А добро луѓе да ве прашам. Јас и порано го имав проблемов но го снема едно време а последнава година се појави пак. Спијам сама значи, од секаде ми свети светло во собата. И пак ноќеска се будам нагло, се гушам и ја викам мајками. Зошто е така, срцето ми бие како лудо и цела се тресам, еднаш станав нагло и се тресев едвај отидов до собата на моите, ќе паднев. Дали на некого му е познат проблемов и како да се совлада?
^ Да не си под стрес? Да не ти се случило нешто страшно, па сега поради тоа да не можеш да заспиеш или да се будиш исплашена? Овој проблем најчесто се јавува при оваа причина. Друго објаснување немам. Но ако причина е стрес или страв од нешто би требало со тек на време да се совлада. А кај тебе трае подолго време, нели?
И јас го имам истиот проблем.. Вчера ноќта кај 12 сатот, некоја вознемиреност ме разбуди... чувствував како некој ме стега, ме гуши, неможев да мрднам, неможев ни да викам, само звуци испуштав.. Пробав да ги отворам очите 3 пати, но секој пат ми се затвораа сами веднаш.. Последниот пат кога ги отворив видов само црна темница која траеше 1 мин (во собата во штекерот имам ламбичка која ми свети навечер) и повторно ми се затворија очите... Сето ова траеше половина час.. На крајот неможев да издржам, собрав сила и станав, но ми се вртеше.. Се прекрстив еднаш, и заминав да спијам во другата соба.. Неможев да заспијам, но на крајот некако заспав, а тоа чувство исчезна... Денеска сум многу вознемирена, се тресам, чувствувам страв. Е сега да прашам дали се работи за некој лош кошмар, или нешто се случува со мене. Многуу ми е страв, страв ми е и од помислата дека доаќа ноќ...
Вие имате стрес плус лоши кошмари. Пробајте пред заспивање, да се опуштите. Совет би ви дал да одите на јога, опушта максимално.
понекогаш имам страв кога сум сама или менувам локација, но сега кога одам на работа изморена сум и ни страшни филмови ни хорор ни ништо не ме спречува да заспијам, кома по 2 минути легнување
Јас обично кога сонувам некој ептен страшен се будам целата препотена, па следната вечер кога ќе затворам очи само пред очи ми се појавува се што сум сонувала па сум го викала татко ми да спие со мене. Сега не ми е страв бидејќи сестра ми делиме соба, па ако нешто се случи кај неа одам в кревет.
И мене ми се има случено да се заплашам или не е тоа некое плашење ама незнам чудно,тоа порано,па си палев мала ламба со мало светло. Денес се уште спијам така оти навика си остана тоа а инаку плашење нема потреба ама ете кога гледаш страшен филм се случува
Порано го имав кога бев мала и исчезна само од себе, и сега се појави пак па ќе го снема па нема да го има и се така. Иначе не сум под стрес сега периодов. Но само дома ми е вака, а кога сум некаде на спиење на гости не.
од време на време само кога мојата фантазија ќе проработи и тогаш или ги палам сите сијалици или одам кај мама и тато или кај брат ми
Тој страв кај мене е преголем. Значи да сум сама во соба нема шанси да заспијам. Па затоа спијам и во собата на сестра ми, а не во мојата. Кога ќе легнам постојано замислувам како има некој уфффф страшноооооо...