Јас не би останала со тип што ме исфрлил од кревет заради неколку влакненца таму долу. Ако ме сака и посакува ќе му стане и без да види дали сум депилирана. И што мислиш да правиш? цел живот да се грижиш за тоа дали си или не си депилирана? А што не земе тој да се среди? И не верувај дека сите бивши му биле совршени, он видел слабост во тебе и затоа прави вака и е непопустлив, мажи бре!
Дефинитивно, ама дефинитивно попалено машко не забележува малку подпораснати влакна на интимата. Оно може и да забележува - ама да речеме не му пречи. Па особено кога сте во подолга врска, боже мој, не си секогаш средена, повеќе од јасно е. Едино ако се викаш Џина Џејмсон и работиш во порно бизнисот. Овој твојов што сорта ќе беше?! Прашање - секогаш е мазен таму доле? Кај „топките за голф“ сигурно не е издепилиран, не верувам дека некое машко издржува депилација таму. Епа ќе бидеш фина, ќе се измазниш по негова желба, ќе му направиш стриптиз, ќе го напалиш, ќе се нурнеш со главчето доле, ќе направиш потег као демек Spoiler вадиш влакно од меѓу заби и ќе си се облечеш фино лепо и ќе му речеш - извини душо, ама нема фелацио додека не го измазниш Игнацио. Ај чао! Мислам, он на тебе!
Јас со бившиот (и единствен сексуален партнер), разговаравме на оваа тема, која тој ја иницираше (како искусен), и ми кажа дека преферира скроз депилирана. Лично и јас сакам да сум депилирана, средена, но не ми е тоа прв приоритет кој треба да го направам. Пример, ако немам многу време, гледам барем косата да ми средена, ноктите, веѓите... На оваа тема имаме многу разговарано со другарките, сите потврдуваат дека се прифатени од партнерот со влакна, целулит, ако нафрлиле стомаче, ако не втасале да ги средат веѓите...итн. Тој што те сака, ако те сака, ќе те сака таков каков што си, со сите доблести и мани.
Ја прочитав цела тема и подзинав од многу работи, ама најмногу се ужаснав од последниот пост на Срамежлива. Исто како и на Енца ете ми запна за око тоа „страв ми е да му речам да не му се одмилам“. ТОЈ требаше тебе да ти се одмили, ТИ требаше него партал да го направиш и да не го погледниш повеќе, па дури и да моли. Овде не се работи само за влакна алооо. Овде се работи за многу поголеми проблеми. Мислам на дечко ти не му се дига на тебе, не му се дига дури ни на твојата госпогица, туку на твојте влакна, односно извини му се дига на бебешко газе. А ти никогаш нема да бидиш бебешко газе.
Како бе така, прави проблем за несредена интима? Абе девојче, јас да сум на твое место веднаш ама веднаш без размислување ке му раскинам. Поточно ако не прифати дека некогаш нема време за средување и ке мора со малку подникнато.. Твојов изгледа абер нема да те прифати таква. Значи замисли сега, станувате маж и жена и ти треба цеееееееееееел живот секој ден да бидеш мазна доле. Зошто? Затоа што некоја влакнеста битанга така сакала. Немој случајно да си отрчала кај него прва. Тој е крив најмалку што може да направи е да се извини. На дечко ми фала богу не му пречи тоа воопшто. Дури сме се нашле во ситуација јас да го одбијам бидејки немав време за средување, ама тој ми рече јасно дека тоа не му е битно. Добро ти рекоа феминките погоре, додека тој не се измазни цел, немој да ја мазниш и ти твојата принцес. Е многу банални машки постоеле јбг.
Разговаравме уште еднашка со дечко ми очи у очи и јасно го прашав дали едно депилирање може да биде проблем и да се разделиме? Тој упорно стоеше на неговото и рече да не ми се повтори уш еднашка зош ќе е проблем. Тој не сакал таква женска. На крајот после жестока караница стадовме крај на врската. Не знам дал постои поглуп крај од ова, ама секакви машки има, а дечко ми ми покажа дека не ме заслужува. Млада су, ќе си најдам друг. Уш еднашка ви благодарам на сите совети и големата подршка што ми ја дадовте и ми ги отворивте очите.
Мене работава ми стои како дечково да сакал да стави крај на врската, а тоа што си била недепилирана го зел само како повод за кавга.
ТИ РАСКИНА ПОРАДИ ОВА? Не можам да верувам до каде може да оди човечката глупост и човечкиот егоизам.И тоа каков се беден изговор ќе пронајдат само и само да не се соочат со ситуацијата како мажи. Девојко,немој да се завртеш позади тебе,зошто остави голем НЕМАЖ,незнам ни самата како да го наречам.Мој совет до тебе стави точка голема на се и продолжи со некому кому ке си му важна ти и твојот лик а не должината на срамните влакна.Главата горе и никому никогаш да не му дозволуваш да те понижува а уште повеке за банални работи како оваа.
Те одби а? Магарац! Него вака, јас мислам дека кога ќе проврие добро, нема да го интересира во каква дупка да го скрие за да го спаси од ладно, па дали била ескимско игло, бунгалов, рударско окно, волчја дупка или осило. Ако е толкав перфекционист мангата, нека си носи електрика некој следен пат. Нека научи како машки да се снаоѓа низ темна шума. Spoiler
Молим? Епа ова стварно не е нормално. Тој момак од 29 години само мазни п*чки љубел а? А да не заглавил во некоја си градинка не дај Боже, па таму да се научил на секогаш мазно. Според мене и подобро што сте прекинале, јас не ги разбирам ниту жените кои се средуваат заради мажите, ниту мажите кои го бараат тоа. Јас се средувам лично за себе, за него можеби понекогаш кога облакам некое секси комплетче, подвезица и сл. , а депилација, шминкање, чупање тоа си е за мене, јас сакам така, а не зашто тој сакал да сум му увек дотерана, мазна, нашминкана. Да ми рече Петко така, ќе му речам ОК душо, нема никаков проблем, утре со мене за рака идеме заедно на депилација, двајцата туто-комплето се праиме + 20те влакна што ти ги имаш на груди, договорено? Мочко еден, низаеден, ако ми е мерак бе и мишки нема да бричам, ни брк да депилирам, па на крај краева и он не е во секое време мазен таму долу. А конкретно на темава овој мојов депилација и фризури не го занимаат, него му е битно да си го паркира камиончето во гаража, а дали надвор има мазен асафалт или грмушки не го занима.
Факт е дека секакви чекорат низ земјава ни наша ...ама бре попрво ке сфатам муабетот да е од некој напален тинејџер одколку од машко 30 години Тоа маж е више бре !!! Друго ми личи на искомплексирано копиле, ако е перфекционист тогаш перфекционизмот нека си го бара првин кај себе , а после кај други. И немој да мислиш дека другине му биле секад издепилирани.... Трето тоа е твоја факинг одлука дали ке си праиш депилација на другарката твоја или не. Па и на крај краева па само за секс си му служела ? А и шо па нежен ке беше тој негов, синки на другине машки не е нежен па можат да се протињаат низ секакви трња а ? И за крај паметна одлука што си го откачила сељаков , зашто факт е дека немаш иднина со таков (нит сум сигурна дека некоја би имала ... ) . Имаш живот пред тебе, и имаш вредност кој некој друг ке ја цени и нема да му е гајле дали си издепилирана или си грмушеста од глава до петици .
Ти го откачи, тој на друга мекушеста девојка ќе се закачи. Ние жените премногу знаеме да дозволуваме и да жртвуваме. Да се подгазуваме поради некој. Иначе јас лично некогаш скроз издепилирана, се чувствував како некое голо Spoiler дунде од девојченце, сакав некое влакно (пр. црта), бидејќи сепак асоцира на женственост. Барем јас така мислам. Иако за себе преферирам целосна депилација, поради мои причини, така се чувствувам најсредено.
Ај да почнеме од минатото. Нашие баби депилирани биле? На дедовците не им се дигал поради тоа што не биле депилирани? Мислам дека ова е претерано. Дека самите ние жените правиме фама од тоа. Порано само препони депилирале, потоа повнатре, па една линија, па сега цела. Се прави некој глуп мит, а машкиве се навлекле на тоа. Точно дека треба да сме средени, уредни, ама стварно ова е претеризам. Еве мојот ама ич не му смета и ако цел месец не се депилирам. Него го палело тоа, да има влакна. Дури еднаш вика, ај орален, јас му викам ама не сум тазе депилирана (инаку, јас онака со линија, сакам да има нешто бре, да се знае дека сум жена а не дете), тој ако, тоа ме плаи. Зборот ми е, ако некој те сака, ама ич не му е гајле. Овој твој тип, нешто не е во ред со него. Или сака да те откачи па бара повод, или врската ви била само за секс а не подлабока, а дека тој има проблем сам со себе, има и тоа голем. Типот има влакна на грбот (така напиша нели?), цел е мајмун а ти си имала влакненца? Па уште ке се замислуваш. Не му се јавувај никако, ТОЈ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНИ. А ако не се извини, не жали за него. Што очекуваш од таков некој? Па тој цел живот под лупа ли ќе те става, маани ќе ти бара? Инаку, не знам дали сте приметиле дека во сите филмови, во кои и најпознати глумици се појавуваат и малу ке се наѕре, секогаш имаат влаакна, ама секогаш. Само на порничи се скроз депилирани. Значи дури и една софистицирана и детална уметност како филмот, не ја „касапи“ жената и ја остава да биде тоа што е, со влакна. Мислам дека и ние жените сами се доведовме до ова. А маж што сака САМО И САМО скроз депилирана, мене не ми е прав маж, туку некој што во мозочето скриено посакува мн млади девојчиња (значи реков маж кој сака САМО ТАКА и НИКАКО ПОИНАКУ). А на овој твојот ако од тоа не му се дигал, па тој има проблем со ерекцојата, а не ти со влакнаата. Извинете ама се изнервирав.
Дечково се испонашал како да викнал кол герл и специфично побарал депилирана, а кога видел дека не е си го задржал правото како муштерија да го врати несаканиот производ Мене ми е малку чудно во 2 годишна врска никогаш да не биде недепилирана, нели треба да потпораснат влакната за да може да се депилираат Можеби тој си мислел дека има f*ck-buddy, а девојкава си мислела дека е во врска. Прва работа на што помислив кога ја прочитав темата е нешто што баба ми постојано го велеше рџавом к*рцу и длаке сметају И мм не сака кога сум скроз депилирана, језа го фаќа од мазна дунда
Епа вака, многу ме интересира дали срамните влакна секогаш ги отстранувате кога треба да имате секс, затоа што како секој жив човек никој никогаш неможе да биде 100% среден.. во секој момент. Сега, нормално, не да одгледувате шума али сепак морате да почекате да подизраснат малку повеќе за да може восокот убаво да ги отстрани. Мене искрено, ми е многу срам кога ми се подизраснати и до сега сум немала секс во таква состојба, знам дека не треба многу да се замарам со тоа, али таква сум ептен гледам на тие работи, сакам се да биде совршено Како гледате вие на оваа работа? Дали би ве спречила да си се задоволите? И што мислите како гледаат машките на тоа, да напоменам уште еднаш, НЕ МИСЛАМ НА ШУМА!
срамните влакна и сексот Епа јас на шума мислам Не се замарам ни 1%, дали сум шума, планина, ливада, арапски тепих, или пак индиски
срамните влакна и сексот па не се замарај де, не можеш секогаш да бидеш 100% спремна, не верувам дека на дечко ти би му пречело!
срамните влакна и сексот мене мнг ми е сраамм да имам некаде влакна додека правиме секс.. Ми се случи еднаш имав малку влакна и мнг ми беше срам и дечко ми ,ми рече опушти се немој да имаш срам од мене. и од тогаш ич не ми е гајле
срамните влакна и сексот Бре бре,што да речат оние мажи што порано 90% од времето налетувале на шума? Па нормално дека не можеш нон стоп да бидеш среден,дали од обврски или чекаш да пораснат за депилација...небитно. И искрено не се замарам,немам намера да се лишувам од задоволства кога на никој не му пречат тие влакна,а баш мислам дека и повеќето машки имаат разбирање за тие работи и дека не им е проблем. На крај краева они можат да поминат и со потшишување или брич, така што не би било ни фер да се бунат (ако има такви). Како и да е нема простор за стегање и неудобност од вакви работи...колку и да се познавате,ако веќе сте стигнале до секс онда опуштете се до крај. Не можам да замислам да сум неопуштена со партнерот, а притоа да сметам дека имам добар сексуален живот