1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку зборуваат жените отворено за сексот на форумот и надвор од него?

Дискусија во 'Секс' започната од WildMk, 1 ноември 2018.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Мислам дека поентава на темата е дали општо збориме за сексот овде.Како нормална појава.Мислам дека не ѝ беше поентата на Вајлд да нè натера да збориме за својот приватен живот.
    Мислам дека веќе сексот не е толку табу тема.Поготово не е во моја генерација.Мислам не дека одат по улица и кажуваат како и што правеле ама не е толку срамота веќе да се збори за тоа.Плус во школо нè едуцираат имаме предавање.Баш пред скоро време во МКЦ имаше SexED.За овде конкретно мислам дека не се збори многу.Секој гледа да си го сочува тоа за тебе, и искрено го почитувам тоа.И искрено не ме интересира која членка како што правела со својот партнер.Мене ме интересираат искуства и некои интересни работи.Не би да навлегувам во тој сегмент од нечија приватност а не сакам ни некој друг да навлегува во мојот.
    Форумов е анонимен јас гледам максимално да останам анонима.Сепак сакам да се сокријам зад кулисите.Секој си ја изнесува својата приватност и својот живот свесно или несвесно и онолку колку што мисли дека треба.Некогаш ненамерно може да се открие некоја членка.Два педа земја сме доволно е неколку коцки да се склопат и да се најде некоја членка.
     
    На crnotreF му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    #metoo знае да биде overrated понекогаш! Понекогаш е ресурс за уништување за нечија репутација но кога правно е аргументирано дека наклеветен маж и те како грешел треба да си го крка за злоделата спрема жени. Но отворен муабет на маж во пар покрај жена му за секс јас не го сфаќам одма како зачеток на дела кој би ги објавила во движењето.
    Инаку ни јас ни @WildMk не зборуваме за безобразно и иритантно раскажување на секс искуства со кој се провоцира соговорникот.
    Зборуваме баш за тоа зошто некој да се воздржува од зборување за нешто толку едноставно како секс кој е вообичаена навика на луѓево.
    А тоа дека промискуитетен психијатар ќе му влијае на работата и бизнисот ма дај ти се молам,на државна докторите во најголем процент не промискуитетни,туку екстра сексуално порочни се па со месеци чекаме на мој термин да не примат.
    Мешање на професионален перформанс и сексуална активност и апетити во приватен живот е излишно и многу малограѓанско.
    Ако започнам да дефинирам се според тоа како јас доживувам ете и термини лесна и промискуитет сметам дека темава ќе отиде во ќор сокак, ете затоа и јас не напнав да ми објаснува секој што смета за предрасуда. Подобро е да се држиме до темата.
    И @WildMk @Annath претходно убаво објаснија во која насока е пожелно да се одвива дискусијава па ако моето објаснување пречи, занемарете го сосем, фокусирајте се на нивните пренапредни мислења, нека биде моево за канта;)
     
    Последна измена: 3 ноември 2018
    На Annath, Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ќе ви опишам пример, за тоа што од муабет за секс ме има испровоцирано да изреагирам.
    Може ќе ми ја разберете поентата...

    На слава, 10тина возрасни.. се вртат мангал муабети и еден искоментира нешто во стилот:
    - Не сакам да е ороспија.
    Запирам муабетот на сите со:
    -Тишина!! Тишина сите!
    -Ти! Ај објасни ми што е за тебе 'ороспија'? Како проценуваш дали е некоја таква?
    Запираат сите со муабетот ... ме слушнаа и сега чекаат типов да објасни.

    Ќе парафразирам од она што памтам.
    -Таква која не внимава на однесувањето, знаеш.. игра по маси по кафичи пијана..

    Си замолчев...
    Знаете зошто? Затоа што неговата сопруга го правеше тоа, а јас сведок бев. Очигледно, никогаш не дознал се' за нејзе, и во случајов и сопствената жена, мајка на неговите деца ја нарече: Ороспија!
    Само се надевам дека од тоа на таму, ќе му објасни таа некои работи.. Иако се сомневам.

    Гледате... ништо од искуство, ни детали немаше во муабетот.

    Имам проблем со несоодветно однесување, дискриминација и навредување... Не со тоа дали знам од А до Ш како некоја имала секс синоќа, во кои пози, дали стенкала, тој кај свршил итн...
     
    На 1209, Lolo5, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Вaјлд сaкa дa јa дoведе oтвoренoстa нa луѓетo зa сексoт нa свoе нивo. Дa збoрaт oнoлку кoлку штo тaa мисли декa требa, зa рaбoти штo тaa мисли декa требa, a дa се рaсфрлa сo сексуaлни вoзнемирувaњa или шoвинизaм тaму кaде штo неa и oдгoвaрa. Сaкa дa ги нaтерa луѓетo дa признaaт слoбoднo пример декa мoжеби не се зaдoвoлни тoтaлнo oд сексуaлниoт живoт сo свoјoт брaчен пaртнер пa дa се сoглaсиме сите пoсле дoлгa дискусијa декa oтвoрен брaк е мoжеби идеaлнo решение (нејзин личен бенефит, oпштествo без oсуди зa нејзиниoт избoр, штo е oк и пoтврдa некaквa декa не згрешилa сo избoрoт). Амa, пoгoре гледaме декa не се сoглaсувa сo некoи приличнo нoрмaлни прaшaњa и ги сметa зa нaвредa или сексуaлнo вoзнемирувaње. Штo е јaснo зa штo тoчнo тaa сaкa дa рaзгoвaрa и кoјa е нaмерaтa нa сетo oвa сексуaлнo oслoбoдувaње кo дa сме вo Ислaмскa зaoстaнaтa земјa a не некaде кaде се пoчнувa сo секс уште нa 14 гoдини и слooбoднo се збoри зa истиoт без некoј дa те цензурирa. Oсвен мaжите, oни се бaнирaaт зa вaкви рaбoти aмa сепaк жените нa крaј се некaкo oштетени. Пa и сo нaмерa дa е некoј дa зaпoзнaе некoј нa фoрумoт зa секс, ние кaкo без предрaсуди требa дa прифaтиме и дa дoзвoлиме дa си се нaјдaт и дa реaгирaме тoгaш кoгa личнo ќе се пoчувствувaме зaгрoзени. Не дa пријaвиме oти ни е непријaтнo, туку зaгрoзени. Oти нели, не смее дa ни биде непријaтнo, нoрмaлнa рaбoтa е сексoт. Е, кoгa ќе видaм првo вaкви прoмени нa фoрумoт, кoгa ќе видaм личнo oд oние вo прв ред пoстaвени фер грaници зa сите a не кaкo сегa, се зaлaгaaт зa нештo штo и сaми тoчнo не знaaт дa гo дефинирaaт туку се вoдaт пo чувствa, штo им е вo мoментoт oк a штo не, тoгaш мoже дa збoриме. Вaкa, се oсеќaм кaкo пиун вo нечијa кaмпaњa зa личен интерес. Бенефит зa неa, oк. А мене кoј ќе ми oдгoвaрa нa прaшaњa oд типoт -кaкo вртиш сo јaзикoт?
     
    На Tanjamm, Tekki и sesilija им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Тоа што имаат секс од 14 години и зборуваат за пози, не значи дека нема осуди и дискриминација.

    Бенефит ќе имаат тие што се обесправени, и тие што се неинформирани.
    А ти ако не заприметуваш дека живееме во нерамноправно општество.. тогаш.. јака ти е дрогата.

    п.с. не е лошо на момент, сите да заборавите кој член пишува (пошто за мене веќе имате јаки конструкции во главите) и да се замислите конкретно за содржината на самите постови во темава.
    Поинаку можеби ќе ги доживеете.
     
    На ane.bella, Someonespecial, crnotreF и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Зашто мислиш дека би ја интересирале брачни пикантерии?Целта на темава е сексот ВООПШТО да не биде табу тема.Жената пробува да поттикне дискусија.Мислиш многу му е гајле некому што правиш ти со маж ти?Или Стојна со Станко?Не му е гајле никому.
     
    На ane.bella, crnotreF и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Мeetoo overrated?:D Па тоа е првата неофицијална инстанца каде жените МОЖАТ да зборуваат за сексуално малтретирање, за кое ти про форма си против, а ти го нарекуваш преценето! :whew:
    Јас зборувам за БИЗНИС , во конзервативнА средина кАко мк, не државна администрација на државна цицка , да да и Камчев е швалер па болницата му е успешна, знам. А мене да ме поврзиш со малограѓанство, малце ми е ту мач од таква големоѓраѓанка како тебе. Она за кое јас зборувам, спремна сум да дебатирам, а ти си спремна да речеш- ај нема да одговорам, оти е надвор од темата. :rofl:
     
    На Someonespecial, crimson, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Шо им се мешаш на луѓето, остај ги да си се во брак со ороспии ако сакаат :D
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Пa кaкo ќе се дискутирa слoбoднo зa секс aкo никoј не збoри oд личнo искуствo? Зa некoи теми мoже aмa дa се рaзвие дискусијa некoј требa и искуствo дa кaже. Бaшкa, oтвoренoстa и тoa знaчи, дa не криеме искуствa и желби, шo фaјде aкo пoстoјaнo збoриме зa другaркa или штo сме слушнaле или штo прoчитaле?
     
    На sesilija и DraganFem им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Криво ми е кога ќе посведочам нешто такво... многу ми е криво
    Не е таа ороспија иначе... тој е збунет.

    Не мора сите...
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Пa oтвoри си групa зaтвoренa тoгaш aкo не мoрa сите. Зaтoa збoриме тукa, зa сите.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Епа види, да не си го напнела за што е за него ороспија, немало да ја нарече жена му ороспија пред цела слава. На крај само жена ми се чувствува неудобно, а тој мисли кој знае што паметно кажал.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Глупости.. Како може сите до еден, исто да се спремни.
    Исто како што ни сите не коментираат на религија.
    И веќе го поминавме овој муабет вчера.. мислам.. уај аген?

    Е баш затоа треба повеќе искреност и спротивставување во лице.
     
    На crnotreF му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Не реков дека ти си малограѓанка ајде најди каде јас лично посочувам дека си ти таква и да дискутираме на долго и на широко а ти мене во исмејувачка конотација ме нарекуваш лично мене големограѓанка.
    Така да овој навредувачки став од старт мене ми укажува дека со тебе не ќе може непристрасно и без потсмешливи навреди ни да се дискутира ни да се дебатира. Имај пријатен ден покрај твојов неуспешен обид да ми ставиш во уста зборови кои јас никаде лично не ти ги препишав тебе.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    @crnotreF @Dentina , мислам дека и двете можете да се согласите за многу работи, само во погрешен правец ви отиде преписката...
    Почнете од почеток.
     
    На Feminka22 и crnotreF им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    @WildMk Отвори нова тема.
    Сегашнава е со друга тематика, за разлика од она што ти го пишуваш последниве страници. Вака си офф.
    Темава е дали зборуваме за сексот како интимен чин, ништо повеќе и помалце.
     
    На Someonespecial, Nausicaa, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Па добро де не мораш ако неќеш да ги изнесуваш сите детали.И зашто да не можеш да дискутираш ако немаш лично искуство.Баш убаво некој да сподели некое искуство да може некој друг да извлече полза.И не мора на другарките прљавиот веш овде да го вадиме.
     
    На crnotreF му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Ад хоминем настапи се правиот пат:D, на ниедна моја теза не даде контратеза, на ниедно прашање, одговор. Пријатен ден мене не ми зависи од куртоазни желби на интернет, туку од тоа каков јас си го правам, мање више. Ти го нарече #миту преценето, се сеќаваш?
     
    На Someonespecial, Nausicaa и DAngel им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Oти прљaв? Штo е прљaвo вo сексуaлни искуствa? Знaчи oд стaрт велите -прљaв веш, a oчекувaте некoј дa збoри зa свoјa интимнoст.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Не е во буквална смисла ,,прљав” не биди буквалиста жити се.Што има од туѓа интимност издавање фајде?Село?Полека малце има разлика меѓу селанка и сељанка.Едната живее на село а другава е wanna be паметна а паѓа на глупи фори.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.