Пиејќи кафе, на денешниов празничен ден, ми текна дека пред некое време читав низ Интернетов дека сме имале многу празници кои влијаеле на економијата, дека дел од нив треба да се укинат заради економски раст, повеќе приход, производство и буџет. Мислам дека нема ваква тема, па да видам ваши мислења. Мое мислење е дека празниците се сосема во ред, дека се значајни датуми кои треба да се прослават, дека не е некоја претерана загуба оти и не се којзнае колку празници, а и во секој случај човек мора и да одмори, физички и психички, за да биде продуктивен, ако само работи и работи 8 часа, 5 дена (некој 6) во неделата, ќе "прегори" и толку од неговата способност. Кој работник не сака одмор? Очигледно оној кој не ни работи премногу. И не е животот само за работа. Има држави со повеќе празници од нас, а посилна економија. Не ќе да е до празниците. Кој е вашиот став?
Нека покачат плати, нека ја намалат невработеноста до 0%, нека ги подобрат работните услови, па тогаш веќе може да се размислува за таков чекор.
Fakt e deka imame mnogu praznici . Nekoi treba da ss ukinat i da ostanat samo onie osnovnite praznici .
Дискусијата околу имањето премногу или премалку празници ми е смешна, зашто во Македонија како што гледам никогаш никому не му е доволно од одмор (дури и кога се има премногу денови). Генерално, на светско ниво, празниците се измислени за да се направи најголемиот промет (ако треба и ќе ги доизмислат само за да се работи), ама тука кај нас е проблемот што нема почитување на основните, главни празници. Иако ако сме реални, пола од жените што ќе се дома на празник како денешниов, ќе се бунат зашто продавниците не работат. Оти баш „им текнало“ на битен празник хулахопки да купуваат, на пример (темине мислам чист доказ се за овакви „ситници“). Револтот останува претежно кај тие што се на смена во молови, иако, кај нас за инает ќе ги замараат, т.е малтретираат (не дека тоа што им е во план да го купуваат е нешто битно). Темана за празнициве, е многу поврзана со начинот на индивидуална перцепција и колективна (не)грижа околку тие што се на смена. За простотилакот е ова, кое често има класично изветрување и изживување само на празници, водени од тоа дека му/ѝ се може. Од друга страна, едноставно има такви професии кои не може еден празник да ги пресече туку-така и таму владеат други правила, одговорности, бенефиции.
Јас сем ко учев, празник немам видено. И празник и делник работам, искрено не ми менва пошто ретко сум свесна дека еј денес е празник. Уствари ми е ко секој обичен ден, и ко шо го доживувам секој обичен ден, така доживувам и работен ден на празник. Едино ко ќе видам извештајот од платата сфаќам дека еј да сум имала 8-16 сати празнично платени. И искрено, ко ќе видам разликата во платата - скроз сум океј со работа на празници. Така да од скроз себични причини - ми одговара да има толку празници.
Тебе ако ти се работи многу можеш волт или корпа да разнесуваш во слободно време. На темата што е до мене, би додал уште 2 празника, да има барем 1 во секој месец.
Дека се многу, многу се ама не гледам зошто тоа би ми пречело. Единствено проблем е што четврток си го спојуваат со викенд иако петок е работен. Во среда ти вели: "утре е празник, не работиме, дојди во понеделник."
Не треба да се укинат. На некои од нас ни значат. А и на луѓето не треба да им се крати од времето кое можат да го поминат со семејствата.
Не сметам дека треба да се укинат, добро е кога низ турбо работен период ќе “улета” празник па човек може да здивне. Е сега дали и колку правилно се одбележуваат тие празници, посебно оние државните како што е денешниов тоа е друга тема. Сигурна сум дека пола нација не ни знае што се слави денес, пола оди за Солун на продужен викенд. Тие што немаат за продужен викенд ќе си седат дома и ќе се нервираат дека ништо не работи. Јас живеам во Шведска и тука нема толку државни празници како неработни денови. Тие што ги има секогаш се одбележуваат на некој симболичен начин и секој знае кој ден се слави, уште од мали децата си ја учат нивната историја, а многу помалку туѓата.
Дур други држави намалуваат работно време на 4 дена или на 6 часа, вие овде се тепате да земете слободен ден оти немало кој да ве замени. Економија се поправа со квалитативни мерки, не со работење од јутра до сутра.
Оние што одат на работа за клати врата и земај плата први болни ќе залегнат да се укине некој празник. Празник чие значење не го ни знаат, важно кафиња-мафиња и семејни ручеци со луѓето за кои превртуваат очи да имале да истераат. Во странство убаво пишале симболично се слави и побитно е да се научи што се слави, додуша и секое странство не е исто, само во цивилизираниот свет ова.
Многу се. Се слават топтан православни муслимански и не знам какви се не празници. Пола Грујо ги воведе. Тотално ми се нерелевантни оти оние што најмногу придонесуваат за општеството како доктори, инжинери по фабрики и земјоделци секако работат и за празници.
Ја работев приватно, за мене немаше празници. Само предноста беше тоа што кога сум на работа за време на празник зимав поголема плата. А за овие во државни институции секако секој ден им е неработен.
Нема да се постигне Економски раст ако се намалат празниците која глупост, има држави во Европа мислам дека скандинавските беа кои воведоа 4 работни дена во неделата а со тоа добија најсреќна нација, повеќе време со семејството, поголема продуктивност на работното место, поодморени работници.
Како што се целосно обратни не е чудно да ги намалат а дека со тоа ќе ја стабилизираат економијата аха важи ама А дека па пола од граџаните не знаат кои се одредени празници и зошто се слават и тоа е точно. Да ,го мешаат со денешнава партија а нема врска ,освен што и го користи името.
Jas dali volt dali korpa e moj problem ne se sekiraj ti ic . Od vakvite ko tebe sto lebdat cel den bez da rabotat nisto pati cela drzava . Ne se sekiraj uste 7 dena i ke zemas plata