1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали имате искусво со купување недвижности од градежната компанија Хантерс?

Дискусија во 'Дом' започната од Marichence, 4 март 2016.

  1. Marichence

    Marichence Нов член

    Се зачлени на:
    4 март 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ме интересира дали некој има искуство со купување на стан од градежната компанија Хантерс (http://hanters.com.mk/). Ми се допаднаа некои типови на станчиња што ги нудат, но прв пат ги сретнав на саемот за градежништво и ниедна од банките кај кои прашав немаат директна соработка со нив како компанија. Доколку имате некакво позитивно или негативно искуство со нив ве молам да споделите :).

    Ви благодарам на сите за издвоеното време :)
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Јас гледав стан кај нив. Мислам дека имаат квалитетна градба, не се гипс картон ѕидовите.

    Предлог - темава да се вика Градежни фирми и да можеме да разменуваме мислења за повеќе фирми, вака за една, нема што да муабетиме.

    Мене ми треба искуство за фирми кои градат куќи. Има некој што градел?
     
  3. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Купивме стан во изградба од Хантерс ДООЕЛ во населба Аеродром. Пред да го купиме скоро воопшто не можеа на интернет да се најдат информации за искуствата на станарите со фирмата и квалитетот на градба. Од она што ни беше презентирано од страна на Хантерс преку нивните 3Д модели и описот на изведбата на саемот за градежништво, очекувавме убава зграда со луксузен изглед, и цената која што ја плативме беше висока, соодветна на поквалитетна градба но, наскоро следеше разочарување. Откако ја завршија фасадата свативме дека градбата е нискобуџетна, освен излацијата за која се обврзани со договор на фасадата не аплицираа ништо од презентираните елементи и декорации и таа во реалноста ни од далеку не соодветствува на моделот од проектот, кој кога би се извел така би чинел десетици илјади евра поскапо, што значи инвеститорот штеди на сметка на станарите. Кога купуваат во градба, на купувачите им е презентиран повисок квалитет на градба, на крај реализацијата е нискобуџетна. И не само фасадата, вградени се евтини прекидачи и штекери кои прегоруваат, влезната врата е како за на тераса или приватен простор каде има помал проток на луѓе, па кваката се расклати и отпадна само по два месеци употреба. Прозорите кои ги вградија на последниот кат во ходникот се разликуваат од останатите, изгледаат употребувано и поинаку, на вториот лифт ставија поинакви, помалку квалитетни копчиња и сето тоа најверојатно за кратење на трошоците. Не морам многу да зборувам, може да се види од фотографиите 23736271_1145842172212369_3632906913355707866_o.jpg 29389092_10213547128964820_7882134319605481472_o.jpg 29497721_10213547127244777_8529306687620775936_o.jpg
     
  4. 2ndLuck

    2ndLuck Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво, темава не е активна одамна, меѓутоа ми треба инфо за Хантерс и какво е искуството со нив со последниве години. Заинтересирана сум за стан во новата зграда што ја градат тие и секој совет е добредојден :)