Кога ќе се случи ова на форумов мислам ќе се скрши огромно табу и ќе се тргнат бар за миг сите предрасуди кои ги навлече со споделување на информации за отворен брак. Но живи били па видели Инаку @Bridget тука никој со тебе не игра шах па ди да се осеќаш како нечиј пиун, е сега ако си толку сентиментална и потпадлива под нечие внимание осеќај се како пиун што да ти кажам, јас и @WildMk се осеќаме ко краљици, па слободно придружи ни се А за отворен брак па не е прва Вајл, Карл Јунг го практикувал со години и no big deal. Тоа е личен избор и ако не можете да ја видите поголемата слика на дискусијава и темава па не се сопнувајте постојано на-отворен брак па отворен брак и не мешајте постојано баби со жаби. Инаку вака у глобала фина констатација од твоја страна само фали малку црн хумор нели?
Темата ја отвори Реинбоу, после преписката на СДК и избришаните коментари. Родена е буквално во 'брзање'. Повторив повеќе пати, која ми е поентата. Секако не исклучувам и можност за експлицитно изнесување на лични искуства, ама тоа не е приоритетот. Во моментот повеќе е проблем, општиот пристап кон женската сексуалност, и од страна на жени, а и од мажи. Како и разликите во односот меѓу машката и женската сексуалност... Предрасудите и општествените норми поврзани со нив итн... Баш и во Прашања до форумот искоментирав: Еве која ми беше идејата... оригинално.
Мислам дека многу мал процент зборуваат отворено жените за секс надвор па и на форумот. Се се извртени муабети,нормално не се откриваат лични искуства и почесто се даваат примери за средината во која се наоѓаат. Треба да се зборува отворено, заради едукативниот дел и начинот на кој, некој во живо неможе да праша, ке прочита овде искуства и ќе му се разјаснат некои работи за кои бил љубопитен. Често се злоупотребува искреноста и се согласувам со ставот дека анонимноста треба да си ја зачуваме за својот интимен живот. Може да советуваме, да даваме идеи, на никој не би ни шкодело но свои интимни ствари да не изнесуваме. Лично за мене со овој ум сега не би издала ништо од својата спална. Би едуцирала за полово преносливите болести, за заштита при секс од несакана бременост, но лични искуства не би споделила. И, не сум конзервативна воопшто, споделувам толку колку што мислам дека е потребно. На 18 години сум пишувала баш вакви глупости за себе и за сексуалните свои искуства- сега се каам и велам дека не сум била доволно зрела па сум споделувала интимни моменти. Убаво е прашањето во воведот и да ја водиме дискусијата во тој правец, не во погрешен.
А што требала да глуми она? Нојот со глава в земја и да се смее како ороспиите се непожелни а? Ништо @WildMk следен пат да дофрлиш таквите на ломача, го чистиме општеството од предрасуди со уништување на тие што бодат очи, а btw не ни знаеме зошто тие ни се трн во око, онака од што секад некоја мора да е црна овца. Ах напредок на човештвото до врвни граници
Епа не глумете. Зошто глумите? Не мислиш дека тој негов испад, се должи на тоа што таа крие работи и глуми лудило? Е затоа треба поотворено да се зборува
Да ако сакаш отвори тема таму човечно ќе се дискутира не вака подмолно со потсмев А не разглабав твој тези да не ја засенам темата, повели отвори тема не само јас и другите да си кажат што мислат, сепак нит јас нит ти сме толку битни за да ја засенуваме целта на оваа тема начната од @WildMk дека ко што ми личи од петни жили групно се обидувате да ја замрете темава и да ја замолчите @WildMk .
Па култура од мал се учи. Се знае што е муабет за на маса пред 20+ луѓе. Или не, чекај, јас ќе ги натерам сите да заќутат за да чујат како си ја нарекува жената ороспија. Па во овој муабет само нему нема да му падне незгодно, ќе мисли глупакот кој знае што паметно кажал, а жена му ќе ведне глава. Супер, си направила да и се згади така малку од маж ѝ. Ништо повеќе. Не глумиме. Нели немаше предрасуди. Како одма процени дека глумиме?
Еден пример од моја пракса- вчера дадов комплимент за парфем. Не е првпат во мојот живот , но е последен во професијата. Толку беше погрешно сфатено што не можам да почнам да опишувам. Имаше намигнувања, кикотења, очијукања, понуди за по телефон да ми го каже името на парфемот. Што требаше да направам- да го едуцирам? Да напоменам, иако неформален однос е пожелен, работиме во релативно конзервативна населба во сосем неконзервативен град. Порано ако колешка дадела комплимент за парфем, муабетот одел за парфеми понатаму. Кај мене отиде за незнам што. Јас не го сфатив ова како повик за крусејд за дали е харасмент моето или неговото. Си напишав ноут ту мајселф- не прашувај за машки парфеми. Инаку сум имала искуства со вознемирување од машки многу помоќни од мене, па ниту им подлегнав, ниту се смешкав како комплимент да ми дале. Едноставно своето однесување го прилагодувам во зависност од контекстот и простор/времето
А ти адвокат на Вајлд си? Јас ако имам на вајлд да и кажам нешто , обично и кажувам, тука или на пп. Немам јас проблем со темата на вајлд, ниту со различни мислења, ако имаат бар малку логика .
што со тие кои не знаат или не можат да 'сосечат'? И од каде знаеме дека нема ние некогаш да бидеме 'притиснати' и да се најдеме во ситуација, во која игнорирање не помага? Каде се' ми оди паметот... појма немаш..
Па не генерализирај, не викај "не глумете" по еден пример. Речи глумела, а на крај краева, па и не глумела. Супер, се качувала по дискотеки пред него, се запознале кога не се качувала, не се качува, заедно се. Он мисли дека жена му не се качува. И ок е тоа. Таа пред него можела ако сака во слободно време и како кловн да се однесува, тоа е тотално небитно.
Зошто жена му да ведне глава, заради неедуцираноста на маж и? Културно е да предочиш некому нешто и тоа конструктивна забелешка за да биде разбрана и да се оправи работата. Таа култура се учи од мал прво преку сакање себе си, блиските и најважно сакање на вистината и желба да се сподели само вистина и ништо повеќе од тоа, ништо од типот на потценување, исмевање, навреди, превртување на ситуации од фактичка во имагинарна ко тој не разбрал ништо а жена му веднела глава. Знаеш што е фактичката ситуација?? Коректно без навреда @WildMk му одржала убава лекција, дека е неедуциран и дека ако сака да напредне во својот личен развој треба да се едуцира пред да започне да навредува, при што сакајќи/несакајќи си навредил жена,ќерка и мајка или која и да е што според негов опис за ороспија влегува во линчен опис за добивање таква етикета. Паметно Вајлд,go girl go go go
Па и вие не генерализирајте дека јас само за секс зборам и сакам сите да се во отворен брак.. Ти за мене колку генерализации си пишувала пример... со кантар не се мери Да ми простиш, ама многу е битно. Освен ако не си мазохист, па да не ти смета да го поминеш животот со човек кој отворено те навредува.
Ќе се оградам од секоја твоја понатамошна провокација зошто за да се разберам со тебе ќе треба да се спуштам на твое ниво,така да бујрум отвори тема кој има ќе си каже кој не,па ништо лично што ќе игнорира. Еднаш ти посакав убав ден така да толку од мене
Знае тој знае дека е жена му ороспија, намерно така рекол тој неа да и одржи лекција. Што се засекира ти толку? На некој/а можеш само да му/и земеш не можеш да му/и дадеш. п.с.најчесто памет-дадеш/земеш,алиш-вериш
О, боже ( рекол некој атеист) Од моите провокации не можеш да се оградиш, зашто јас не те заградувам, ниту настапувам во твое име па да ти треба оградување. Кое е мое, а кое твое ниво, останува отворено прашање. Јас АКО САКАМ ќе отворам нова тема, ти сигурно нема да ме поттикнеш. Размисли за својата сервилност , ти браниш човек кој воопшто не е нападнат од мене. А ако не се согласувам со некого, јас кажувам директно, минионс не ми требаат. Ова го припишувам на младост пред се, тогаш сме поогнени во залагања, така што ич верувај не ме замараш. А ако јас тебе те, не ми посакувај убав ден туку блокирај ме.