Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку државата треба да помага на многудетни семејства?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од forumce, 26 декември 2023.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Точно
     
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    И пред 10 години да ме прашаше и денес сум со ист став. Сите сме исти живи души.

    Дали сакаш да ми кажеш дека нема да ти е жал да умре возрасен , туку само ако умре дете ?

    Хммм, јас стојам на тоа сите сме исти, за сите треба да ни е жал и старо и младо, не може некој да има повеќе привилегии од друг.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Убаво си пиша, се клецаат у една соба. Пошо морало две , или да не остане само што ќњ прави. Ај со тоа де е кажано, неможам да сфатам како не се сваќаме сите а исто збориме
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Ќе жалиш и за едно и за друго ако ти е не дај боже у фамилија , вака де видовме колку фама.
    Што се не се деси не гледам никаква поука некој да извлече.. ќе помине и ова и пак ќе се расправа за др
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Не зборам јас за жал и умирање, зборам за систем на поддршка и устројство на општеството. А пошто номинално живеам во такво општество, знам дека секој има право на соодветна помош, не еднаква.
     
    На Angie1432, IRBBB, Mnik и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Како и со секоја друга тема, така и со конкретниов случај измешаа баби и жаби и затераа муабет во секакви не баш поврзани насоки; за екстра сиромашни луѓе, за луѓе што раѓале повеќе деца во распон од декада, за луѓе со болести, итн, итн.

    Нема фајде од муабет некако...
     
    На Angie1432 и Hisha им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Леле, колку entitledness (не знам ни дали има ваков збор, небитно), ќе кажуваат кој колку деца смеел да има. :D Фали уште да кажите дека на посиромашните треба скроз да им се забрани да прават деца (да не речам да ги осакатат), само тие со по минимум 2000 евра примања месечно смеат. Хитлер би се гордеел.
     
    На LiquidLuna, IRBBB, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Па тоа го зборам и јас дека СИТЕ треба да добиваат помош.

    Арно ама не било така : германциве сакаат да изгласат закон од платата да ни се одбива процент за да одат за помош на украинците, замисли :envy:

    Здрави прави украинци не сакаат да работат и земаат финснсиска помош од државата , на страна ќе го тргнам помош за секое дете посебно.

    Бесплатни станови, бесплатни курсеви по германски и СЕДАТ ДОМА, ништо не работат.


    Епа братче нормално ќе пцујам оти разбирам да биле хендикепирани им треба помош, не се способни за работа.

    Затоа и беше мојот прв коментар дека ќе ги потрошам сите пари , ке купам ферари и ќе чекам да ме финансира државата.

    И погоди, нема да сака, ќе рече, па продај го ферарито.

    Море мајката, а овие здрави, спремни за работа, седат дома, не сакаат да работат и на сето тоа и јас да ги финансирам , да ми кратат од плата ако го изгласат законот.

    Епа нече мочи.

    ИЛИ ЗА СИТЕ ПОМОШ, или на никој пичка им матер нивна !!!
     
    На BlackNight, dafe993, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Абе слободно правете колку деца сакате ама чим неќете никој да ви се меша, не ја мешајте ни вие државата во ваши финансии и планирање на деца. Сами гледајте ги и со 1000ка у месец како знаете и умеете. Не кукајте по групи и телевизии
    Или јаре или паре
     
    На Miss666, fbaby, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Уствари јас вчера ги спомнав коментарите од типот Кога се еб*** убаво им било. А децата добиени инвитро. Али нели најемпатичната членка овде одма го дефокусира мислењето во насока која на неа и одговара и затоа настана каша попара. Се извинувам, ама не сум јас крива што некои читаат тоа што им одговара нив.
     
    На Angie1432, Bitter-Sweet, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Да ти признаам, вистината е дека сите форумџики се согласуваат со твоето мислење, ама намерно ти водат инает.

    Многу си во право, таа е реалната ситуација, нема што да се филмаме кога гледаме како е околу нас.

    Заради тебе може да станам обратна и да почнам да ти се пуштам , гррррр маче :P :l: со секој твој збор се согласувам, нема потреба јас да пишувам, ти пишуваш и во мое име :hug:
     
    На SummerGirl, Spicy Senorita, Curious cat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    На страна муабетот за четворката пошто е изолиран и неочекуван случај, ама луѓе, не секогаш државата е крива за се. Јес да сме утепана држава од сите аспекти, ама државата не е крива ако двајца возрасни прават деца а немаат ни најосновни услови да ги чуваат.

    Скоро сите сиромашни семејства се многудетни. И не, не треба да им е забрането да имаат дете само затоа што се сиромашни ама, кога немаш услови ни за едно дете зошто ги правиш 5? Ако ти немаш емпатија за сопственото дете, што останало за другите?
    Направиле 5 деца и очекуваат да живеат на грбот на народот и државата.

    Не знам зошто се буните ако ја добиле потребната помош. Државата им помогнала, понатаму родителите ќе ги издржуваат. Ако не можат да им пружат барем најосновни услови едноставно нека не ги прават.
    Не е фер спрема децата.
     
    На Pixi5, SummerGirl, CoverGirl10 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Муабетов ти е сосема на место и верувам дека нема човек што истото не го мисли. Меѓутоа како што спомна на почетокот на мислењето - настрана муабетот со четворката - ова е сосема друг муабет, и или некој не го капира тоа или намерно избегава да даде до знаење дека го капира тоа со цел дрдорење во друга насока.
    Ако се прави муабет дали е валидно да се даде помош на родители што добиле четворка, не треба да се спомнуваат други различни случаеви.
     
    На Anyshka, nextredstyle, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.472
    Пол:
    Женски
    Како тоа државата не им помогнала?

    Општина Штип им дала плац од 455м2 во центар на Штип, плус предвидени се 40.000ден еднократно и бесплатна градинка. Ако ова некому му изгледа ко малку и мисли дека е мачкање на очи, значи тој има многу повеќе.
    Мислам браво за општина Штип, еве и други општини нека земат пример, сметам дека на сите многудетни семејства треба да им се помогне.
    Туку, што повеќе од оваа помош сака семејството? Како поинаку да им помогне државата?
    Кога ќе завршат децава градинка, приватно основно да им се обезбеди, па стипендии за Сорбона? Работа на државно со бенефициран стаж и предвремена пензија? Која би била границата кога помошта би се сметала за доволна и прифатлива, а не "смешна"?

    Ама навикнати сме да кукаме, и ништо да не ни чини, општо сите ко народ.
    Секогаш кукаме за повеќе и секогаш државата ни должи нешто, абе дадилка да им пратат 24/7 без никаков надоместок, ќе се најде некој ќе каже дека "стакло свиткала државава", требало уште помош, на пример да ги посвои некој и да ги изгледа место нив.
     
    На Pixi5, Mazegin, Frosty! и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    За еднократна помош сите се согласивме дека е ок.
    Ама тоа е за колку, месец дена ќе им помогне?
    А некои тука се попалија до 18 требало да ги издржува државата. Е мало сутра
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Доколку некој не е финансиски стабилен не треба ни да размислува за деца, камоли па да ги прави. Извинете вака, али многу е грдо да се оправдува некој „ама јас многу сакам деца и потомство“ а да нема пари за да издржува дете, камо ли па повеќе.

    Ова особено имам право да го кажам како дете пораснато во сиромашно семејство.
    Некои од вас тука не знаат како е на најмала возраст, кога не си воопшто зрел да гледаш другите како одат на екскурзии а тебе немале пари да те пуштат па се вадиш со „ама не сакам да одам“, „одев таму веќе“ и тоа истото секоја можна екскурзија. Сите да одат на летување/зимување, ти да не одиш. Да носиш 2 пара алишта цела година и мал милион други примери од секојдневниот живот кои биле ускратени заради немање финансии. Таквите моменти ми се врежани во сеќавање и никогаш нема да ги заборавам. Парите не се сѐ во животот, но се и те како значителен фактор за едно семејство.

    Така да, извинете на речникот али од муабетот „децата се најголемо богатство“ ми се сере.

    Во ред е да се помогне на семејството за кое зборите, но не е во ред да се мотивира сиромашното население да создава деца за кои не може да се грижи и да очекува помош од државата за издржување на тие деца! Себично е!
     
    На WarriorAngel, Pixi5, Mazegin и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Проблемот е зошто сите избегнуваат да одговорат на прашањето :

    Зошто државата не им даде помош и се што треба на ромски фамилии кои исто имаат по 4 деца ?

    Има ли потреба од дискриминација ?


    За едни ќе има , ќе им се даде, за други , аааааа не, снајдете се како си знаете и умрете како глувци.

    Тоа е болното и затоа сите траат , не смеат да одговорат на прашањето.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Какви 4, тие како зајци се со по 5,6.
    Зашо секој си гледа колку му е капацитетоѕ, ретко кој ќе погледне подалеку од носот.
     
    На Gosh и Herrera им се допаѓа ова.
  19. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Еве јас ќе ти одговорам на прашањето, оти сите траат. Ваљда имаат нешо попаметна работа.
    Јас лично мислам дека државава ни наша треба да обезбеди помош за секое родено дете, дали во форма на директни финансии, дали во форма на бонови, тоа некој друг нека му ја мисли. Нека биде за секое родено дете. Да се има барем за оние основните работи што требаат за деца, креветче и слични тракатанци.

    Проблемот е што нема свест кај власта, па и опозицијата и ова нема никогаш да се случи. Ќе остариме како нација (затоа што без 80,000 реални примања, денес ти дете да растеш, тешко) и утре кога ние ќе стигнеме пензионери да сме, ќе нема кој леб да ни даде па камо ли нешто повеќе. Ќе бидеме нација на старци, како и 70% од остатокот од светот затоа што распределбата на богатството моментално кај нас и глобално е ужасна.

    На здравје нека ни е.
     
  20. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Ќе се снајдеме ај ти, во оваа сиромаштија сите што ги знам се по две/ три деца, со по две коли, со одмори.