Се насмеав и јас кога ја видов темата и кога текна тоа да го пишам. Ама ме плаши да не не се смени ова и остане така во иднина... Ехх кога ќе се сетам. Не излегував често по клубови и слично ама барем на раат можеше да се прошета низ парк или покрај кеј....
Многу ми фали излегувањето навечер иако во пследно време не излегував многу. Ми фали одењето по кафичи, ресторани, барови, клубови, особено на некоја рок свирка .
Зар Мусандра работи сеуште? Дискотеките во парк се веќе минато и на нивно место за неколку години децата ќе возат колички. Последниве две не ги знам.
Дали сеуште работи Маракана кај стадион? Порано одев таму неколку пати, имаше добри забави, но беше тесно, бидејќи беше популарно и посетено. Памтам и дека имаше добри живи рок свирки. Не сум ептен по рокот, слушам чат-пат одредени артисти, ама таму музиката ми ја погодуваа.
Некаде Октомври 2025та ја реновираа, не знам дали работи повторно, инече до тогаш си работеше Инече јас Маракана, МЦМ, Хавана парк, Мамас, Хард рок кај МКЦ, МКЦ, Булевар, Old school, бифето на Драмски
Маракана ко што знам беше затворена после пожарот во Кочани, и оттогаш не работи, ама не сум поминал скоро за да тврдам со сигурност. On topic, многу заретчив со излегувања навечер, така со годините веќе се нема енергија
Забавите не се тоа што беа порано. Порано често одев во Струмица кога работеше Селект. Забави на највисоко ниво. Во Штип сум одел во Мистик кај кружниот тек во центарот, во Гевгелија во Де Факто. Значи се правеа забави во вистинска смисла на зборот. Но Селект и Мистик веќе не постојат одамна. Кој одел таму на забави, знае многу добро за што зборам. Уште ме држи памтењето кога гостуваа Газда Паја и Криско. Такви забави немаше ни во Сончев Брег. А сега, дискотеките во парк ги срушија. Кај немаме ноќен живот како што треба во главниот град, па уште тоа фалеше. Не остана веќе каде да одиме во диско.