Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку државата треба да помага на многудетни семејства?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од forumce, 26 декември 2023.

  1. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.924
    Пол:
    Женски
    Се надевам никогаш нема да го одиш тој пат, па да видиш тек тогаш кои ќе ти бидат тебе можностите и што би одбрала ти.
    И научи разлика меѓу инсеминација и инвитро молим те.
    Од твојата уста ќе ти земат??
    Ќе ти скратат од ручекот?
    Кафето?
    Оти сте волку злобни бе, што ве фрустрира толку за вакви да сте.
    Крај краева еве роди си и ти едно 4 и земај пари и уживај. Да не бидеш покуса.
     
    На MacenceEna, Mnik, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.924
    Пол:
    Женски
    Тебе ќе те прашаат извини.
     
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    [
    Во двата случаи не знаеш колку јајце клетки имаш? Колку ќе оплодиш?
    Не зезај на нив им е помогнато колку толку, ја познавам самохрана мајка на три ништо никој не и помогна/ она сама со мајка и.
    Има милион случаи на сите треба по малце помош да е сето тоа фер
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.924
    Пол:
    Женски
    Па кога има неограничен за одредени персони, нека има и за тие што треба, посебно вакви индивидуални случаи.

    Ама ок е, навикнати сме да кажеме и да ја правдаме државата дека нема пари, нема за операции на деца, за лекување и лекови, нема за ништо. Препуштен народот сам на себе е за се, ама и едно нешто кога ќе се рече и побара, и за тоа се буниме ние и ни е криво.
    Епа клет народ сме, и нема да биде подобро, ама како ни е, малку ни е со овој памет.
     
    На MacenceEna, Mnik, Okica и 4 други им се допаѓа ова.
  5. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.924
    Пол:
    Женски
    Вадиш јајце клетки, се оплодуваат со сперматозоидите, чекаш ембрионите да достигнат одредена етапа, па тек тогаш се имплантираат ако се добри во матката. И тоа не е гаранција дека ќе настапи бременост. Може да не се развијат правилно во матката, може да не се развијат воопшто, може да не се имплантираат и еден куп други причини. Во најдобар случај жените имаат 40 посто шанса да забременат, а просечно 20-35. Така да не е баш едноставно и лесно, напротив.
    Веројатно и затоа се решиле за повеќе ембриони, да имаат поголема шанса за успех, посебно зошто инвитрото сигурно ги чинело вреќа пари во Турција за да си дозволат можеби и второ.
     
    На Mnik, Okica и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Океј, некако тапа ми е да зборам за мали створења веќе родени, пак ќе кажам живи здрави да се. Немам ништо против да им се помогне, не само на нив туку на сите, и едно да е ( прво ти е, немаш искуство се е ново) не е на одмет да рече државава градинката е бесплата..
     
    Последна измена: 26 декември 2023
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    А они па кои се помош да добиваат?
    И ако више се вадиме на тужни причи, имаш луѓе со деца со ретки или хронични болести што многу повеќе им треба финансиска помош па никој не ги ферма.
     
    На Pixi5, fbaby, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Оф беее, одма жалопојки и емотивни манипулации.

    Одма чим чоек различно мислење има од некој кој се жали за работи шо зависат од него, одма мука не видел, само кафиња срка, ручкои по ресторани јаде и мачки и кучки место деца чува.

    Ако толку не ти е гајле, слободно од твоја уста дели, давај на кој сакаш, баш ме заболе.

    И нема шо ја да раѓам деца за пари, мене гајле ми е за нив уште и пред да ги родам. А ако неам како да ги гледам, нема ни да ги раѓам. Нема да чекам од небо да ми падне, или па за најосновни работи да молам по телевизии, ко оној дебилон шо напраил три деца, од кои едното болно, живее у некоја вукојебина без вода и струја, па на патетики ја пуштил ќерка му да ја понижува да и се смеат другарчињата и да се комплексира деевојчето уште толку по телевизии дека крави чувало, а он јадниот го цитирам далеку му било да иде пеш да работи со син му 20 годишен, децата да си ги нарани. Битно коа си праел мерак на Стојкото, не го болело дали на децата ќе им биде далеку на школо и работа да одат, а уше помалку дали леб ќе имаат да јадат, и у какви особи ќе пораснат у оваа вукојебина, со малограѓани околу себе.
    А, и да. Не знам како им се ебе со децата у соба, на земја без леб, вода и струја, без два грама свест. Демек луѓе сме биле...

    На друг да му продаваш муда на бубрези, мене не. Чича Мича, готова прича.
     
    На moonlight-girl.55, butterfly6223, Pixi5 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.924
    Пол:
    Женски
    Очигледно сме биле на пазар, а ја не знаев :).
    Има разлика меѓу тој случај и овој, не туку мешај баби и жаби сега кога немаш друг аргумент. Едно е без контрола и инфо за контрацепција штанцање деца, друго е целиот овој процес за кој очигледно ни малку не си запознаена, а ниту те интересира. Ама затоа вришти осуда од тебе, емпатија нула, али жалосното е што си горда на тоа, па уште ко да чекаш некој аплауз да ти даде.
    Кринџов на крај не го ни коментирам дури.
    И да, сигурно ти си засекирана појќе за твоите непостоечки деца, отколку луѓево што веќе ги имаат, боже ме сачувај што не ќе прочитам.
    Ајт.
     
    На Mnik и st-el им се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Тебе да не треба да те прашаат?
    Си ги покачија по 80% платите оние дебилите, се кради на велико на секое поле, ама вас ќе ви пречи парично да им се помогне на родители на кои им се родиле 4 деца наеднаш. Пазете да не ве оштетат. За грев сте со муабетите. И после оти не не бива ко народ, еве го одговорот.
     
    На LiquidLuna, butterfly6223, dafe993 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.126
    Пол:
    Женски
    Па тие не планирале 4, ете се случило чудо, нема да ги фрлат другите.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.492
    Пол:
    Женски
    За темата со четирите бебиња и поддршка од државата сум многу поделена. Секогаш сум на страна дека семејството се планира према можностите и одење спротивно на то е лудост. Ама, не мислам дека кога некој оди на инвитро, мисли дека поќе ембриони кои ќе се залепат за матка ќе има. И е доста зафркната ситуација. Не можиме да очекуваме државата да покрива на секој, се, ама ова е неочекувана ситуација. Мора да има одредени мерки за континуирана помош за ако испадни вака. Исто и за други сиромашни семејства, со малку деца. Децата треба да ни се приоритет. И треба државата да се грижи да имаат пристоен живот. Исто така зборуваме за пад на наталитет. Како би покренале наталитет ако поќе од 1 дете ни е луксуз? Мора да се створат услови и имање на континуирана помош за родителите до одредена возраст на децата.
     
    На LiquidLuna, Victorian, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.126
    Пол:
    Женски
    Тие со години се бореле за дете, не ни знаеле на почетокот дека ќе имаат 4. И кога дознале, значи според ова што го пишуваат некои членки требало само едно за задржат, кое размислување, кога некој се бори со години тоа сигурно ќе размислува.
     
    На Mnik, emiliana и christinnn им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека некој се буни за помош на деца. Небаре ќе се осиромашите вие ако им се помогни. Да, обично однапред треба да се планира семејство според можностите, но ќе има и некои вакви случаеви...ама пак, зошто државата да не помага? Како ќе го зголемуваме наталитетот? Мора некако да се инволвира државата за да се создадат услови за имање на повеќе од едно дете. Нормални држави го прават ова.
    За оние неспособнине има пари да им се зголемуваат платите насекое, па вакви онакви трошоци на државен џеб, ама не, децата се проблемот. Децата треба да се пред сѐ ова, приоритет пред приоритетите. Сите деца.
     
    На LiquidLuna, mssuniquee, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    На овие со цистична фиброза многу повеќе им требаат финансии па еве гледам и вие за нив се испотресовте. Али сфаќам, пошто збориме тука за генетски болести, може си мислат нема да го движат наталитетот толку па не се битни тие.
    Ако помагаат за имање деца, нека помагаат на СИТЕ.
    Да, државата треба да помага ама тука мислите ко да по секоја цена треба да помага

    И јас ќе родам дете и ќе сакам државата све да ми финансира. Може?
    Еве и отказ од работа ќе дадам и нека скратат плата за да ме финансира и мене. Може?
     
    Последна измена: 27 декември 2023
    На Pixi5, BlackNight, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Како им помогнала државата за да имаат деца? Баш ме интересира. Ти си децомразач?
    Мала си, ќе дознаеш кога ќе имаш свое дете. И да, треба за дете, деца да си спремен, ама сигурно овие не кажале дека сакаат 4, така испаднало, никогаш не се знае, ниту по природен пат, ниту со ин витро. Утре ќе му кажеш на маж ти јас сакам толку деца и така ќе испадне? Или на ин витро докторот, јас сакам толку е желбата ќе ти се исполни. Мисли си.
    Тој што се бори со неплодност, само знае како му е, срамота вака за деца да се збори. Имам колешка се бореше со години, јас бев со неа и не, неможам да кажам како и било, само таа си знае, ама јас бев со неа и отприлика знам низ што поминуваше, колку неуспешни обиди имаше, пропадна и финансиски и психички, цела заштеда ја даде за неколку неуспешни ин витра, сакаше барем едно дете, роди тројка, и според тебе што требаше да направи, да ги оставеше другите? Лесно е да се суди. Сигурно тие што се борат со неплодност, бираат колку деца сакаат, аха да.
    Изгледа не знаеш колку пари се потребни само за едно ин витро, а не неколку, не дај Боже некој такво нешто да го снајде.
     
    На LiquidLuna, IRBBB, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Кога ќе имам, основни потреби јас ќе треба да му овозможам. Ако не можам, нема ич да имам деца. Поарно јас тажна без дете, него тоа да тажи зашто не може кифла да купи во школо.
    Од државата ќе чекам само за недајбоже тешки болести кај што сама финансии нема да можам да покријам.
    За инвитро ако дојде работава, и за тоа ќе размислам трипати. И четири и пет.
    Јас нека страдам. Детето уште несоздадено неќам да страда.

    И пак ќе прашам, како ќе ги финансира?
    Сите потреби до 18 години?
     
    Последна измена: 27 декември 2023
    На Pixi5, Mazegin, mssuniquee и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Колку злоба имаш, кога ќе се бориш со неплодност не знам дали ќе размислуваш вака, тие што се борат со години баш како тебе ќе размислуваат, немам коментар.
    Ако е така нема што да чекаш од државата и за тешки болести, ти си го родила, ти си планирала, и еве тие што планирале дете, не знаат дека ќе го родат со маани, никогаш ништо не испаѓа по желба, и значи за ова размислуваш еднаш, а ако дошло до ин витро и пет пати, браво.
     
    На forumce, emiliana и Srckata28 им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Да ќе размислам зашто не ми е битно само јас да лулкам бебе и да ми е убаво на душата туку и тоа бебе што нема да е вечно бебе утре да можам да го пратам на екскурзија, да не мора облека од братучеди да носи јер јас не можам да му купам. Оти размислувам за години унапред.

    А за другото со болестите.
    Имање дете не е човечко право за разлика од пристап до здравствена грижа.
    А не е дека испаѓа случајно да се 3 или 4 при инвитро. Надвор се врши оплодувањето, се знае унапред.
     
    На Pixi5, Miss666, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш, изгледа не сакаш деца. Сиромашните никако да раѓаат, само богатите.
    Едит: муабетот беше за четворката, значи тие не планирале 4, друго е едно дете друго е 4, и жената бараше помош за породилно. Ај нека ги фрли трите ако не.