1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали им давате шанса на книгите?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од caroline.costa, 10 декември 2011.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ви се случува ли понекогаш да земете некое литературно дело во раце, и го оставите недочитано.
    Од причина што било досадно, несфатливо, не по наш вкус, напишано на премногу прост/сложен начин за нашите сфаќања или пак од сосем петта причина.
    Дали веднаш ја оставате книгата или пак и давате втора шанса и ја читате до крај?
    Дали мислите дека натаму ќе се промени стилот на пишување и ќе ве изненади?
    Дали мислите дека писателот најдоброто го оставил за крај?

    Кои се оние книги кои сте ги оставиле и зошто?
    Кои се оние книги кои и покрај горенаведените причини сте продолжиле да ги читате и зошто?
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Обично се трудам колку можам понатака да го читам делото, да наоѓам изговори, да се тешам дека ќе следи подобар расплет, али се случило да останам |( оти џабе мака, џабе труд, пошло је све узалуд. :D
    Taков чоек сум јас воопшто, гледам да дадам шанса, не се откажувам и не вртам грб одма, треба ептен да ми се здосади нешто за да го оставам.


    Баш сега ми текна, таква книга е „Убиство со огледала“ на Агати Кристи.
    Како што пишав во една др. тема, порано ги „проучував“ книгите на Агата и едно по друго прочитав доста книги од нејзе. Дали сум била презаситена или не, или само книгава беше ужасно boring или пак се поклопиле двете работи, и не ја дочитав. Ама се трудев верувајте. Со тешко срце читав натака и натака негдека до 130-40 стр. стигнав сега не ме зимајте за збор, ама ништо бре не се случуваше. Навикната на дејства побурни, како во претходните книги, ова таман нешто се случи, ама не се дослучи.
    После таа книга, не прочитав друга од Агата, а имав прилика. Еве ветувам, наредна прилика ќе и се вратам , ја запоставив.

    А што се однесува до др. книга која ми била досадна во одреден дел, али подоцна маааалце ме заинтригира беше „Кралска крв“ од Синклер Луис. Така досадничка, ама после ме завлече и ете ја прочитав, значи мене толку ми треба, малце да мрднам од колосек. :)
     
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    До сега само две книги неможев да ги дочитам до крај. Името на розата-Умберто Еко и Небото паѓа -Сидни Шелдон.
    Првата ја читав до 90 стр. некаде и не можев никако да ја разберам. Досадна беше.
    А втората беше премногу предвидлива, ги имам прочитано повеќето од книгите на Сидни Шелдон му го знам стилот колку толку, претпоставув што ќе се случи и не ме караше да ја прочитам до крај.
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Обично терам до крај, кога сум зела, ќе ја читам. Малтретирање, тегнење, влечење,ама за инат ќе ја дочитам и точка.

    Коелјо не го можам. Јас стварно го почитувам човекот, фан сум му на фејсбук, има прекрасни цитати, ама не му ги можам книгите. Не знам дали јас не сум доволно паметна да ги сфатам, воопшто не можам да се натерам да прочитам повеќе од 50 страници. Повеќе книги сум почнала од него и сум ги оставила. Тој и јас никогаш нема да се поврземе. :D

    Книга ми се случило да оставам и заради катастрофалниот превод, па сум ја нашла онлајн на англиски и така сум си ја дочитала. САКАТАТ со преводите, сакатат, мајке ми! :fubar:
     
    На 1209, crazylady и Springy им се допаѓа ова.
  5. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Убиство со огледала и јас не ја дочитав..поточно само што почнав да ја читам...беше толку досадна што на секоја страна гледав до каде сум стигнала... ја прочитав негде до 50 или 60 стр и ја вратив в библиотека. Од тогаш немам земено книга од Агата Кристи. :|
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Да, им давам шанса на книгите бидејќи има такви каде пример првите стотина страници се може малку понапорни, ама потоа следи вистинскиот заплет или пак расплетот т.е. крајот на навидум збркано дело да биде фасцинантен. Некаде пак, кон средината се затупува со прекумерни описи на политички или историски или што ти јас знам какви податоци со толкаво навлегување што станува напорно и прилично здодевно. Понекогаш читањето бара истрајност, често истрајниот читател е награден за тоа, иако има и исклучоци.

    Ете, конкретно Името на розата според мене маестрално дело, ама почетокот не изгледа како да ветува многу. Исто и со Игра на стаклените монистра имав извесен пад на концентрацијата на почетокот бидејќи бев насочена на погрешен пат - мислев дека треба да ја сфатам детално играта, за да потоа откријам зошто токму ова дело го довело Хесе најблиску до Нобеловата награда за литература.

    Во секој случај, за некои книги е потребно и поголемо читателско и лично искуство на читателот во смисол поголема емоционална и рационална зрелост и јас стојам зад тоа да се препрочитуваат делата во циклуси од отприлика 10-ина год. може да има големи варијации во впечатокот за истите.
     
    На Annath, enca.69, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Давам шанса само ако почувствувам дека вреди, ако насетам дека има нешто во делото што сакам да го дознаам.
    Како што е случајот со Умберто Еко и познатата за него изрека - треба да ги преживееш првите сто страници за да го откриеш богатството, а тој што се откажал, никогаш не дознава што пропуштил.
    Или Марсел Пруст на пример - нема некој лесен тек на настани и приказна кај него, бара концентрација, време и посветеност, но кога ќе навлезеш си велиш морам да го прочитам секој збор што го напишал човеков.

    Е сега, често се случува да оставам книга на половина затоа што не ми го задржала вниманието. Сакам понекогаш да се помачам и бавно да читам книга, но ако едноставно недостига елементот на маѓепсаност и желба да стигнам до крајот, ја оставам и преминувам на нешто што сакам да го читам. Последна што ја оставив беше „Под мермерно небо“. Не сум од читателите што се истрајни до крајот на секое дело што ќе го земат во раце. Кога не ми оди - не ми оди, можеби ќе дојде друг момент кога истата книга "ќе ме повика" и ќе ја прочитам...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Колку и да ми е досадна, ја терам до крај. Кога веќе сум ја почнала зошто да ја оставам на половина?!
    Во некои случаи сум се зезнала што не сум прекинала со читање, но во некои и не.
    Навистина бев позитивно изненадена од Мистеријата на седумте бројчаници на Агата. На почетокот ми беше малце глупава, некако ми беше познато целото дејствие. Но, не се откажав. Некаде кај стотата страна нависина не се покајав што ја донесов одлуката да ја дотерам до крај. Целосно го задржа моето внимание до самиот завршеток. Расплетот беше сосема неочекуван, тотално во стил на Кристи. :bow:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Порано да, не постоеше никаква шанса да оставам каква било книга недочитана.
    Штом веќе сум ја почнала, туркам до крај.
    Но, последниве две години некако се изопачив и имам многу недочитани. :(
    Постојано ми бодат око и не се чувствувам најпријатно кога ги гледам, ко да сум ги изневерила.
    Сепак во план сум да ги земам пак, од почеток и ќе продолжам до самиот крај.

    Од тие што ми текнуваат во моментов - Смртта е непроверена гласина од Кустурица, Девојката со тетоважа на змеј и Јас,Мона Лиза.
     
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Ако не ми се допаѓа, ја оставам. Досадна, стил кој не ми лежи, лош превод. Немам вишок време да го трошам на глупи книги.

    Некогаш е и до мене, до моменталното расположение. Гледам дека книгата ја бива, но мене не ми оди. Тогаш ја оставам, но повторно се навраќам на неа.

    Порано не учеа книгата е богатство, нема лоша книга, но денес тоа не важи. Лоши книги еден куп. А ќе прочиташ на корицата дека е бестселер, позитивни критики од незнам кои американски вресници.

    Абе ме секира што во последно време имам повеќе книги недочитано, одколку дочитано. Незнам, можеби е во мене проблемот....
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Зависи од книгата...Им давам шанса бидејки во повеќето книги првите страници се малку досадни а после дејството е прекрасно.Ми се случи со Злосторство и казна-Достоевски,ја зедов бидејки ми беше интересен насловот ја читав па некако ми стана досадна...ја прочитав до пола и ја вратив.
    Многу пати ме залажува корицата на книгата...насловот.
    Ама веќе читам вовед ако има и така знам за што се работи во книгата :)
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Секоја, ама баш секоја книга ја читам до крај, па макар и се мачела и би ја читала долго време, таа ќе биде прочитана. Има книги кои на почетокот се млаки и досадни така беше примерот со Кодот на Да Винчи - Д.Б ми фаќаше прашина на полиците половина година и во неколку наврати фатив да ја читам, ке стигнам до 100-та страна и ќе почнам друга книга. Така беше се додека не решив сериозно да ја дочитам и верувалe или не ме остави без здив и ми е една од најомилените книги.

    Јас давам шанси на книги, но не и на автори. Следен пример е со Гијом Мисо |( . Слушнав многу пофалби за неговата колекција на книги, не само тинејџери што беа импресионирани од него, туку и возрасни луѓе. По избор на познаничка ја зедов прво Што би правел јас без тебе, прво ја поминав со прескокнување на страници бидејки ми беше досадна, а потоа ја прочитав одново по ред и џабе изгубив денови за читање. По неа повторно ми препорачуваа книги од него.. ајде пак ќе прочитам, штознам можеби грешна книга сум земала. Ја прочитав Затоа што те љубам и на крајот сепак сфатив дека ова не е за мене. Нема теорецки шански по трет пат да се излажам.

    Така да, целокупен извадок ми е дека на авторите треба да им се даде втора шанса, но не и трета. А книга која сум ја започнала по секоја цена до крај ја дочитувам дали сега или по некој месец...
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ако ја имам прочитано повеќе од половина и не ми се допаѓа ЌЕ ПРЕСТАНАМ ДА ЈА ЧИТАМ уште во моментот кога ќе си помислам дека не ми се допаѓа содржината.Сакам кога книгите ќе ме заинтересираат уште во првите 10-ина страница... :D ама нормално тоа не е секогаш возможно.Не секогаш книгите не запрепастуваат од почеток,можеби понатака има заплети.Ако насловот и првите впечатоци се интересени МОЖЕБИ ќе се одлучам да ја дочитам до крај безразлика дали тоа е она што јас всушност го барам.
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Еднаш прочитав (нешто како советник, сигурно во некое списание) дека има толку многу напишани книги на овој свет што не вреди да си го трошиме времето на некоја книга што не ги задоволува нашите литературни вкусови, па ми останало тоа во сеќавање.
    Меѓутоа не сум од тие што го почитуваат овој совет. :)
    Не сакам да оставам недовршени книги, потоа ме следи чувство на незавршена работа, па порано или подоцна се навраќам и ја дочитувам книгата.
    Затоа претходно се информирам за книгата, дали преку препораки на пријатели на чиј вкус му верувам, преку извадоци, интернет, проверени автори, така што знам да препознаам добра книга (по мој вкус).
     
  15. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Секако, бидејки јас сметам дека секоја книга влијае и ни се чини различно во различен период од нашиот живот. Имав случај со една книга да почнам многу пати да ја читам и да неможам да стигнам ни до 100та страна од што ми се приспиваше од досада, многу фрустрирачко чувство.
    Ја оставив дома на полица, по неколку месеци случајно посегнав по неа и ја прочитав за рекордни 2 дена и бев тотално воодушевена од секоја реченица во неа.

    Не им давам шанси на книги кои воопшто не се мој стил, и ретко давам шанса на одреден правец во литературата што не ме интересира. Понекогаш правам исклучоци секако.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    За мене читањето книга треба да претставува уживање, а не измачување.
    Ако видам дека книгата не ветува, дека е предвидлива, досадна, или едноставно не е по мој вкус - не се мачам да ја довршам.
    Часовите поминати со добра книга поминуваат како секунди, а со лоша - како денови!
    Кога седнувам да читам, сакам да се опуштам, да потонам во друг свет и да уживам.
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Бидејќи таква сум и по природа - не можам нешто што сум почнала да го оставам незавршено, така и со книгите. Значи штом сум почнала да читам, ќе се мачам ама ќе ја дочитам. Инаку ќе ме копка цело време :D Затоа бирам книги што знам дека сигурно се интересни, да се поштедам себеси од мачење :D
    А на почеток скоро сите ми се досадни, ама тоа дури се вклопам во приказната :) Е тој почеток ми е вистинско мачење кај книгите :headbang:
     
  18. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Многу пати ми се има десено да си земам книга ке прочита едно 50 страни и ако ми се досадни ја оставам така беше со хери потер прочитав 200 страни и ништо не разбрав па ја оставив нема потреба да се мачам со нешто што не е потребно
     
  19. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Давам шанса на секоја книга...
    Сепак некој вложил труд во тоа дело а книгата се нашла во мои раце па ако ништо друго ќе дадам простор да се докаже.
    И некогаш можеме да бидеме позитивно изненадени. Во една книга првите 50 страни ми беа мачење, ич не ми беше интересна. Кога навлегов во приказната книгата не ја пуштив од раце. Ако не и дадев шанса, никогаш немаше да дознаам дека се работи за нвистина убава книга. :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Секогаш им давам шанса. Ако ја оставам ќе ме копка дали можеби понатаму нешто се случува, а јас ќе го испуштам тоа. Ама ако дејството не мрда, разлистувам натаму низ страниците да видам како се движат работите и ако нема некој знак на живот ја оставам книгата. Иако ретко се случува, ама па и се нервирам да си го губам времето со една книга, кога има толку многу други, далеку поинтересни што чекаат да бидат прочитани. :)