Дали и во која мера секој човек му е должен на семејството?

Discussion in 'Општи дискусии' started by Angie1432, Jan 14, 2024.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,817
    Likes Received:
    80,668
    Gender:
    Female
    Семејството е светост. Кој знае, знае. Но, за жал, не е за секој човек така. Дали и во која мера секој човек му е должен на семејството? Тоа зависи од односот што го имаат членовите. Денес, речиси секој ден читаме барем еден случај од некаде во светот каде се убиваат меѓусебно членови на семејство, не па да се грижат едни за други, што е катастрофално и поразително.
    Треба да има љубов и почит, да. Треба да си ги чуваме и да се грижиме за најблиските. Како и зошто да бидам неблагодарна на родители што ме одгледале, ме пораснале од беспомошно мало бебе, се грижеле за мене, биле тука кога ми биле потребни? Нормално дека ќе им возвратам за сето тоа. Е сега, кој колку се вложил како родител, толку ќе добие возврат од своето дете. Детето чувствува и знае кој колку го сака и ќе порасне со тоа. Односот на мајка ми и татко ми кон мене не беше ист, па така ниту мојот кон нив. Но, за двајцата имам почит и сум (била) секогаш тука за нив. На дете секогаш му е потребен родител, но и на остарениот родител потребно му е детето понекогаш. Така е во едно нормално семејство.
     
    Bratot likes this.