ја отворив темата за да споделам искуства со сите..Јас многу се плашам дури и преку лето кога е жешко у несвес се паѓа се прекривам преку глава..
Ако имаш страв од темнина,тогаш нека остане некое светло запалено. Не знам која е причината,зашто се плашиш?Мислиш дека има некој во собата?Си замислуваш нешто? Објасни поубаво за да може некој да ти даде совет.
Можеш да објасниш поконкретно во што е работата? Зашто искрено, вака само насловот да го прочиташ делува како шега, ама како што гледам ти се обидуваш да кажеш дека навистина имаш проблем. Ако не ни појасниш не можеме да ти дадеме ни мислење ни совет, па залудно е што си ја отворила и темава.
Се заинтересирав, па пробарав на нет и најдов дека има и евидентиран вид на фобија која е опишана со вакво однесување и се вика Clinophobia. Доколку разбираш англиски, ти препорачувам да си прочиташ детално на линков се' што те интересира, од што ја предизвикува, симптоми па до терапија.
Somniphobia, е страв од спиење страв да спијам, обично значи страв од гледањето лоши соништа или умираат .. Клинофобија е страв од легнување во кревет. http://segaiovde.com.mk/home/index.html прочитај ете ти линк
Кога легнувам се мислам ќе ми излезе нешто дали сум сама или со некој друг спијам стравот е тој...ако слушнам нешто чудно е тогаш му е мајката цела ноќ ќе се мачкам со крстена вода и ќе се плашам незнам како подетално да објаснам.Обавезно мора да сум покриана а ако преку ноќ се откриам ми е страв да станам да се покриам.Едноставно да не должам повеќе ми се плаче кога ќе ми текне дека е вечер и дека треба да спијам
Истото е и кај мене но не до толку .Се радувам кога ќе си легнувам.Но навечер ако се отскријам тогаш со затворени очи се покривам.Пробај преку ден повеќе енергија да трошиш па кога ќе си легнеш побрзо да заспиеш.Пробај и да не мислиш на тоа мисли на нешто што те прави среќна или за мода како би можела да искомбинираш.Кај мене некој такви глупави рботи помагаат.
Мисли на нешто друго кога легнуваш немој да мислиш на стравот и можеш да си ставиш ламба покрај тебе и да ти свети Јас си ставам ламба зошто и мене ми е страв Ама повеќе ми е страв да видам натрупани алишта и само ми приличуваат на нешто е от тоа ми е многу стравв
Повеќе ми е страв одкако ќе заспијам отколку пред . Инаку во ходникот помеѓу спалната и детската моја има закачалки за јакни такви работи.И сега кога ќе легнам навечер право во нив гледам и дека темница како луѓе да ми стојат и уште ако ми крцне нешто ...
Понекогаш предметите во собата ми изгледаат како чудовишта. Но пронајдов решение. Ја вртам главата накај ѕидот и ги затворам очите.
Немам ни јас, се случува да ми е страв само ако пред тоа имам гледано некој хорори кои во најголема мера ги избегнувам токму затоа
Порано имав еден период кога навистина ми беше страв да легнам не знам ни јас самата зошто. Не дека сум гледала некои тешки хорори, едноставно ме обземаше некој страв. Денес со душа чекам да си легнам.
каков страв имам леле дури се нервирам ,премногу се плашам затоа ја будам баба ми спие со мене иако имам 23 год не ми е срам да спијам со неа ,и ем ја оставам ламбичката да ми свети цела ноќ се до сабајле до дека да се разбудам,кога ќе престане овој страв веќе