1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку ги цените парите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од eli25, 24 септември 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Гледав гледав,не наидов на слична тема.Однапред извинување ако не сум видела добро :tmi:

    Сите знаеме каква динамика доби времето.Темпо огромно.Повеќето ќе кажат-сите гледаат само интерес и пари,нити почит,нити пријателство.
    Но дали знаеме да ги цениме парите?
    Јас мислам дека не ги цениме доволно,додека сами не осетиме како е да ги спечалиш ,колку труд и мака,за нешто неопходно за живот.И секогаш стремеж кон повеќе.
    Какво е Вашето искуство?

    Јас признавам дека додека бев помала,не ги ценев доволно.Всушност,не ме интересираше.Сме имале пари отсекогаш и ко да не ми беше битно,моите ми даваа,знаев дека има а другото беше нивно.Сепак бев скромна и никогаш не сум им барала пари за мои хирови. Сега гледам колку вредност имале.Откако дојдовме во тесно,и откако го изгубивме татко ми,откако ние дома со сестра ми и мајка ми водевме сметка за секој денар .За платена сметка,јадење,а ретко за поголемо задоволство.Си реков-мора да им било тешко на моите кога ми овозможувале се :worried: Почнав дури и да штедам.Почнав да го ценам денарот и тоа многу.Купувам кармин-гледам лак,но не си велам-за тие пари утре одам на работа и имам доручек.Не ми се верува од каква расфрленица со пари-само гледав да потрошам нешто,станав штедачка.Но мило ми е поради тоа.Уште повеќе кога имам свој денар и водам сметка за него.
     
    На Annath, la-chicka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Сопствениот денар и оној што сам си го заработил се цени многу повеќе од туѓиот.
    Многу е лесно да се потрошат парите од мама и тато, многу потешко - сопствената плата.
    Мене ми се случило со тазе земена плата да влезам во Веро, да наполнам кошничка со милион козметики, да прошетам еден круг и едно по едно да ги враќам. :D
    На крајот на касата завршувам со 3-4 најнеопходни.

    Откако паметам за себе, јас ја знам реченицата - сега нема, почекај до плата.
    Не знам колку е ова смешно или жално, но отсекогаш сум ја знаела нашата финансиска состојба, никогаш не се криело од мене и од една страна сум била лута, зашто сметам дека не е добро дете од 5-6 години да се опседнува со финансии, плати и кредити, од друга страна сум среќна, зашто таквите сознанија те прават еден многу пореален, почувствителен и поприземјен човек.

    Инаку, пред парите ценам далеку поважни работи во животот, здравјето, љубовта, семејството, пријателите ... но животот ме учи дека денес сите овие работи се тесно поврзани со банкнотите.
    И да не сакаш да им даваш преголемо значење, едноставно е невозможно.
    Парите го вртат светот. :(
    Неминовно мора да се ценат и посакуваат.
     
    На Annath, EmGreen, glosipgirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Убаво си каза Трендафилка , кога тросис свои пари и не е бас лесно :D
    Ги ценам парите затоа сто си го ценам трудот. Не се расфрлам никогас , купувам работи кои ми се неопходни , луксузи не сум сакала ниту пак сакам.
    Не сум ни многу голем љубител на парата, посто познавам лугје на кои парата им е највазна на свет.
    Малку ме пласи тоа сто гледам дека скоро сите на денесно време се лепат таму кај со се лепи парата.
    Сите други вредности бледеат пред неа, аама ста цес со викаат србите.
    Времињата и те како се менуваат и љубовта се мери преку вредноста на поклонот.
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Кога се сеќавам на моето детство ми се чини дека сум живеела во изобилство - на одмор на училиште сум купувала и сокче и чоколатце и пециво и мастики и сликички за во албуми и тоа само од џепарац и плус мајка ми ми купувала по неколку џемперчиња или по 2 пара фармерки за новата сезона. А не сме биле воопшто од високата класа. Сега ова е луксуз кој најголем дел од семејствата во Македонија не успеваат да им го обезбедат на своите деца - за жал.

    Првите сопствени пари ги заработив на 15 год.возраст продавајќи сладолед, оттогаш подработував по шанкови низ градот и за викенди и преку лето и периодот кога бев средно имав свои приходи и кога на тоа ќе ги додадев оние кои ги добивав од дома, имав доста гардероба и козметика и немав почувствувано на своја кожа што значи да немаш нешто што би посакала една тинејџерка. Ги ценев секако повеќе парите кога почнав и сама да заработувам, но не мислев дека некогаш во иднина може да дојде период кога и редовните оброци може да се под знак прашалник за обезбедување.

    Еден период дома бевме сите четворица вработени и оттогаш е компјутеров кој уште го користам, масичката за него и уште некои подновувања по дома. Потоа, мајка ми остана технолошки вишок, татко ми има проблеми со наплата на својот труд, јас и брат ми сме промениле неколку работни места значи сето ова укажува на варирањето на приходите. Од овој период навака, размислувам повеќе за парите дури понекогаш размислувајќи за разлика во цена на исти производи на различни продажни места, се срамам од себеси фаќајки се во вакви мисли. Иако не е моја вина кога подобро ќе размислам. И затоа ја работиме огромната нива така барем имам сигурност дека барем без храна нема да останеме.

    Постојат поважни нешта од парите - факт, но финансиската несигурност околу иднината и нервозите и стресовите кои ги влече е болест, а здравјето е најважно бидејќи само здрав човек е и натаму способен да создава приход.

    Не барам луксуз скапи одмори на егзотични места и сл. ама кога доаѓам во ситуација да не можам во секој момент да си обновам книжен фонд за една ново купена книга барем, упатувам сочни пцовки кон парите кои сепак се извесна оска околу која ротира светот и животот.

    Дури научив и да штедам и да го распределам својот приход поточно платата до доаѓањето на наредната. Искрено и се гордеам со тоа и не баш, бидејќи кога животот ти се состои од постојани калкулации ти се губи најмалку мирот. А, квалитетен живот е ослободен од ваков вид вознемиреност.
    Ова сега е некое живуркање.
     
    На Annath, EmGreen, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе јас ги ценам парите, туку тие веќе губат вредност... порано повеќе вредеа. Сега што?! Колку приходи имаме дома, и пак трошоците високи и пак не стигаат парите.
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Парите не се проблем,парите ги нема :!:
    Ги ценам и тоа многу,порано кога живеевме со двајца родители со брат ми се расправавме на кој му дале повеќе пари,знаев да кренам телефон да го најдам каде е за да ми донесе пари бидејќи моите сум ги потрошила. Тогаш сите околу мене мораа да имаат,ако немаа не беше проблем ќесето на Цигарче беше секогаш отворено.
    Но откако се случија работите како што се случија се промени се па така и мојот поглед кон парите, веќе со брат ми не се расправам за пари туку штедам самата јас,знам до каде можам да одам и колку ми се можностите. За да си купам нешто прво морам да се косултирам со мајка ми да падне договор кога ќе има пари за да се купи истото.
    Знаете,најтешка фаза во животот е кога од високо се спушташ на ниско,јас го искусив тоа и верувајте ми беше тешко додека да се прилагодам. Сега никој не ме прашува дали имам пари за да излезам,дали имам пари за автобус, како што некогаш јас тоа го правев.
    Да,ги ценам парите и тоа многу.
    Порано си имаше златна средина се живееше.
    А сега,или имаш пари или немаш.
     
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Пари како пари мене лично ми се само средства за преживување.
    Значи далеку каде каде има многу поважни нешта во животот отколку пари.
    Јас пре би одбрала сиромаштија и здравје во изобилие,отколку богатство,а здравје сиромашно.
    Па додека не сум заработила сама сум трошела и како луда.Се што ќе видев морав да го купам,а не дека ми беше неопходно,туку така морав да ги потрошам парите.Сега потешко ми се трошат,ама пак некогаш избрзувам.
    Муабетот ми е дека мојот свет не се врти околу парите,повеќе ми е битно како што реков здравјето и задоволството,а парите идат и си одат.
     
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Платите останаа исти, а цените на сите производи се зголемија. Затоа стандардот е опаднат и потешко се живее. Знам многу да ги ценам парите, бидејќи знам со колкава мака се заработуваат. Уште од мала сум научена да штедам, да ги ценам парите. Кога ќе одам на екскурзија или на некое патување не трошам многу, задоволна сум и со тоа што ми е овозможено да одам, а не па да трошам премногу. Само она што е потребно. Се разбира, некогаш доаѓаат периоди кога сакаш да потрошиш повеќе пари, ама не сум како некои што постојано купуваат, дури и непотребни работи
     
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Парите се само една обична хартија на која ние луѓето и даваме вредност.
    Ги ценам, иако никогаш не сум осетила како е да се нема на моја кожа, сепак гледам што се случува во светот, како живеат некои мои блиски луѓе и тоа прави да чувствувам одбивност кон расфрлање со пари. Сепак, мислам дека и да сакам да се расфрлам моите нема да ми дозволат, бидејќи нели колку и да имаш - никогаш не се доста. Го сфаќам јас тоа и затоа не претерувам, воопшто. Порано кога бев помала едвај еден денар задржував, значи се што имав трошев, но сега станав навистина штедлива и убаво размислувам пред да потрошам некој денар. Од ништо не сум скратена, но исто така не ми се овозможени ни некои големи задоволства кога станува збор за пари.
    Денеска светот го вртат парите. Ако ги имаш, ќе живееш некој пристоен живот. Ако ги немаш - ќе се мачиш да сврзиш крај со крај што вооедно ќе предизвика и проблеми во твојот живот и нарушени односи со одредени луѓе, што значи дека парите се важен фактор за среќа колку и да го негираме тоа.
    Ако немаш пари не можеш да си дозволиш никакво поголемо задоволство, а тоа предизвикува незадоволство и еден куп други негативни емоции што влијаат лошо не само врз здравјето, туку и психичката состојба, како на тебе, така и на твоите блиски.
    Значи, парите треба да се ценат, но обично никогаш не знаеме да цениме нешто дури не го изгубиме. Верувам во повеќето случаи исто е и со парите, а кога еднаш ќе се навикнеш на комфорт и задоволство, после многу тешко ќе ти падне ако наеднаш сето тоа исчезне од твојот живот. Затоа, колку и да се има сметам дека треба да се води пристоен живот и парите да не бидат одлучувачки фактор за карактерот и среќата на еден човек (иако ова второво е речиси невозможно, бидејќи 99% од проблемите се сврзани со парите). Но, знаете како велат, денес имаш, утре можеби ќе немаш. :)
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Кога ќе помислам дека тоа печатено парче хартија толку многу едноставно не труе, е... :x
     
    На MonMon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Пред парите е здравјето , инаку ги ценам парите , и тоа посебно ако јас сум ги заработила , си купувам нешто за кое сум мечтаела долго време , :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Ги ценам, да. Знам како е да заработуваш свој денар со сопствен труд и мака. Порано како средношколка, знаев само да барам од моите и да ги трошам на глупости, но кога почнав да работам видов колку е тешко да се заработат, па затоа и научив да си ја простирам чергата колку што ми се долги нозете.

    Сега, иако моментално не работам, не збеснувам. Купувам само тоа што ми е неопходно и знам да се задоволам со малку. А и не можам постојано од моите да барам, незгодно ми е. Се надевам дека наскоро пак ќе имам свој денар, кој итекако ќе знам да го ценам. А сакале да признаеме или не, во денешно време се’ зависи од парите, па и најважното нешто: здравјето.
     
  13. maja57

    maja57 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Ги ценам, и тоа многу, највеќе сакам кога се заработени со мој труд и никогаш не ми се случило да барам пари, било од родител или пријател, бидејќи може да не се во можност да ми дадат.
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Мене секогаш ми било потешко да ги трошам парите што друг ми ги дал него своите. Со своите знам да купам некоја глупост банална, со тие што моите ми ги давале сум била секогаш економична и сум гледала да вратам кусур :)
    Ги ценам повеќе отколку што треба. Многу ретко си приуштувам задоволства, заради штедењето. Во крв ми е навлезено, да бев скржава кон другите како што сум кон себеси, и егеец може ќе ме викаа :D I just can't help myself. Лошо се чувствувам ако на крајот од месецот не ми останало од платата за да сместам во заштедата :tmi: забеготина...незнам за што ги чувам...за црни денови можда :worried:
    Ги ценам затоа што тешко се заработуваат, затоа што денес ништо не вредат, затоа што со многу пари можеш да купиш многу малку работи, затоа што од нив некогаш и здравјето ти зависи (нема нигде бесплатни преглед нели). Па така ја, економистот, ретко влегувам во СП или Тинекс затоа што од секоја ствар заштедувам од 4-12денари :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Многу ми е криво што сум го немала овој памет од сега кога сум била како дете. Друго беше времето тогаш, и во Македонија а и финансиската состојба во фамилијата. Ако не друго барем двата родители ми беа вработени. Дете како дете, не сум била ќенкава и јас ни сестра ми. Секогаш сме знаеле за доста, а родителите никогаш не не оставиле да бидеме скусени од ништо. Одмори, играчки, ех какви играчки кога ќе ми текне.. еден куп барбики, кујни, дрангулии, ама ете дете поиграј си, фрли ја, поиграј си, пак џитни ја во некој ќош. И ден денес срце ме боли кога ќе ги видам колку пари се "фрлени" на нас. Или пак облека.. леле... имам едни панталони што знам дека мајка ми ми ги купи прилично скапо од евро азија. Маскирно земена, така пошироки со повисок струк. Не ги носев многу. Брзо созреав почнав да се облакам во тесно, фармерки, низок струк, поженски.. И ден денес ми стојат во шифоњер иако ми се тесни. Жал ми е да ги тргнам, ќе ги изменам ама ќе ги носам па што сака нека биде и тоа уште зимава. Решив...

    Како раснеме така сфаќаме колку значи секој денар. Златна да е мајка ми, штеди како никој само за да има за нас. Ако треба ќе јаде леп и заби само ние да имаме. Ако нешто чини 100 ден. она ќе го најде за 98 и ќе го земе. Денар по денар... значат...
    Не заработувам сама така да користам од џепарлак од моите. Ама го пазам како очиве. Стисната сум бе, многу сум стисната. И мајка ми ми вика така, ама не ми е гајле! Да е за нешто што ми е важно, што ми треба, да е за моите или за сестра ми, ама око не ми трепка ќе дадам колку што треба. Ама за непотребни хирови, луксузи не давам ни денар повеќе него што треба. Како раснам така да почнав да презирам се околу мене што не ги цени парите воопшто без разлика какви мајки Терези изиграваат сите.
    Се чудев цело средно, како може јас да издржам секој голем одмор само со чоколатце од 10 (евентуално од 5) денари или кифличка од дома, и да бидам ем сита ем задоволна. Кога ќе си ги пресметав и парите за автобус што ги давав секој ден ми се темнеше колку многу пари ми требаат дневно (а 2 автобуса се во двете правци, едниот обично си го пешачев - не беше далеку) и кога ќе видев некои во бетер ситуација од мене со пица во рацете + сок од пола литар + чоколадо + такси секој ден :?: одма се чудев дали се некои пра пра внуци на рокефелер...

    Ти на одмор на Крф и на Хвар, јас Охридските "песоци" - ама никогаш не ми било криво, ниту сум се осеќала уназадена или понесреќна од другите.
    Само вака човек учи да цени и тоа не само парите туку и многу други работи што ги има..
    Theodora имаше многу убаво напишано претходно
    Пари како пари, да во денешно време се многу значаен фактор. Ама вака гледам јас. Парите живот значат и се огромен фактор во животот зашто без низ на улица останавме. Ама значат додека не стигнеш до онаа граница додека ти се значајни и неопходни за нормален живот. Како идат нагоре така им опаѓа значењето. Колку повеќе имаме толку помалце ги цениме. Ако си под границата кога ќе видиш две пудри за лице ќе бараш тестери и искуство по форум за да видиш која повеќе ти одговара да не ја купиш погрешната, ама ако си над границата - "ај заеби ќе ги земам двете па и другата може ќе ми се најде некогаш" (женски пример онака безвезе ама така ми текна)
    Безвезе времиња дојдоа ебате...
     
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Да, ги ценам.
    Не се расфрлам кога нема потреба.
    Секогаш мора да имам заштеда. Ако немам заштеда, ЈАС НЕ СУМ ЈАС! хихи :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    За мене пари не се :D колку имам толку трошам крај ми нема.... но понекогаш ке се стиснам ако ми требаат за нешо а знам дека од дома за глупост нема да ми дадат :D инаку јас си викам парите се за трошење и удри на пазарување :D
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Јас ги ценам со оглед на тоа што и не сме некои богаташи. Секогаш обрнувам внимание колку можам да потрошам, колку е цената на она што треба да го купам итн. Досега немам јас самата заработено, но верувам дека тие пари се ценат повеќе и нема да бидам некој голем трошаџија. Башка, економист сум и знам како треба со парите. Го купувам она што ми е неопходно а остатокот го чувам за други прилики.
     
    На mami blue и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Ne sum ekonomist ama dobro mi ide so parite:)
    Kako mala imav skromno detstvo bez luksuziranje, kolku imaa moite tolku dobivav, ne azdisuvav bev razbrana..od koga znam za sebe jas rabotam, vo sredno letno vreme prodavav knigi na plostad i dosta zarabotuvav, stedev togas stedam i sega
    Sega ubavo ziveeme, pak ke kazam ne luksuzno ama nee ni za zalenje.mm e trosadjija i neznae so pari, toj kupuva i sto treba i sto ne treba, ama zatoa sum jas tuka da presecam:D
     
    На Mekuska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Парите мора да се ценат, правилно да се управува со личниот/семеен буџет, наменски да се прераспоредат, да се води сметка за се’ и по можност да се заштеди. Нема потреба да се троши на непотребни работи, а треба да се покријат сите основни трошоци и да се задоволат личните и семејни потреби.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.