Дали и колку внимавате што зборувате пред децата?

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 25 јуни 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    47.943
    Пол:
    Женски
    Знаеме дека дечињата кога ќе почнат да разбираат се мали сунѓерчиња. Сум приметила по моево дека дури и кога е заиграно и мислам не ме слуша таа слуша се и после ми повторува некој муабет што сум го кажала.
    Затоа внимавам што зборувам, иако е навистина напорно зашто е цело време со мене.
    Избегнувам да пцујам нормално, иако ептен си ги сакам пцовките кога сум нервозна, не зборувам за тоа дека сакам да држам диета, или дека мислам дека сум дебела за да не си создава и она некоја погрешна слика за себеси, не зборувам и за нешто што знам дека ќе ја вознемири, па често со маж ми со некои шифри зборуваме, :D Исто така не зборувам за неа лошо пред нејзе, не зборувам дека била лоша, била ваква или таква, не сакам така да ја омаловажувам.

    На што најчесто вие внимавате кога зборувате пред вашите деца?
     
    На Kaetana, M&M, M.B. и 18 други им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    16.927
    Пол:
    Женски
    Ооооо внимаваме и тоа многу,особено јас. Мм е прав кавадарчанец( а не е) па пцовките му се точка-запирка,што особено зборувам, ама дете веќе научи и каде се употребуваат и кога пцовките.
    Многу внимаваме и кога зборуваме за некој близок, да не споменуваме имиња, зашто кога ќе се сретне ќе им каже што мама и тато велеле дома.
    Внимаваме и како се однесуваме пред него, не се караме или зборуваме со висок тон,веднаш чувствува.
    Не се употребуваат прекари,навреди итн.
    Последно се сеќавам,он веќе си беше задреман в креветче а мм посака кекс, и синко вика ааа знам што ќе правите.Од тогаш и на тоа посебно внимаваме.
     
    На Victorian, Rebecca_R, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    24.068
    Да. Многу внимаваме и јас и маж ми. Не користиме никакви навредливи зборови и пцовки, па ни децава не ги користат. На маж ми ич не му е проблем, тој и онака нема лош речник, а и толку е смирен што ништо не може да го налути или изнервира. Мене знае да ми излета понекогаш. :tmi:
    Исто така внимаваме и да не зборуваме за нив во нивно присуство, ама ова потешко оди малку, оти цело време се со нас.
    Многу се трудам да се културни, да кажуваат фала, молам и слично, и да прашаат ако сакаат нешто, ама изгледа сум претерала оти сега ме уништуваат со она "Мамо може ли...?" Прашуваат и што треба и што не треба.

    Ама колку и да се трудиме, пак ќе извадат нешто што сме го рекле, па еве дел од нашиот репертоар:
    Малата кога е лута мафта со главата и вика "Ти се нервирам" (демек мене ми била лута)
    Големиот ја прашува малата "Да не ти правиш глупости?"
    Или мене: "Да не јас сакам кјотек да јадам, мамо?...

    Има еден куп работи кои не сум ни свесна дека сум ги рекла пред нив, ама кога ќе си го чујам зборот од нивна уста станувам свесна и одма гледам да не се повтори оти гледам колку грдо звучи. Од еднаш кажано досега не се случило да запамтат или да го употребуваат подолго.

    За она дебела ме потсети Реин, не знам како го разбрале демек само кога се сликам сум била дебела, па кога ќе ги земат нивните фотоапаратчиња ми викаат "Те сликам за да бидеш дебела, мамо" :D
     
    На M&M, snegulkata, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.199
    Допаѓања:
    142.197
    Внимаваме на расправии и интимни разговори. Генерално, тоа е.
    Маж ми не псуе, јас псујам... како камионџија.
    Ќерка ми е повеќе од времето со мене, него ли со него, а никогаш не псуе и не користи 'срамни' зборови.
     
    На Rebecca_R, mariz, toogood и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    141.438
    Пол:
    Женски
    Чудна работа е кај нас. Мама ако се кара не реагира. Ама тато ако повиши глас на тел дур збори најчесто е одма плачки :D
    Околу зборување да. Нема пцуење, нема полови органи спомнување и нема реченици од типот 'абе оваа мајка ти будала е'. Сеуште не составува реченици но сепак мислам дека треба со време да се искоренат тие зборови за да не ни дојде и нас премногу потоа а и да не му остане нешто во глава што чул. Не дека во градинка школо нема да чуе, јас по на внука ми генерацијата знам што се зборат деца уште од 3-4 год. За жал ете не внимаваат сите родители очигледно па и другите учат во градинка
    ..
     
    На Rebecca_R, toogood, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    10.282
    Пол:
    Женски
    Братучед ми е 4 години и употребува изрази како: bi*ch, пи*ка ти мајчина, глупаци итн. Некогаш дури и претерано ги користи, иако го караат, мислам дека веќе е предоцна.

    Пред некој месец, на гости дојде другар на татко ми кој се ожени со жена која има деца и братучед ми му рече:-како жена, како деца? Татко ми се посрами, како да сме го учеле братучед ми така да каже или сме го оговарале човекот пред да дојде.(facepalm)

    Иако вака дома/со друштво ПРЕТЕРАНО користам несоодветни изрази, пред него или пред друго мало дете никогаш не сум користела такви изрази.

    Децата се како сунѓери, памтат СЕ, дури и она што мислиме дека не го разбираат, напротив, понекогаш се попаметни и од нас.:!:
     
    На Rebecca_R, mariz, honest girl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    20.647
    Пол:
    Женски
    Имам една дилема по однос на оваа тема. Како вие постапувате?
    Значи во однос на зборување пред детето до сега не ни искрснал некој проблем. Прво нити јас нити мм користиме пцовки или погрдни зборови во секојдневниот говор. И второ ретко да трачариме за некого , па да пазиме. Малку сме во турбулентен период со многу обврски и мали деца, па секојдневните муабети обично се што ке јадат утре, менаџирање кој ке носи кој ке зема деца, па не останува време за други луге.
    Е сега што правите во однос на карање мегу вас. Се карате ли пред децата? Значи ситуација во моментот доага до конфликт за глупост, добро карање и после некој период забораваш, односно денот си тече по својот нормален тек, а тоа стварно било глупост па не вреди да се оптеретуваш. Но на карањето сведок се децата. Веке се големи и разбираат. Па се трудам карање да нема пред нив, да не ги реметам за без везе. Ви успева ли да го прескокнете делот карање или одложите за покасно ради децата? Но тоа покасно е безцелно? Треба ли децата да бидат сведоци на конфликт мегу родителите?
     
    На M&M, Rebecca_R, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.140
    Пол:
    Женски
    Искрено, не внимаваме баш. Се случува да излета некоја пцовка, ама несвесно. Големиот знае дека пред други така не смее да зборува.
     
    На Rebecca_R, marchi-cool, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Verojatno sum vnimavala.
    Pred nekoj den rekov u PM. :lol: Gledam ne reagira pa prasav dali znae sto e u PM. Mi odgovori "nesto kako f*ck, ama neznam bas sto e. Kako I da e ne sakm da znam, ne zvuci ubavo".:^)

    Bravo, prvo za mene sto ne sum bila los primer I za deteto sto na svoj 20god ne e zainteresirano da nauci.

    Zaklucok, sigurno sum vnimavala sto stum zborela.:nod:

    Najgolem stram me faka koga ke mi donese nesto I ceka jas da recam thank you , a od mene nisto. Trga po skalite nadolu I ke vikne "you are welcome".
    Sreka ne pram taka cesto. :lol: :D
     
    Последна измена: 28 јуни 2018
    На TutiFuti, snegulkata, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.122
    Допаѓања:
    64.992
    Пол:
    Женски
    Ние сме културни со мм, пцовки нема во нашиот речник :lol:
    И пред некој ден си игра малиот во соба и слушам: Во пи*ку матер :x одам одма и му викам, што викаш? Во пи*ку матер и тоа со неговото тврдо Р. Ауууу викам, кој вика така? И ми вика дедо (facepalm) а стварно сум го слушнала ретко да опцуе свекор ми и тоа на шала и во смеење, ама ова сунгерчево одма впило. Немој така да викаш, не е убаво му реков. И после 10 мин му викам, дедо како вика? Дедо вика: дее бреееее :D а викам добро е заборави на кратко..
    Не ни викам по дома, ептен ако се наљутам знам да повишам тон и одма ми се врти синко и ми вика: немој не викај мамо, не ме карај... умен сум :lol: Одма а го слушнам нешто што не треба да каже, знам дека не е од нас... или од некое друго дете е или од некој друг човек, а одма му влегува во мозочето дека прв пат ке слушне таков збор :D
    Исто и јас како @zuto дали до мене е или таков е синко (зашто и јас како мала, па и до голема за се прашував дали може),па така и синко, за се ме прашува дали може.. и што треба и што не треба да праша. Во игротека на родендени некогаш дури доаѓа и ме прашува дали може да земел нешто (facepalm)
    И така... да се надевам дека ке го заборави пи*ку матер :)
     
    На M&M, TutiFuti, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    74.533
    Пол:
    Женски
    Џабе пазите дали зборувате вулгарно пред децата пошто тие сами ќе слушнат секакви зборови од другарчиња, од интернет и од луѓето во нивна близина.
    Вака читајќи коментари ми текнува дека и моите зборуваа во шифри и на папагалски јазик (или како и да се вика :| ) и навистина не ги разбирав, ама имам поголеми машки братучеди што постојано кажуваа вулгарни песни, па имав претежно машки другари од улица и сакала неќела научив и пцовки и секакви зборчиња.

    Значи дома пазеле што зборуваат, ама ете од друго место сум слушала секакви работи за кои бев до некаде свесна дека не треба да ги кажувам во јавност.

    А за тоа прекажување мубети од дома ме потсети на едно другарче комшивче.
    Баба му го викаше да си оди дома, а тој не сакаше, па таа пак го напнуваше и тој така нервозен ја нарече крава. Се налути баба му и го караше зошто така и се обраќал, а тој рече: -Мама слушнав така те нарече, па и јас можам да ти викам крава.
    :D :rofl: :x
    Сигурно мајка му не рекла пред него ама тој слушнал.

    Јас повеќе за такви работи би пазела што зборуавам пред дете (зошто се памтат и прекажуваат), отколку дали ќе ми летне пцовка 8-|
     
    На Joi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.159
    Допаѓања:
    35.683
    Пол:
    Женски
    Иако се гледам еднаш годишно со моите внучиња, но пазам што зборувам пред нив посебно пред поголемата внучка бидејќи повеќе разбира, а и многу памети. Знае да ми каже нешто штом сум и зборувала пред 1 година, таа го памети тоа јас не. :D Па така се пазам иако никогаш не пцујам ниту пред нив ниту пред некој друг или пак да кажам некое грдо зборче. :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    47.943
    Пол:
    Женски
    Пазиме баш поради тој дел, мама слушнав така рече, па можам и јас. Колку и да слушнале од друго место пак треба да можеме ние да им речеме дека не е во ред, а ако и ние така си збориме тогаш како ќе им речеме немој да зборуваш така, кога одговорот ќе им биде, па и ти така зборуваш. :)
    Ние пред неа не викаме, ни се случи еднаш и потоа не му збореше на татко и баш. Она од викањето мислела дека татко и е крив. Не знам како, ама ете. Па внимаваме и на тоа, иако е тешко зашто е цело време со нас. Па ако имаме нешто за расправање го правиме по пораки со големи букви и извичници.:D
     
    На irena.1, sanja.burgundy, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.474
    Пол:
    Женски
    Имам пример од подалечни роднини каде што мајката му рекла на детето кое било 4 години да отиде да ја покани баба му (свекрва на мајката) на роденден. Бидејќи односите не им биле баш добри снаата не сакала воопшто да ја покани и рекла на синчето "иди покани ја баба ти на роденден, ама онака со пола уста". Детето отишло си фатило/покрило пола устата и ја поканило бабата на роденден а бабата го прашала што му е на устата да не се удрил или паднал дури дошол па така ја држи раката и детето и рекло дека мајката рекла со пола уста да каже. :?::D
     
    На Frederik, irena.1, mariz и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Scott Weiland

    Scott Weiland Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    9.830
    Пол:
    Машки
    Не сум родител, но пред внуката која почнува да сврзува по комплексни реченици сега накај 3 години, пазам. И се однесувам за пример би рекол, и да не морам да замолам ке го направаам тоа бидејќи знам гледа и упива. Пар зборови има попримено смешни, за среќа не безобразни.

    Порано не бев свесен до кој степен се како сунгер.

    А за тоа дека ќе попримат од околина нема спас, мора на некој начин да се спремат за информациите. Не знам од родителска перспектива како е.
     
    На SummerGirl, Someonespecial, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    24.496
    Пцовка или некој погрден збор засега немам слушнато од ќерка ми, а и ние со ММ не користиме многу , ептен ретко ама ете малата не запаметила.
    Имаше еден период од градинка беше слушнала некои зборови па не праша дома што значат. Љубопитна беше, сосема нормално за нејзина возраст. Објаснивме колку можевме за да и ја задоволиме љубопитноста и до таму беше со тие муабети.

    Кај нас јас сум избувлива, знам гласно да викнам ако сум нервозна па и кај ќерка ми го приметувам истото. Можеби е карактерна особина а можеби сум лош пример од кој учи малата. Секако свесна сум дека грешам и треба со време да се променам оти лошо изгледа кога мало девојче вика нервозно - амааан, не можам оваа... и покажува гнев!

    Имавме случка која се повтори неколкупати, се изнервира малата госпоѓица па треска врата од детска. Баш ме чудеше од каде тоа трескање врати. Некако со разговор успејавме да откриеме од каде и е видено ( а ќерка ми беше честа гостинка таму) па малце со зборување и малце со дистанцирање успејавме да го надминеме и тоа.
    Зборот ми е дека учат не само од нас туку и воопшто од сите околу нив.
     
    На cresa-jagoda, tina-63, Monella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    82.981
    Пол:
    Женски
    Пазиме да ама се случува во нервоза да излета нешто, мм посебно кога вози знае да се распцуе.
    Големиов многу има лоши зборови научено од надвор од деца, бидејќи многу го имам искарано избегнува да ги кажува, барем оние најбезобразните, а не можам да ви опишам што све имам чуено кај деца на нивна возраст. Ама тресе глупости доста, не безобразни ама пак безвезни глупи зборчиња и малава ептен учи од него и повторува. Него па му е интересно и се гази од смеење ова уште толку. Секој втор збор ми е *не збори така не е убаво*.
    Еднаш и се обрати на сестра му со ку*ва, мислам дека се заледи од страв кога ми ја виде фацата, се совземав да не урлам само го прашав дали знае што значи тоа, ми вика немам појма. Му објаснив со убаво ама со многу сериозен тон дека тој збор на женско, посебно на сестра му, никогаш веќе дека не смесмда го каже и дека е многу мал да му објаснам што значи и искрено не сум го чула пак. Тој збор дома не сме го спомнале никогаш којзнае од кај го собрал.
    За карање ретко се караме ионака, може да се случи малку на висок тон некогаш да си префрламе пред нив, синко одма рипа во моја одбрана а малово па не реагира.
    @JollyGirl факт е дека од надвор ќе научат се и сешто ама треба ние дома да им објаснуваме колку тоа не чини, има влијание верувај. Мора барем да научат пред кого како се збори.
     
    На tina-63, irena.1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.