Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку државата треба да помага на многудетни семејства?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од forumce, 26 декември 2023.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Ок Танче, пошто одземање на деца и шуткање како кукли воопшто не е траума на исто ниво со сиромаштија. Многу добро решение.
     
    На LiquidLuna, Amellie13, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Замисли даваат па кога ќе направи детето 15 да прекинат, и да го вратат таму :)
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    20231227_212321.jpg

    За оваа жена кај е државата?
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    На Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    @Tanjamm ти го прочитав коментарот погоре. Кажи за оваа жена не треба се она што го наброја, плус државна работа?
     
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не си во право. Сите што ги знам со 3 деца, сите зимаат. Сами си кажуваат. И со и без тие пари "малцинството" има и имаше повеќе деца од нашево "немалцинство".
    Идеално е, да имаме убави плати и плус за секое дете месечно одредени финансии. Да не сум ко папагал, ама една Швајцарија, Германија или не знам која, не дава месечен надоместок за деца од што живеат во беда. Ама па во една Шведска политичар оди на работа со Бус/Точак и има плата ко секој друг. Ама овде за Заев, Мицко, Мерко, Обиџуко треба да има.
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Не земаат сите. Свекор ми има 2 деца со првата жена и 3 со втората. Ајде нему не му следувало за трето дете ама па и на мајката ете не и следувало. Политика.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Добро, може тоа се одредени исклучоци, не го знам точно законот. Да не е најголемото полнолетно?
    Зборам еве во овие "нормални" околности, бар сите ја што ги знам, сите земаат. И си кажуваат дека им е големо олеснување. И реално е.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Една комшивка ја одбија со некој глупав изговор, дека не примила некоја вакцина во бременост или некој преглед не направила, така некој глупав изговор и не и дадоа. Знам дека и без пари малцинствата си имаат повеќе деца, ама вака државата им дава плата да седат со години и да бидат неактивни. 10 години пари за 3 дете, другото на социјално, цел век денар не и даваат на државата, само ја молзат. Една година трудничко, следните 9 години жената да биде активна, ајде нека не се 9, нека се 8 или 7, битно да придонесе. Стаж, утре пензија, економијата да се движи. Јас па како зборувам како на митинг, небаре ако пишам на форум утре ќе се среди државава. Државава ги наградува тие што не треба. Родила трето дете, прима пари колку еден пензионер што се искинал од работа 40 години. Имаше и такви финти, деца од прв, втор брак и ја откачуваат со некои административни изговори. Ова за Македонци зборувам, другите само црпат.
     
    Последна измена: 27 декември 2023
  10. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    Да ја тргнеме четворката на страна, има многу сиромашни семејства што бараат помош.
    И нека им дадат, во ред е да им се помогне додека застанат на нозе, ама проблемот е што повеќето од нив очекуваат доживотно да ги издржува државата. Таа помош ќе трае максимум еден месец па можеби ни толку. А понатаму?
    И ти да не работиш, да не се трудиш во животот, да не заработуваш, ќе нема да опстанеш ни ти ни детето.
    Нема што државата да ги издржува до 18, само родителите се одговорни до тогаш.
     
    На mssuniquee, nextredstyle, Munchmallow20 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Една комшика на маж ми роди четврто дете за пари. Тогаш уште даваа. Е сега... Детево уште 3 години ќе биде полнолетно. А после? И само кука што ќе правела после полнолетство на детето. А жената не работи. Не и се работи. И на такви државата е должна цел живот да им помага? Ок е да го добиеш тоа што ти следува од државата, ама не може да очекуваш повеќе затоа што не си размислувала како што треба. Тие со 3 деца земаат пари до 10 години. После аш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа како размислува добар дел на населениево, очигледно дека не е само "до тие горе". Ја сум за секое дете во државава да зема месечно по одреден финансиски надоместок. Ама ја тоа што сакам и реалноста врска немаат.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ама во секоја држава има вакви. Работава е државата да даде се' од себе за своето население. Зошто да не сме ние, ни тие во фотељите нема да се.
    Зборам за основни работи кои ги нудат останатите држави. Сега можда не им е гајле, ама кога за некоја година ќе се намалиме на помалку од 1 милион (како е тргнато, ќе биде за скоро) и кога за нив ќе има помалку за дрпање, можда ќе потчукнат глава, да ни замачкаат очи со некоја меркичка. Нешто ко на брод што тоне во сред океан, да ми дадеш гума за спасување.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Тешко да даваат помош. А на многу семејства им треба помош. А ќе се намалат, да знаеш. Секој втор почнува да бега. Овде даваат помош, без разлика колку деца имаш. За тие со мали примања им следува социјална помош. И толку. Ама и тоа е до 18 години. Покасно може само ако се запишат децата на факултет. Сакаат наталитет... Е па нема со таа нивна политика.

    Самохрана мајка... Во буквална смисла самохрана. Детето не е признаено од таткото. Гадот не бил спремен за деца. Жената добиваше помош додека детето и наполни 3 години. Кога прашала дали после тоа и следува друг вид на помош и рекле - Најди си работа. Значи... Работава испаѓа што не си гледала со кого си се е*ела. (facepalm)
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Примеров самохрана мајка ти е од која земја?
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Од Мк. За блиска особа се работи.
     
    На Mnik и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Па фала богу.
    Затоа викам кај тие што се најмизерно сиромашни треба да се згрижат децата од институции додека се средат родителите. Неќеш да се средиш ни малку? Епа ни детето не го заслужуваш. Со извињење ама детето е побитно секогаш од кутрите намачени родители што наводно многу ги сакале. Аха ги сакаш.

    Другарка ме гледаше со прашалници кога ѝ реков дека пре би абортирала отколку да родам ако не сум спремна финансиски. Вика ама не е детето криво. Тачно, баш дека не е криво. Да плаќа за мои грешки не треба. Баш затоа нема да го осудам уште неродено на сиромаштија. И макар и да не забременам после никогаш. Нека ми е тешко, внатре во себе ќе сум мирна што друг не пател ради мене. И на дм му го имам истото кажано и на моја страна е.
     
    На Spidy, fbaby, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Ич не сум против државата да помогне на социјално загрозените семејства. Да, дај му социјална помош да има сиротото дете леб да јаде, но понуди му и опции за работа. Ако го гледаш дека е здрав, прав маж или жена, работоспособен, вработи го. Ако нејќе, тогаш нема ни социјала. Во секој случај сум за правилна рапределба на парите, не некои мочани функционерчиња да праќаат деца на товар на државата да студираат во Цирих.
    Ако се дава, нека се дава на граѓаните подеднакво. И оние со нормални примања заслужуваат да имаат помош за децата, и оние помалку способните.
    Да чекаш од држава да ти издржува дете до 18, да ти даде бесплатно здравство, школо, градинка а ти да не помериш задник да заработиш за тоа што ти си го напраел е греота.
     
    На fbaby, Herrera, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Едно е случајот со четворката, треба да се помогне, тешко е 4 деца одеднаш да чуваш, а друго е кога немаш пари и дом, а раѓаш, прво, второ, трето, четврто и си неодговорен. Околу нас има многу загрозени семејства кои сами се фрлиле во тој круг од сиромаштија. Пример, на едни социјално загрозени што ги имаше на ТВ, им донираа, немаа ни струја, па им вклучија, паркет им наместија, овие го искорнале, го продале. Има многудетни семејства кои секако дека не можат да се издржуваат, таткото на пример краде, и завршува во затвор. Такви има многу. Или кога ќе чуеш мајка на 6 деца која никогаш ништо не работела и не планира да работи да ти каже „јас на децата се посветив“, па уште и глуми гордост, а во суштина ги искористува децата да прима социјална помош, да моли за донации и едвај чека да наполнат 15 години да ги прати на некое градилиште да мешаат малтер. Во тие семејства често е измешано алкохолизам, мрзливост, пороци, неодговорност, искористување и децата често си растат во токсична средина. Пример, една жена која секаде молеше за донации оти има 8 деца, на крај бараше помош по женски групи дека не само што мажот ја тепал, туку и деверот. Па кога видов на фотките дека си пуши цигари, не работи и праќа малолетни деца да врзуваат вреќи на жетва на 40 степени, за една дневница, таа не е за жалење, туку за кривично гонење за запуштање и малтретирање на деца. Вака си живее пола Македонија и не мора да имаат 4 деца, и со 2 е иста песна. А општините немаат пари улиците да ги закрпат, не па да донираат на сиромашни. И државниот буџет ни е гола вода, државата зема кредити да го закрпи, да исплати војска, полиција, администрација, од кај пари? И да имам моќ да одлучувам, попрво ќе го жалам Трајче што 40 години растурил коски на топло и ладно, ама на 59 години државата му дава технолошки вишок само една година и го фрла Трајче во ѓубре, сега кога има ишијас, дијабетес и не е способен да работи до 64 години до земање на мизерната пензија, Трајче е фрлен на буниште. А на Трајанка што цел ден се жали, и праќа малолетни деца да копаат по ниви за 600 денари и истите пари им ги зема, јас би и ги одзела децата, си има згрижувачки семејства, има родители што би посвоиле деца, таму верувајте поубаво ќе поминат отколку да гледаат кавги, тепачки секој ден, да немаат што да јадат, а нејзе кривично би ја гонела. Луѓе плачат за деца, а некои ги измачуваат.
     
    На Herrera, Anyshka и VDT2906 им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    Треба да помогне државата на почеток највеќе. Ама ние не сме ни луѓе само политика се води.
    Државата треба да обезбеди удобен живот ЗА СИТЕ. Покрај убава работа висок стандард и уште некој бонус за повеќечлено семејство.
    Ама не, За некој мајка, за некој маќеа.
    Првичниот коментар што пишала некоја си жена, не сакам ни да го коментирам. Ама психијатриска институција многу работа има.
     
    На Mnik, Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.