Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку државата треба да помага на многудетни семејства?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од forumce, 26 декември 2023.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Значи ќе почнете да верглате, а појма немате.
    Ромите имаат доста помош во нашата држава.
    Пр.Ромите се ослободени од плаќање градинка.
    “Нашите” деца плаќаат градинка.
    За основно имаат стипендија од држава со просек минимум 2,додека за другите е над 4.
    За средно имаат стипендија исто со 2 просек и за факултет да запишат исто.
    Значи муабетот не држи.
    Секако дека државата треба да помогне на многудетни семејства.
    Не може и никаде никој не е ист,односно никаде нема еднаква помош.
    Туку По приоритети.
     
    На LiquidLuna, IRBBB, winnie02 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Јас пробав гуглнав не најдов инфо дека бараат нешто повеќе. Секаде пишува како се зачнати, што им дале еднократно и дека мајката нема породилно зошто порано се родиле и и' фалат 2 недели за породилно.

    Еве јас ќе одговорам иако нема никава врска со четворката од Штип: треба да им се даде, треба да им се помогне. И не само финансиски, туку и со едуцирање и обид да им се промени и менталитетот и културата. Секако, не може преку ноќ, меѓутоа да се почне. Па да очекуваме подобро следни генерации.
     
    На Angie1432, Anyshka, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    Јас го коментирам муабетот дека државата е должна да помага и/или издржува сиромашни многудетни семејства што апсолутно не се согласувам.

    Најпрво родителите се злобни спрема сопствените деца со тоа што ги оставаат на милост и немилост, гладни, голи и боси.
    Жив пример по улиците се ромите. На минусни температури надвор земале влечат голи бебиња. И за тоа кој е виновен, државата или тие што ги правеле? Никој не им ставил нож под грло да прават по 5 деца.

    На фемина форум сите светци и светици, хуманитарци, а во живо ги игнорираат или бркаат тие што просат, ама тука ќе правиме филмови колку сме хумани и ќе ја плукаме државата.

    А да, пред да кажете дека ромите се дискриминирани тие имаат најголема помош од државата. И наместо да ја користат правилно, грбачат и просат наместо да се школуваат и да работат.
     
    На Pixi5, BlackNight, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Се согласувам, ако немаш ти ни за јадење, нема што да правиш дете, логично. Верувам дека секој се сложува со тоа.
    Но случајов со четворката е сосема поинаков, едноставно никој не планира 4 деца одеднаш да му се родат. И помошта што ја добиле е коректна, не знам зошто некому му смета.
     
    На Pixi5, Miss666, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Гледај го ова видео на Facebook
    https://www.facebook.com/share/v/etXVye3pr1AQwNcX/?mibextid=zGupDU
    Еве го видеото за кое зборував.
    Значи они не бараат помош. Работата беше дека им ветиле од државата нешто што уште не го исполниле. Никаде не бараат пари или каква било помош.
     
    На Ava.84, Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Добро бе дечки, а дали семејството воопшто кажало нешто, или градскиот татко на Штип собира политички поени кај народот сега пред избори?
    Да се роди четворка е ретка но убава вест, народ се радува, портали пишуваат па ајде сега и власта да се покаже како многу фина и хумана.

    ....
    @forumce, во исто време сме пишале :)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Градоначлникот ништо нема изјавено против државата, има помогнато еве фамилијата си кажува. Прилогот беше дека ветената не знам каква помош од државата сеуште не е дадена. Никаде не слушнав да барале помош или пари.
     
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Тука е проблемот. Не се согласуваат форумџиките.

    Некоја форумџика пиша дека муабетот се сведува дека според ова сиромашните не требало да помислат да имат деца у животот штом немаат леб за нив, а камоли за дете.


    Мојот проблем е што државата на едни дава на други не.

    Овие кај мене украинците возат тесла коли и плус земаат пари од државата.


    Јас дадов пример : значи сакам да се возам во ферари значи да си ги потрошам парите и да немам за леб и сакам и јас како украинците да земам пари од државата.


    И проблемот е што ако им побарам мене ќе ме одбијат, а овие што се со тесла финансиски ги поддржуваат.


    Уфффф, ако не направам некој масакар некој ден па те како сум накурчена со оваа дискриминација :envy:
     
    На Miss666, Spicy Senorita и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Koја помош ја добиваат за дете ајде кажи, на сите им следува еднократна парична помош за новороденче, и ги даваат за потребите на бебето не за родителите, што ќе направиш со еднократна парична помош?
    Никој не кажа дека мора до 18 години да ги издржуваат, и да, на секого му следува породилно, ама во случајов се 4 деца, а за ин витро како имале тие си знаат, ете можеби имале и не очекувале 4 деца наеднаш, можеби планирале едно и за толку да имале.
    Не, никој не треба да ве стрела вас што немате деца, ама едно е да не сакаш како некои што не сакаат, друго е да сакаш и да го добиеш по трнливиот пат. Државава ни цвета вие за ова се фативте.
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka и emiliana им се допаѓа ова.
  10. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Мене ме мачат овие што возат тесла, а јас сакам да возам ферари.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ама ти зборуваш за Германија.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Зошто испревртија се, никому не му смета него сакаат повеќе.

    Ако сакаш иди и помогни нели? Ако имате време идете и помогнете со чување . *за остали зборам не за тебе директно

    Глупаво е да се збори се зачнале и они одлучиле да се родат сите и супер нека се живи здрава , каква таква држава некаква помош има.
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со сите муабети дека ако сакаш да имаш дете, треба да си спремен да му ги пружиш сите услови и повеќе.

    Ама не можам да го дискутирам тоа кога темава имаше скроз погрешен старт, а тоа е дека одредени луѓе имаат проблем со семејството кое доби четворка. Не е ситуацијата ако они добиле помош, треба сите, не е секогаш за еднаквост туку по потреба.

    На страна луѓе кои раѓаат несовесно, како ромите, но сешто се случува во животот што не можеш да го планираш.
    Пример одиш со желба за едно дете, добиваш четири. Сакаш и имаш за второ дете, забременуваш со близнаци и треба да чуваш 3 деца. Едно дете плус е сериозна промена во план за финансии, посебно во Македонија каде повеќето имаме само доволно. Луѓе што родиле деца во 2019-2021 мислите имале во план дека ќе не снајде толку голема инфлација? Не е се црно бело. Така да не осудувајте толку.
     
    На LiquidLuna, Трагедијаупмм, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Знаејќи ни ја државата, скептик сум дека помошта што ја понудиле (плац, бесплатна градинка), ја дале не од алтруистички причини, туку како одличен политички маркетинг. Зошто кога ќе се изгугла „четворка Штип“, пребарувањето претежно ги дава натписите дека им бил даден плац.

    Да не биде дека сум луда по политика, не сум ич :D, само едноставно „добри намери“ од државава земам со резерва.

    А на темава семејството некако се сведе на ниво на најгревна сиромаштија, малтене роми питачи, а родителите се можеби ок финансиски штом се решиле на четири бебиња.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Пред 20+години исто така се роди четворка во Штип со инвитро. Државата им додели куќа на два спрата тогаш.
     
    На LiquidLuna, Anyshka, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Затоа што на Ромите им се планирани децата и по природен пат, збориме за четворката каде што се добиени со ин витро, сигурно не му рекле на докторот дека сакаат четири, така испаднало, кој не го одел тој пат, ништо не знае, не сум го одела ниту јас ама отприлика знам преку блиска колешка и пријателка.
     
    На Anyshka, Srckata28, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.966
    Фала богу тука на Фемина Форум има толку паметни девојки што се со план прекрасен прво да имаат пари па да прават деца (WOW, на никој до сега тоа не му текнало). Другата проста раја што прават по сто деца, се е тоа без план бре. Случајно се отишле до Турција и се мачиле со години дечиња да имаат.
    Фино тој ваш план, само во земја каде се толку млади женички борат со неплодност, пазите со тој ваш план.
    Дел од вас толку се неуки, а се прават препаметни. Ако вас ви е толку желба да сте некои јаки жени кариерно некои сакаат да се мајки и тоа не и е толку лесно. И баш е глупо да ги вака пишувате по форуми луѓето под маска на анонимноста.
    И ако сте толку паметни и видете интервју ќе видете дека луѓето не живеат во мизерија, имаат скромен дом. Само таа ваша влада и држава толку обеќа кога се родија, а сега ги нема. Оти луѓето сигурно кога се виделе 4 бебиња 9 месеци се седеле така. Човече од што го пишувам ова ми е глупо, не па вака да мислам
    Ајде сега пак назад на правање планови, јас сакам да имам деца две и палата и три слугинки и да се возам со падобранец од Велес до Тетово и назад. :inlove:
    Ах и Танче што ме тагнала на она за фиброза, имам доволно капацитет да разберам дека живот е живот, на иста вага се и луѓе со цистична фиброза и новорденче. Кога ќе престанеш вака една група да ја ставаш на пиедестал во однос на друга може тогај ќе почнам да те читам и тебе и твоите мајчински инстинкти што си ги имала.
     
    На LiquidLuna, IRBBB, winnie02 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Тука за дете се работи алооо, дете и кола исто ли е? Јас сакам авион.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Џабе се карате бидејќи и двете страни имате валидни поенти.
    1. Кои сте вие да кажувате кој колку деца да има и на кого и колку да му помага државата? :rofl:
    Член 41 од Уставот
    Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца. Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.
    Ова право спаѓа под репродуктивни права. Тие права се регулирани во државни закони и меѓународно усвоени конвенции.
    Иако ова право има интимна природа, неговата примена не може да се одвива надвор од можностите и условите на семејството и општеството.
    Државата е должна да утврди уставни одредби, а нејзините органи да донесат политики со кои ќе се регулира реалното планирање на семејството.
    2. Државата треба да даде помош на семејства кои ги усполнуваат законските критериуми. Таа помош не може да трае во текот на целиот живот, туку ограничено. И некогаш државата може да даде само еднократна помош.
    И колку и да сакаме, не може да даде на сите.
    И не би било фер.
    3. Во случајов, државава дала. Ако нешто од ветеното фали, ќе си бараат.
    Наталитетот ни е опаднат и државата треба да делува за да го поттикне неговото зголемување.
    4. Човек сака да верува дека пред да почнат со инвитрото истражиле и помислиле дека може да добијат повеќе од едно. Штом бебињата се родиле, веројатно родителите размислиле како понатаму.
    5. Да, подобро е прво да испланираш колку финансии имаш или ќе имаш пред да правиш деца. Да го направиш тоа и психички и физички спремен за тие да имаат живот без нервози за пари.
    Но, не знаеш што носи животот. Може и да почнеш семејство целосно спремен, па нешто да ти се расипе.
    И добро е да имаш опции од државата.
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    :rofl: ма насмеа да си жива и здрава :hug:

    Продолжете си вие да си зборете за деца , мојот муабет е поврзан со делот дали треба или не треба секој да може да добие помош од државата и оти државата на некој дава, а на некој ни 1 цент не ти дава, буквално да се обесе човек, не бе, нема шанси и точка :emo:
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.