1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку зборуваат жените отворено за сексот на форумот и надвор од него?

Дискусија во 'Секс' започната од WildMk, 1 ноември 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Еден куп ме 'исплукаа', заради 'онаа' темата, а и еден куп мислења кои се на тема сексуалност.
    Зошто форсирам муабети за секс?
    Сигурно не оти ми е мерак да ме напаѓа некој, или оти ми е прекрасно да ми пишуваат манијаци ЛП... Туку оти мора да разберат сите дека и жените се сексуални битија, исто како и мажите.
    Па да продискутираме тука за зборувањето за сексот.

    Колку возрасни, омажени жени, зборуваат отворено за секс на форумов?
    Што се случува со жени кои ќе се 'исповедаат' и ќе побараат совет за нешто поврзано со нивниот интимен живот?
     
    На piksooki, melnicanecot, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Конкретно за болдираното, Вајлд, се надевам си свесна дека дел од членките се имаат на социјалните мрежи, а дел и приватно контактираат. Исто, да, анонимноста е загарантирана на форумов и ако некој те издаде која си, следи траен бан за членот, но, реално кажано, ако си член кој си споделува детали од секојдневието, многу е лесно да те најдат. Пример, напишала некоја членка дека е докторка, дека живее во Ѓорче и дека има две мали деца, син и ќерка, што мислиш, ако некој се амбицира, колку време ќе им биде потребно да ја најдат која е? А катастрофа менталитет сме, ужасно сме прости и назадни, живееме за да јадеме бурек за останатите. И ако таа членка била доволно наивна да открива експлицитни детали, во моментот кога ќе и се разоткрие идентитетот, сите ќе и го фаќаат сеирот што (карикирам), мажот гледа да си заврши работа за себе а она останува незадоволена. Или ако пишала дека има фетиши, или дека фантазира за тројка. На сите ни е јасно дека бебињата не се прават со држење за раче, на сите ни е јасно дека добар дел од нас имаат сексуален живот од кој би се засрамиле и искусните порно ѕвезди, ама за во јавност официјалниот став е дека сексот е ептен редок ( не можат од деца), ептен на брзинка, стриктно мисионерска поза, под јорган, со изгасено светло. Зошто живееме меѓу пациенти кои едвај чекаат муниција па да распалат со отрови, и особено ќе им биле мило тие муабети да дојдат до блиските на оговараната/ оговараниот.

    ^Ова беше општо кажано, не само на форумот. Инаку, не е дека сексот е табу тема меѓу блиски. Другарка моја, откако изгуби невиност не заќуте за тоа што правеле, каде правеле, колку правеле, кај свршил, колку свршил, дали свршил.. Не само детали, уште фалеше да ни црта како се онаделе претходната вечер. И во тоа време, кога се почнуваше со сексуалниот живот, интересни ни беа тие муабети. Денеска тие разговори би ми биле смешни. Некоја од другаркиве да опали од ведро небо- „уф, вчера Цуци мој кога ме грабна на кауч...“, мислам дека ќе прснам да се смеам, ама не од што ќе ми биде незгодно, туку од што е глуп муабетот. Има и време и место за тој тип на муабети, нашите им припаѓаат на минатото, заменети се со посуштински- неделава другарка ми се пожали дека со сопругот никако не можат да имаат односи откако е породена, зошто има некои болки внатрешно и не знае дали тоа е во ред. Битно ми е она да е добро, а дали со сопругот преферираат доги или каубојка, ич не ми е гајле :)

    Не е дека не разбираат, разбираат и тоа многу добро, бељата е што им смета тоа и никако не можат да се помират. Ај навистина да не знаат, да живеат со стереотипните сваќања дека жените природно се со ниско лидибо, дека жените биолошки немаат потреба од секс, па да се тешиш дека има надеж- ќе се едуцираат и ќе им се крене свеста. Вака, како ќе ја победиш злобата и омразата?
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
    На Izaabella, ku4ence, WildMk и 42 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Се додаваат по социјалните мрежи, губат приватност со тоа, па и форумот станува уште една 'социјална мрежа'.
    Друга работа, точно е дека некој може да те препознае... ако веќе те знае од реалниот живот.

    Ама што ако те препознае?
    Што има страшно во тоа да знае некој дека си имала секс со сопругот/дечкото претходната вечер?
    Зошто би било смешно тоа?
    Зошто е проблем воопшто... не разбирам?
     
    На Feminka22, Dadusicka и Herrera им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Губат приватност, да, ама добиваат другарки и си го збогатуваат животот :) Зошто утре може ќе ти досади форумов и ќе го баталиш, ама нема да го изгубиш контактот со оние кои ти прираснале на срце :)
    Не сум пристрасна со муабетов, со никого немам разменето фб, нит сум се запознала во живо.

    Види, кога некој е во подолга врска, или брак, јасно е ко ден дека имаат секс. Парче се прават од сексање. Мислам, чудно ќе биде да немаат секс :)
    Која е потребата да објавиш дека си имала секс, кога сите останати знаат и очекуваат ти да имаш секс. Интересно беше да се збори на таа тема кога допрва почнувавме, сега... Еве не знам, каква реакција треба да имам ако другарка ми, што се заедно со дечко и повеќе од десет години, од чиста мира каже „Еј, вчера имав секс!!!!“ Браво, повели колаче? Или ќе ми падне ептен смешно, зошто која е поентата на муабетот, или ќе си помислам дека веројатно немаат секс штом осеќа потреба тоа јавно да го сподели, како којзнае што да се случило (односно, очигледно за неа е настан)
     
    На Phoenix 1618, ku4ence, A.27 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.048
    Допаѓања:
    225.305
    Пол:
    Женски
    нешо си грешка ти. У брак парче праење нема :rofl:
    како беше она.. од сексуални помагала баба да почува дете.

    Се шалам така ми дојде :D
     
    На ku4ence, WildMk, mira.mira и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Абе ќе добијат пријателства, ама 'цензурирани'. Пошто 'сите оговараат и се пазат едни од други'....

    Да ми каже 'Еј вчера имав секс', исто ќе изреагирам како да ми каже: 'Еј вчера направив турли тава'.
    На исто ниво ми е муабетот. И едно е друго е резултат на основна човекова потреба.
    Колачиња не нудам ни за сексот, ни за манџата :D

    А зошто има потреба да се зборува отворено? Затоа што така се 'рушат' стереотипите.
    Исто како што има потреба од зборување за /додај по желба/
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
    На Nigredo Odor, La.loca и Herrera им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.682
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто не зборуваат отворено за секс на форумов? Затоа што има дежурни дркаџии и момци кои патат од неебитис, па одвај чекаат да пишеш нешто и да почнат со нивното мммм, ахх, уххх и тако даље. Па следи лп порака нели нормално, па дај да ти бидам роб, биди ми Клеопатра.
     
    На ku4ence, mira.mira, Alisa22 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Исто како и во реален живот, со луѓе што ги знаеш сто години :) Ќе бидеш паметен и ќе дозволиш времето да покаже кој е океј, кој е тапа.

    Вајлд, види, океј е ако тебе ти се прават тие муабети, терај си така. Јас очигледно нема да ти бидам забавен соговорник, зошто мене таа тема ич не ми е интересна. Ако ми кажеш дека ќе имаш турли-тава за ручек, ќе ти пожелам пријатно јадење и може ќе те прашам како ја правиш. За секс, како да ти реплицирам? Ќе добиеш едно „аха, ок...“ и толку. И, не, воопшто не сметам дека со таков муабет се кршат стереотипите :) Мажена жена имала секс, ауууу, каков настан.
     
    На ku4ence, M&M, BabyStyle и 7 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Е баш тоа ми е причина плус за да зборувам отворено.
    Баш тие се дел од оние кои треба да научат, дека ако некоја зборува за секс, не значи дека со нив сака да има секс.

    Во кој 'реален живот'?
    Во мојот не оговарам жени оти имале секс и зборувале за тоа.

    Ти кажав.. исто ми е и за манџата и за сексот. И на двете можеш да речеш: На здравје нека ви е.
     
    На A.27 и Herrera им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.682
    Пол:
    Женски
    90% од машките членови поради тоа се тука, мислам дека и ти самата си свесна. Посебно оние кои киснат само во секс теми и во ниедна друга тема нема да ги видиш.
     
    На ku4ence, A.27, Alisa22 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ти не мораш да сакаш да имаш секс со нив, ама тие ќе дркаат на помислата дека имаат секс со тебе.
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Скроз сум свесна.
    Ако не сите, 90% ми пишале ЛП.

    од нив, мнозинството настапуваат со недолични коментари.
    И сите до еден се 'сосечени'.

    А што ако дркаат?

    Може дркаат и на слики од модни критики.
    Може дури и дркаат на вас, затоа што ги привлекуваа знаењето кое го имате...
    Заради милион различни причини може да дрка некој на некој..

    Можеш да запреш некој да фантазира за нешто?.
     
    На ku4ence, PaLaVa, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Не, ама тоа е причината зошто секс темите не се поактивни.
     
    На Someonespecial, LiliBoz, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    Некогаш е и до карактер. Јас сум човек што не сака да споделува моменти од својот живот ни со блиски, ни на анонимен форум. Не дека баш ништо не споделувам ама... ретко ептен и се чуствувам ептен awkward. За секс па да не правиме муабет.
    Не се срамам, не правам нешто вауу што другите не го прават ама едноставно таков човек сум. Не ми е интересно.
     
    На Herrera, M&M, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Зборуваат, ама зборуваат и за други работи, не само за секс.
     
    На smooch и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.532
    Пол:
    Женски
    Информирана сум и не ми е проблем понекогаш да искоментирам, сакам општо dirty mind шеги/игри на зборови/хумор/зезање со слободоумни луѓенца со кои си се наоѓам тука (во живо уште помалку го правам тоа, со најблиски и погодени луѓе), но сѐ со усул. И да, конкретно за мене и мој личен живот - не и нема ни во иднина, ниту пак од некој друг го барам тоа. Тука по теми и со подалечни познаници не споделувам многу ни за личен љубовен живот општо. Знам дека може некому да му изгледа дека немам никакво искуство и со истото да дојде до заклучок дека само филозофирам во врска со либералните ставови, but I absolutely don't give a shit. :mm:

    Личната интима (во која сексот и тоа како спаѓа) и желбата човек да си ја зачува истата, е легитимна ствар и кај жените, но и кај мажите. И не значи дека таквите личности позатворени во врска со тоа - гледаат нешто лошо и срамно во сексот, ниту пак се коси со отворен ум и либералност.
     
    На Ivan4e04, Bubce38, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.436
    Допаѓања:
    201.014
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам оти жените на форумов не зборуваат за секс поради тоа што нема никаква анонимност. Ама генерално, жените не зборуваат за секс, оти е донекаде табу тема. Барем за женскиот мозок за кој сепак не се врти светот околу сексот (за разлика од мажите).

    Ама од друга страна, лично сметам дека треба повеќе да се зборува за сексот, не за пикантерии од приватниот живот, туку генерално како тема, во смисла на едукација за истиот, за ризиците и последиците од него. А зошто да не и за начините за поголемо уживање, за поголемо взаемно задоволство?
     
    На ku4ence, An-na, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Сексот и сексуалните преференции ги сметам за човекова интима и не гледам што има потреба да одам наоколу и на глас да се разбацувам со информации од тип на:со кого спијам, кои пози преферирам, кога и колку пати го правам истото. Со најдобрите другарки си го имам муабетот, а да снабдувам потенцијални секс предатори со porn material, нека фала.

    Ах, да.
    ЛГБТ
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
    На Tan4ence, smooch, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.998
    Допаѓања:
    55.134
    Пол:
    Женски
    Сексот не ми е табу тема, но го сметам како едно од најинтимните нешта што може човек да го има и токму поради тоа не би ми било многу згодно да дискутирам какви пози преферирам и какви сексуални фантазии имам. На форумов можеби имам пишано едно-две мислења за секс, но било само површно или за да се надоврзам на некој друг што пишал.

    Во реалниот живот со никој не споделувам ништо за секс освен со дечко ми нормално. Си имаме dirty talk и се, и тоа е нормално. Тоа си е наше и само ние си знаеме како ни е. Нема што да се расфрлам наоколу со муабети за секс, кога денес и ретко на кој може да му се верува.

    На сите ни е познато колку дркаџии има на темите за секс и сметам дека тоа е главна причина што не се споделува многу таму. А сметајќи на тоа и дека многу е лесно да те препознае некој, многу незгодно би ми било некој познаник далечен да знае на пример дали фантазирам за секс со девојка или ми е незамисливо тоа.
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, RoseRain и 1 друга личност им се допаѓа ова.