Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали им давате шанса на книгите?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од caroline.costa, 10 декември 2011.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ако ти кажам дека книгата ветува, ќе те излажам.
    На времето кога ја прочитав мислев кој знае што сум прочитала и бев фасцинирана. Не поради приказната, туку дека бројот на прочитани книги ми се зголемил. |(
    Мене воопшто не ми се допадна што во тие 300 страници (колку и да ги имаше) се тегнат натака навака, за на крај се да се реши во 1 страна. Ма ни толку.

    Им давам шанса на сите книги што ќе ми го фатат окцето, и се нервирам што и да ми е одвратно досадна некоја книга, морам да ја завршам едноставно. Колку споро поминува времето тогаш. Ле-ле!
    Без разлика дали ќе ми се допадне насловот, корицата, писателот или пак некое клучно зборче во кратката содржина, морам да ја имам.
    Моментално ме чекаат Пасија по Кармела (нека и го средат преводот) па ќе ја средам и јас, и Оркански височини.
     
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Морам, едноставно, штом сум ја почнала и да ја завршам. Колку и да не ми се допаѓа никако не ја оставам недочитана, ако треба и со месеци „ќе ја влечам“ ама ќе дојдам до крајот. Штом на мои 15 години успеав за 3 месеци да ја дочитам „Сто години самотија“, мислам дека сите книги можам да ги завршам :)
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Да, понекогаш ги оставам ако не се многу интересни.. Ама сепак кога и да сакам да ја оставам, продолжувам да читам уште малку,па ако не ја бива, ја оставам..

    Воглавно, им давам „шанса“ (ако така може да се нарече) на книгите. :!:
     
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Секогаш се трудам да ја дочитам книгата каква и да е и се трудам да најдам некое добро во сиот хаос но досега ми се случило да оставам две книги

    Засекогаш твоја и Сликата на Доријан Греј

    Засекогаш твоја ја оставив од причина што многу психички ме преоптерети и нема шанси повторно да ја фатам некогаш да ја дочитам

    А на Сликата на Доријан Греј планирам да и пружам уште една можност некогаш бидејќи мјислам дека има многу позитивни критики а мене не знам што ми стана до 70та ја прочитав и ја оставив... :?:
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Велат дека ако ти се допадне книгата до 50 страна ќе ти се допадне и понатаму, па се раководам по тоа. Ако не ме заинтересира во првите 50 страни, понатака ретко дочитувам книги. Само ако е од писател што го сакам или ако немам друга книга.
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Обично сакам да ги прочитам до крај, бидејќи ќе ме копка што се случило понатаму.
    Мразам да оставам недовршени книги.
    Досегa ги имам оставено : Вештица - Венко Андоновски, не можев воопшто да ја сфатам .
    Небото паѓа - Сидни Шелдон во моментот не бев расположена за криминалистчки романи.
     
  7. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Имам оставено неколку книги,им давам шанса ама не оди.Подобро една прочитана во која ќе уживам,отколку три кои ме измачуваат.Тоа ми доаѓа како за филм,ако не ми е убав,не го гледам и не ми е криво,има поинтересни.Да,убаво е да ги дочитам,ама на крај имам чувство на завршена работа,а не на добро искористено време.Можда ќе им се вратам некогаш ама тоа ептен ако е криза за книги.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Зависи до авторот.
    Имам една „скромна“ листа на автори кои ги сакам, и од кои сакам да ги прочитам скоро сите дела. Е сега, има многу книги еве за пример би го зела Коељо што баш и не го можам. Не ми се допаѓа неговиот стил, иако книгата има интересна сторија.
    Последна книга што се сеќавам дека не ја дочитав ми беше „Дигитална Тврдина“ од Ден Браун, што е стварно маестрален, ама со таа книга ме разочара.
    Расплетот е неколку страници после половината книга, после тоа едноставно губеш волја да ја дочиташ пошто нема што повеќе да очекуваш интересно. Сега се каам вака што ја оставив за некаде 100 страници, ама навистина не ја можев.
    Инаку зависи и до книгата, доколку има интересен наслов имам желба да ја прочитам, ретко ги оставам недочитани во тој случај.
     
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Дали им давам шанса на книгите? Да, им давам шанса, надевајки се дека до крај на досадната книга нешто ке се промени, па макар тоа било на последната страница!!! Значи до сега не ми се случило започната книга да не ја дочитам... Па така имам една листа на книги кои не ми се допагале, а сум ги прочитала!!!
    Но, ми се случило некоја книга воопшто да не почнам да ја читам знаејки кој е авторот или знаејки ја тематиката на книгата!!! Се дружам со личности кои многу читаат книги, а и имаат сличен „вкус“ со мене, па уз муабет ако некој рече дека книгата е „удав“ нема да почнам со читање...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Јас обично не оставам книги, сакам да ги довршам кога веќе сум почнала. Сим оставила само една книга, мислам дека се викаше Калуѓерот кој го продаде своето ферари.
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Им давам шанса, освен ако се екстремно бесмислени.
     
  12. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    7.546
    Пол:
    Женски
    Ко ќе почнам книга, сакам до крај да ја прочитам.
     
  13. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Ако стигнам до пола книга и не ми се допадне,ја откажувам:)