А да... прашањата кои ги поставив на ЖДМ беа за женска хомосексуалност, машка хомосексуалност и колку сексуални партнери сте имале во животот. Која од вас би разговарала за овие прашања? м?
Би разговарала овде, или би разговарала со полно име и презиме?)) Плус на ждм, рачунај 967 имаат принт скринови од се што било кога си рекла
Како му оддржа лекција нему? Најде во ЖДМ да прашуваш кај што групно си ставаат слики од машки во штикли за да им се потсмеваат. Патем, не сфатив? Што ги учиш луѓето? Како да генерализираат? Да те потсетам на твоите изјави дека: - сите што имаат Инстаграм се психички нестабилни - сите што носат шминка се робови на своите мажи - сите што сакаат да се дотераат за на работа се неспособни и сакаат да остават впечаток со облеката за да не приметат работодавците дека не ги бива Да продолжам? Немој те молам за генерализации и толерантност да зборуваш.
Баш лично сум била присутна на разговори кога си го рекла тоа. Гледаш колку ограничен ти е погледот на светот и колку не си спремна да прифатиш човек поразличен од тебе? Толку.
Еве еден друг пример за наинформираноста и дискриминацијата која ја практикуваат млади. На работа, пред 5-6 години. Во иста канцеларија бевме неколкумина, од кои едниот дечко, 15 години помал од мене. Не знам што беше точно муабетот, ама овој малиов, искоментира нешто во стилот: Се знае што е целта на жената во животот. Да роди деца. После тоа нема цел. Прво една од колешките со која подолго работевме, се заврти и му рече: Е шо ти требаше тоа да го кажеш, не знаеш во што се впушти сега. Се 'впушти' во 'разговор' со мене.... Прво што го прашав беше: Дали мајка ти треба да ја убиеме, пошто веќе има дородено, и целта си ја има исполнето? Вакви примери има колку ви душа сака. И во младите очигледно има многу непознавање. И кај машки и кај женски. Има многу такви примери и на самиов форум... Друго што имам заприметено е дека многу почесто жените биваат навредувани од други жени, а не од мажи. На жена ако не и' се допаднеш за нешто, за се' има да те 'изренда'... И за сексуален живот, и за начинот на кој одржаваш домаќинство, и за начинот како ги воспитуваш децата... за се'
Секој си има право на мислење, ама кога тоа мислење го образложи треба да биде свесен дека понекогаш може да се открие каков трупец е
Ги прочитав сите мислења и оно што ми го привлече најмногу вниманието е дека зборувањето за секс освен во контекст на мајтап е за тинејџерки/и, поради ваквото мислење на грото и треба да има ваква тема, треба да се зборува отворено за сексуалноста на жената. Што една тинејџерка што имала секс 3 пати би имала да каже на тема на сексуалност, повеќето сеуште не си го ни запознале телото како што треба, повеќето не знаат ни што е О од оргазам освен оно што го гледале во порно филмови па ги имитираат истите, повеќето не знаат дека може да кажат не на секс откако веќе го имале, повеќето не знаат за г точката и која поза ќе им даде максимално задоволство итн итн, значи има што да се зборува а да не мора да се изнесуваат лични искуства од сопствената спална. Има сеуште жени кои мислат дека само мажот треба да се задоволи, има жени кои мислат дека силувањето во брак е ок, далеку сме од напредни во однос на сексуалноста на жените, можам да кажам дури и дека сме сеуште назадни зошто се во однос на сексуалноста на жената се гледа како на чекор од промискуитет, се руши сликата за “чедноста” на жената а и зошто да ми се руши сликата за “чедност” ако уживам во сексот? Во Етиопија, Еритреја, Судан, Сомалија сеуште ги обрежуваат(осакатуваат) женските деца, точно знаат зошто служи клиторисот и затоа ги обрежуваат, од друга страна пак мажот нема секс со жената која е обрежана еднаш во годината за репродукција туку кога и да посака, значи тој како маж е во ред да биде сексуално задоволен а жената не, повторно да не и се наруши сликата на “чедноста”. Имам колега на работа од тој дел на светот и кога му го поставив прашањето ме гледаше како сатана некоја, као што има вие жените да уживате во сексот, вие сте мајки, па и они се татковци па ете свршуваат секој пат кога имаат секс, рамноправност во 21 век 0. А највеќе мислам дека се избегнува да се зборува за сексуалноста на жените поради осуда од истите тие жени кои си имаат слика на некоја измислена “чедност” во главата. Пред можеби месец седев во парк со децата до мене седеа две Македонки, си зборуваа слободно зошто не мислеа дека некој ги разбира, не знам што им беше муабетот предходно ама кога едната ќажа дека ужива орално да го задоволува сопругот другата со загадена фаца ја праша дали ги бацва децата после со таа уста, поцрвене првата, се засрами како да им го пушела на цело маало а не на сопругот, сакав да и кажам дека ништо не и фали, дека нема што да се срами ама си викав уште толку да не се засрами па си преќутев. А и таа со згадената фаца сигурно му го пуши на мажот ако не она тогаш некоја друга ама ете да се направи “чедна” ја засрами другарката као не сум јас курва да му го пушам на мажот. Поради вакви жени може и сопругот да ти е единствен партнер ама ако кажеш што се правите во кревет а и надвор од него ќе те прогласат за курва, ороспија итн затоа молчењето е злато. Така додека мажите ќе се лупаат по грб и ќе си викаат браво бе брат, ебачиште, за нивната сексуалност а ние ќе си се засрамуваме една со друга ќе нема рамноправност ама мислам дека не ни се мажите криви затоа туку ние жените.
Абе имав пишано на темава, ми го нема мислењето . Ц ц ц кога и да коментирам на осетлви теми по некоја се пронаоѓа во моите постови и ме пријавува да ме бришат. Стварно сте темпераментни мајке ми . АКо ме мразете не ме читајте, арно вели @baba Rada
Има и тоа како. Баш е доказ за тоа колку им треба едукација на некои и колку е битно да знае тој колегата: Дека мајка му не е инкубатор, и дека и таа ужива во сексот.
Упорно, страници наназад, одредени ликови се трудат да ја миноризираат темава и да ја сведат на обичен секс талк. А е многу повеќе од тоа, или барем има капацитет да биде. Зошто го прват тоа? Којзнае? Дали заради Вајлд и нејзината “репутација” на форумов, дали заради сопствената конзервативност, дали бидејќи имаат одредено мислење / поглед како да изгледа форумов па се што не се вклопува не чини, или само колку да се контраат? А штета, навистина, може многу квалитетна дискусија да се развие.
од краткиот период што сум тука мислам кога се сокриени позади аватарче сите имаат грам повеке храброст да пишат тука него ли да седнеме на кафе и да направиме муабет кој не е табу или пријателкиве нема да ми се смеат за тоа ... после минимално искуство преку онлајн муабети и таму е ризично да си ја отвориш душичката, сите сакаат опуштен муабет да си бидеш ти ти , ама после реален разговор кретенизмот излегува на површина од другата страна ..... секаде е нож со две острици таа/тој кој ги трга стереотипите на страна и прави муабет со факти и на реално ниво ОБАВЕЗНО во прва рака има некоја "fake" поддршка ...као терај цуро така треба , а "behind doors" летаат простачки муабети за неа ..... таков ни е менталитетот, таква ни е уката од малечки, балканизам
Искрено,не сакам и некоја секојдневно да ми кажува што правела ,а не сакам ни некоја кога и кога оди е во состојба да ги сплете нозете во плетенка,демек она ретко има секс. Не сакам ни пред непознати да правам муабет на таа тема. И мојот сексуален живот не го раскажувам како турска серија. Едноставно , има некоја граница на однесување. А за тоа дали сме анонимни или не,за форумов конкретно,не знам зошто некој би го интересирал бојното поле во мојата спална. Се во свое време и на свое место.
Сите ја разбравме поентата како што е поставена темата, тоа што некој си имал друга замисла само вика дека треба нова тема да си отвори. Поубава ќе биде за дискутирање, повеќе ќе има што да кажеме. Оваа е буквално така поставена и нема што да ги напаѓате членовите дека не разбрале.
Ам нема што да те плукаат, као демек другите светици се . На прсти се бројат таквите. И не е ни битно уствари. На форумов мислам дека слабо зборуваат на таа тема посебно оние што веќе пред некого го откриле својот идентитет па се плашат од рекла казала и да не случајно некогаш пред некој нивен битен излезат докази пишани докази значи лично од нив за нивната "невиност". Во реалноста е малку поинаку. Сумњам дека го кријат својот сексуален живот пред некоја мн блиска другарка/другар/сестра/брат .Впрочем гледам дека доста од нив и не се баш нешто најинформирани па обично кога ќе им се појави некој проблем или се премн задоволни (другата спротивност значи) се исповедаат или прашуваат за мислење повторно од горе наведените. И обично да добиваат совет. Јас не сметам дека е тоа ни нешто срамно ни нешто страшно. Секој со својот стил на живеење. Ама дека никој никаде на никого никогаш не му се исповедува е тоа мало сутра.