Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку државата треба да помага на многудетни семејства?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од forumce, 26 декември 2023.

  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Кажи и го тоа на државата, и јас сум за тоа на секого да се помогне, а за тешки болести собираат донации, треба државата и на нив да им помогне, не да бараат помош од народот.

    Тоа го велам, еве финансиски си спремен се, ќе родиш дете и оп на детето нешто му се случува не дај Боже, и давај пари по болници, животот е непредвидлив.
    Колку што читав за случајот мајката имала проблем со породилно дека се родиле пред време.
     
    Последна измена од модератор: 27 декември 2023
    На Anyshka, nextredstyle, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.136
    Пол:
    Женски
    Да ги кастрираат сиромашните најдобро.
     
    На Mnik и forumce им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Ами уште тоа не се рече. Муабетот тргна од тоа зошто да им се помагало и зошто не мислеле пред да имаат 4 деца (иако во случајов непланирано).
    Покрај тоа, колку семејства во Македонија прават многу деца без да размислат однапред? (освен Ромите, но тие се посебен случај и проблемот кај нив е длабок) Ако беше така, наталитетот ќе ни беше through the roof, ама судејќи по него тој постојано опаѓа. Луѓето сѐ повеќе се селат или одлучуваат да не раѓаат (што е пак право кое не смееш некому да му го забраниш). Затоа во нормална држава се преземаат мерки (најчесто парична помош) со што се поттикнува наталитетот и се помага децата да имаат основни услови за живеење и да не мизеруваат. Македонија не можи да не си го дозволи ова, со оглед на тоа како сѐ повеќе опаѓа наталитетот, ама некои таму горе се лакоми и за тоа никој не се буни, повеќе смета зошто да им се помагало на децата, не била должна државата, ама очигледно должна е да ги финансира оние кои не знаат колку пари имаат на сметка. Затоа сме овде каде што сме.
     
    На WarriorAngel, IRBBB, Mnik и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Знаете дека и тие богатите можат да ги изгубат парите и да банкротираат и после што со децата?

    Мислам сфаќам дел од аргументиве од двете страни, и со дел се согласувам. Ама се оди ептен во екстреми. Исто така можеби е паметно да се префрли целава дискусија во нова тема.
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Епа во запишаниот финансиски план за наредни 18 години, мора да има секција за Банкрот, инаку не ни требале да раѓаат деца.
     
    На IRBBB, Biljarkata, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Ако сиромашни немаат деца, или пазат колку деца имаат, тогаш ќе има и помалку сиромашни луѓе - да се мачат...

    А ако имаат едно дете, и му се посветат на секој можен начин, големи да не речам огромни се шансите тоа дете утре да успее многу повеќе од родителите, и да живее поквалитетен живот. За разлика од тоа да имаат две и повеќе деца.

    А за тие што живеат испод прагот на сиромаштијата, мислам дека нема што да се дискутира дали треба деца да имаат.

    Луѓе сме, не сме животни. Имаме свест, за да си ги контролираме инстинктите.
    Секој у даден момент му проработел инстинктот да има деца, не сте толку посебни нит вие, нит вашите гени. Али затоа Господ, или у кој и што да верувате, ви дал СВЕСТ за да процените дали и колку сте способни деца да имате, па и колку, независно од финансиски, психички, здраствени, политички и други мал милион причини.

    Али ок, лична одговорност на овие пристори никад не ни постоела, па да се очекува и сеа да ја имаме.
     
    На WarriorAngel, Herrera, Marymay и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Им ветила финансиска помош и толку. А од ветеното што?
    Реално државата треба да им даде пари, секој месец, дур да пораснат децава. Во Швајцарија од дете по 200 фр даваат, ако имаш 4 деца до нивни 6 години (мислам) зимаат 3000 фр месечно. И да не е точна сумава, тука негде е. Знам дека не сме Швајцарија, Шведска, Германија, ама во време на ВМРО имаше помош 8000 ден за трето дете, дур да наполни 18 години. Зошто го укинаа? Можат вакво нешто да им дадат. Децата се иднината на секоја држава, што се нашиве покуси од Германци, Швеѓани, Австријци итн. И пред да кажете било што, не, не сме слабо економски развиена земја. Чим можат оние у собрание да земаат секој месец над 100.000 ден, може и да се врати финансиската помош (ако ништо друго) за многудетни семејства.

    Изгледа до пред некоја година имавме неограничен буџет чим им се даваше за 3то дете 8000 ден или 9000 незнам точно. А буџетов за политичарите колкав е? За нивните плати ограничен или неограничен е? За градоначалников наш прашувам.
     
    Последна измена од модератор: 27 декември 2023
    На IRBBB, emiliana, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Види се согласувам, треба да има помош. поентата на прилогот беше да се буцне народот за да исполни тоа што кажала државата.

    Треба градника бесплатна, бар тоа државата да плаќа. Треба да се мотивираат да се раѓа и да се образуваат.

    Ама не само на таа што родила 4, родила ок, сами си рекла ќе ги родам па што биде.

    Сите деца заслужуваат најдобро, има разни судбини , да не кажам полоши па нит сме чуле нит помогнала држава.
     
    На Mnik, Gosh, Spicy Senorita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.688
    Пол:
    Женски
    Ама овде некои членки погрешно сфатија. Јас не искоментирав да не им се помогне, туку сите деца да добијат помош. А има и полоши судбини. Тоа е факт. А државата гледам дека нешто многу не се замара. Само собираат политички поени. Ќе замачкаат очи и толку. Го подлажаа народот да иам трето и четврто дете. И ај со здравје сега.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Аууу, ако е ова вистина, а ме мрзи да проверувам на гугл дали е, тогаш сфаќам оти членкиве се разгневиле толку. На почеток не ми беше јасно оти олку оштри преписки има, ама сега сфаќам.
    :worried:
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Ај нека се откажат господата од тие 78% шо ги лапаат и шо се ненаситни говеда па да видиме дали ќе се има или ќе се нема да дава и на ранливи категории и на многудетни семејства, доволно и достоинство, а не да мизеруваат и да пробуваат да ги задоволат со трошки.
    Мора од негде да се крати нели ама пази за нив се има секогаш, без разлика криза или не, они си се пунат, мука си немаат.

    Дај не се глупирајте, им дале, добро што така одлучиле, сосема на место, иако се знае зад тоа дека политичка позадина си има, шо друго може да е, очи замачкуваат ко секојпат предизборно.

    Сите сте во право дека одговорност, совесност треба да се има и услови да се исполнуваат кога некој се решава да проширува фамилија но и дека државата треба да вложува напори еднакво за сите со цел финансиски да ги поддржи посиромашните, коишто секако дека имаат право да оформат фамилија и деца ама да, ко што знаеме празен е секогаш буџетот за овие потреби.
    За ова треба да се буниме всушност.

    Точно е ова дека аздисувале луѓево и барале преку леб погача? Ако е така, не у ред тогаш.
     
    На Herrera, Mnik, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    И ја мислам така, никој не им посакува лошо, тоа е животот одговорноста си ја носи секој сам, на крајот од денот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.038
    Пол:
    Женски
    Сега детето кај може да се врати? :D
     
    На Mnik и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Од каде што излегло. :D
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    А како ти ќе му забраниш на некој што нема образование, живее во сиромаштија цел живот и не е запознаен со контрацепција да има деца? Прво треба државата посериозно да се занимава со овие категории на луѓе за да се превенираат последициве, а не среди се колку толку па раѓај деца. Да беше така едноставно ќе се средеа сите до сега.
     
    На staycalm, Amellie13, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Не е точно ова. Фамилијата не бараше никаква помош. Не се палите одма
     
    На Mnik, Anyshka и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Добро е што општината им дала плац. Треба други привилегии, бесплатна градинка, па зошто да не и дадилка преку општината, и така тие проекти за геронто домаќинки, за деца со посебни потреби ги плаќаат странците, не ние, така што, ако сакаат можат и дадилка да обезбедат, да помага на мајката. Може и бизнис секторот нешто да донира. Зошто не им понудат државна работа на родителите? Да имаат стабилни приходи.

    Инаку, општо сум против да се наградуваат семејства кои не прават ништо освен што неконтролирано се размножуваат. Не жалете за парите за трето дете што ги укинаа, имам гледано статистики од социјалното, таа мерка не фрла во бездна да бидеме малцинство во државата. Мал дел од тие пари завршуваа кај македонски семејства. Државата треба да укинува социјално на млади, здрави, прави, да им најде работа, да им се уплаќаат придонеси, ПИОМ да биде стабилен, пензиите подобри, а не вака. Нема потреба некој да има 5 деца, туку идеално ќе беше Македонците да имаат стабилни работни места, високи плати, да си имаат кров над глава и да чуваат по 2-3 деца, ама да ги чуваат, а не да го мачиш и да го тераш да оскудева, туку да си комотен.
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Па нема да му забраниш директно

    Ама ако више се родат деца во мизерни услови, ги одзимаш и им викаш најди работа, среди куќата и повели земи си ги децата.
    Да, сериозно сметам дека ако више сакаш помош од државата за основни потреби, значи не си достоен родител.

    И знам тука причи со некои што све изгубиле наеднаш, тие се друго.
    Исто како што ќе помогнам од срце на некој што му изгорела куќата или од природна катастрофа ја изгубил ама не и на некој што ја прокоцкал, така и овде.

    Само знаеме колку кај нас институции курот ги боли за деца така да во пракса ова тешко.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.038
    Пол:
    Женски
    Aa не бива така, прво бараа да си ја рашириме за да има трето дете а сега нема пари.... треба и детето да го вратиме и плус пари за пластична операција да ни дадат :D
    Пс. Неам трето дете :D
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Е вака треба да се направи. Море ни тоа не помага, треба кривично гонење за запуштање и малтретирање дете. Има и случаеви кога им ги одземаат дел од децата, ги даваат во згрижувачки семејства и тие тераат пак по старо, не ни планираат да работат, питачат, се оддаваат на пороци.