Дали имате централно греење и дали сте задоволни од него?

Дискусија во 'Дом' започната од fairy88, 12 август 2012.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    7.807
    Идејата да ја отворам темата ми дојде откако се одомаќинив :lol: .До душа далеко сме од грејната сезона ама како млада домаќинка ми текна да прочепкам по интернет за централно парно греење.Треба после свадбата да почнеме со подготовки за спратот да се среди и сакам да инсталирам централно парно греење.Денес има повеќе видови на централно парно греење и тоа:
    1.КОТЕЛ НА ДРВА
    позитивна работа е што енергенсот е евтин а и не е некоја филозофија за одржување и што има котли кои можат покрај основната функција за парно да биде воедно и шпорет, и релна
    2.КОТЕЛ НА ПЛИН
    ова е релативно ново кај нас, во некои градови не постои како во Штип.Не е трендовско бидејќи лугето за брзо време сватија дека и воопшто не е економично... греењето со плин е скоро еднакво и како со струјата.
    3.НА НАФТА КОТЕЛ
    многу слично како и котелот на дрва, но многу поскапа варијанта
    4.КОТЛИ НА СТРУЈА
    исто и струјата ми е скап начин на греење со оглед дека цените од ден на ден растат вртоглаво како на нафтата.
    5.КАНО-ЕКО СИСТЕМИ некој нов начин на греење кој ми ветува по пишаното на нивниот веб сајт http://www.kanosistemi.com.mk/content.php?id=73 , но некако ми е недоволно испитан во смисла немам слушнато во мојот град некој да се грее на такво нешто и со резерва ги прифаќам новитетите, па и они коштат пари да се инсталират, а ако се утнат промашена инвестиција си направил.
    Јас искрено највеќе сум за котел на дрва за централно парно греење или за шпорет на дрва со котел ама некако читајки за овој нов како систем влегувам во дилема.
    Па повелете кажете некое искуство :)
     
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Дечки ми треба помош од вас.
    Живеам во куќа стара околу 40 год без изолација и со стара столарија (не е пвц).
    Користиме еден спрат кој се состои од36 м2 дневна и две спални од по 12 м2 кои ги грееме со парно на дрва. Во дневната соба ни стои каминот кој незнам која марка е , купен е одамна,кој шири минимално топлина и имаме плус 3 радијатора, 1 радиатор е долг 1,40 м, и 2 радијатора по 1,20 м. Во спалните има по 1 радијатор од 1,20 м.
    Цевките се алупласт и ако надмине температура на вода над 65 -70 степени омекнуваат.
    Сега сакаме да го замениме со шпорет за парно Алфа Плам 90 HLBE, дали овој шпорет би можел да ги загрее повеке просториите, шпоретот има јачина 12.5 kw, од кои 5 kw зрачи самиот шпорет (дали овој шпорет заедно со 4 метри радијатори би загреал 36 квадрати?)
    Со мометалниот камин спаллните воопшто не ги топлиме бидејки неможе да постигне да крене температура и воедно троши многу дрва.
    Ве молам за совет и ваше мислење.
    Воедно ме интересира дали некој има искуство со Копер шпоретите за парно, доста се поевтини од Алфа Плам, како за споредба овој Алфа плам 90 кој планираме да го купиме нов е 44000 ден а со дупло повеке kw од Копер се по 20000 ден мах 30000 ден, во што е штосот?
    Моите имаа предходно обичен Алфа плам кој го користевме на долниот спрат од куќата без парно и се прилично задоволни па затоа инсистираат да купиме ист таков за парно, јас сум прилично скептична и сметам дека сигурно Копер не се толку лоши штом ги извезуваат и штом имаат толку опсежни спецификации.

    Благодарам однапред!