15 часот.Нема ништо позабавно од тоа цела чета седнати во круг и муабети на секоја тема.Јас не знам за дотерување, цело лето си поминав со неколку пара памучни шорцеви и блузички, баш така секој ден, а не лупнато минич и корсет како половина моја генерација. Сега за време на школо излегувам само во петок и сабота
Излегувам скоро секоја вечер, но не во диско. Одам по кафиња, ресторани, кино и тн. Бар тука во Скопје не одам во диско, затоа што не го признавам ноќниот живот во Скопје. За мене е мртов.