Тууу, и од тоа ли имало фобија, не сум знаела. Дефинитивно не се плашам, со душа чекам да ја допрам перницата и да потонам во длабок сон. Ретко и сонувам.
Да.Кога спијам сама ја оставам неонката вклучена.Инаку цела вечер нема око да склопам.Не ми е страв од темници,туку едноставно неможам да спијам сама.
Некако не ми е јасно прашањево. Разбирам страв од темница,од природна непогода додека спиеш,од провала,од вампири,да испуштиш душа додека спиеш.....или пак можеби се мисли на сето ова заедно. Како и да е,немам страв да легнам и да спијам. Повеќе имам страв да не се успијам,па затоа го местам и алармот и мобилниот.
Имам страв а незнам зошто.Често знам да не спијам со саати од страв.Или пак ќе почне паника да ме фаќа па се врткам лево десно а страв ми е глас да пуштам. Незнам зошто така...
Кога бев мала имав периоди на таков страв, но сега веќе доволно е само да ја навалам главава на перница и чао тути
И јас како тебе несакам да спијам од причина што се плашам од лоши соништа (често сонувам лоши соништа), но пред да си легнам се трудам да не мислам на тоа мислам на нешто друго и така се смирувам и заспивам.Пробај да не мислиш премногу на тоа те разбирам дека ти се плаче ама тоа е пробај да не мислиш на тоа мисли си на нешто убаво,мисли што ќе правиш нареднито ден
Сигурно си се уплашила од нешто чим така ти се случва. Земи преку ден трчај вежбај физички биди многу активна па ко ќе легниш да видиш дали нема да заспиеш. Запали си светло некоја ламба и не мисли на глупости. Не се плаши од соништа, па то се само соништа. Јас имам сонвано толку лоши соништа шо сум се разбудила и сум плачела оти беше сон фала богу. Сто пати ми се има случено. Па спијам ко ретардирана по 100 сати Оди на бајач ако верваш во такви работи
Не,во главно ме ми се страв.Ќе си легнам и заспивам. Но има моменти кога ме обзема страв,помислувам на глупости,но брзо поминува. Кога ќе ви дојдат тие моменти,размислете дека тоа воопшто не постои,дека сами тоа си го замислуваме односно дека се тоа е фантазија.Верувајте подобро ќе ви биде. И мајко му не гледајте хорори и не читајте глупости пред спиење.
Некогаш знам да се плашам но тоа е кога ќе гледам нркој хорор филм и одма се сместувам на кррветот од сестра ми
Ист случај сум и јас. Цели 5 год ретко да засијам навечер, секогаш седам до изгрејсонце и еве барам психолог за помош. За да заспијам ми требаат барем 2 помали светла вклучени и обавезно компјутерот. едното светло ми е диодно ( батериско) за во случај да снема струја. Само тогаш можам да заспијам. И еден совет од мене. Никако некој да ги слушаш ако ти речат дека клинот со клин се избива. Не. Никако немој да те натера некој да седиш во темно, за да го победиш стравот, дека дури тогаш ке бидеш преплашена. Обавезно да си чуваш батериско светло под перник. ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Ако те фати страв и паника и она гушење во вратот од кое немаш ни глас, одма пали светлото. Ке најдеш сила за тоа, но нека ти биде при рака. Сигурна сум и дека кога се будиш си преморена и под стрес. И уште ако ја кршиш вилицата и забите на сиење, ке ти треба 2 часа, за да ти помине болката па да можеш да јадеш. Ако го правиш тоа, мораш да побараш гумен заштитник, барем за едната вилица, дека така си ги рониш забите. Уф кај ме потсети. Кој ке чека уште 5 часа да се раздени.
Долго време си чекала за да побараш помош... Може ти се случило нешто во тој период што сега имаш страв од спиење во темница (а тоа со компјутерот ми е малку чудно.. може да крие нешто ). Кога спиеш бе ти душиче, ако ноќта ја преседуваш? Иначе, мислам дека проблемот може да се реши ако најдеш добар психолог. Такви работи се случуваат и не е ништо страшно, само не требало да се мачиш толку долго. Колку повеќе време поминува а проблемот не се решава, ти си го сфаќаш како секојдневие, рутина. Во секој случај, биди упорна, побарај помош, и ќе ти биде полесно. Се надевам ќе го решиш проблемот, па ќе ни се пофалиш дека сега можеш да спиеш без проблем, кога сакаш и каде сакаш...