Голема улога тука има тоа што повеќето се знаат и ван форумов, поголема анонимност помалку стегање кога се такви муабети у прашање. Али на крај краева секој е доволно возрасен за да си има преференци за секојдневните муабети, ко што ти сакаш да збориш за секс некој сака за манџи да збори и не го глеам проблемот
Не е точно дека за манџиња зборат, се убив рецепт за колачи да барам - ништо Зошто не се зборува за секс? Па од две причини воглавно- задоволни се и нема што да зборат, фино си го доживеат. Не се задоволни и срам им е, не сакаат да зборат за тоа, не се чувствуваат пријатно. Лично: “Сакам да ме изеба ко да нема утре“ - нема да пишам на форум, ќе го нападнам па ќе ме изебе ко да нема утре “Ако сакам да го ебам некој, ќе го ебам“ - Ќе го ебам, нема да пишам на форум “Сквртнав за прв пат!“ - сум сквитнала милиони пати, ништо посебно. Поубаво ми е кога не сквиртам. Не ми е нешто ни за фалење ни за замерување. Јас зборам за секс, еве. Ама моето зборење секогаш е насочено кон штетни пракси кои се промовираат како емпауеринг. Немам потреба како маж да дојдам и да зборувам за секс на форумот. Истото тоа однесување и од мажите ми е гадно, оти се карактеризира со сведување на парнерите на објекти. Не мора да се однесувам како најниското од мажите за да се чувствувам еднаква, ни на сексуално ниво ни на билокое друго. Не сум еднаква, супериорна сум. Клиторисот има многу многу повеќе нервни завршетоци од пенисот и as far as we know служи само за задоволство. Ни еден маж не може со таков орган да се пофали Додека нему да му дури и дојде близу до свршување, јас сум свшила куп пати Преуморна од сексот, немам време за расправање колку ми се ебе по форуми. Ама за се што е погрешно за женската сексуалност сум секогаш тука да дигнам галама. Не е муабет за секс само "ми се ебе", има куп видови муабети за секс.
И тоа им дава право да осудуваат и вреѓаат оти некој збора за секс? Знаеш колку пати се случило дроб да ме напраат заради тоа што сум била 'вулгарна'? Да не зборам за 'титулите' како: Курва, Неморална, Како ќе сум си го воспитала детето. А шо е најсмешно, не ми е гајле за мене. Не сакам ќерка ми да расте и живее во средина која ја осудува нејзината сексуалност. Не сфаќам како не им е гајле ни за нив за нивните ќерки што им живет во заедница која ги дискриминира и потчинува, па дури и да ја поддржуваат таквата заедница.
Свашта сметаат луѓето за навреда во денешно време Да направиш некого дроб значи да го помодриш од тепање. Не си тепана на форумот, нити си помодрена. (Недај Боже такво нешто)
Не твоето, туку општо: За сите кои како тебе мислат, нека не пишуваат, ама нека не јадат и лајна за другите. И не навлегувај во семантика, ич не е смешно да си жена во конзервативна заедница. Не знам како не си заприметила до сега.
Монопол над форумот да не сакаш бе Вајлд? Одредени челнови ептен многу се занесувате со контролата на што смее и што не смее да се пишува.
Не монопол. Почитување на правила и лична култура. Никој нема право да навредува луѓе кои не му се вклопуваат во концептот за 'правилно однесување'. Не ми е јасно, зошто ми се инаетиш? Нели си ти феминистка? Стотици постови имаш за феминизмот. Или, едно збораш друго прајш? Ко повеќето впрочем...
Па што дојде тука да ги навредуваш другите за "манџичките"? Или сакаше да кажеш "никој не смее мене да ме навредува, ама јас смејам секого, оти јас сум освестена а вие сте конзервативни, тупи и со испрани мозоци?"
Ова мислења ваљда се објаснува. Смешен став, сите се против тебе. Ти некако кутра, неразбрана, револуционерна. Само ти се знаеш и се умееш. Жално Вајлд, жално. Не знам од кога цел на феминизмот е да се навредат сите жени за да се издигнеш ти "духовно". Немам јас ништо со тебе и со тоа што ти си го замислила како феминизам, за среќа... Толку од мене.
Ти си арогантна и ги гледаш сите одозгора, не ми проектирај врз мене. Не сум го 'замислила' јас. Феминизмот налага слобода за секоја жена да биде она што е и да нема ограничувања и навреди и дискриминација заради нејзинот животен избор. Или не беше така?
Темата не е феминизам. И не, не беше така. За гледање од горе, да почнам од тоа дека немаш никаков осет за класна распределба и класна дискриминација, дека сите ги гледаш од очи на богаташица која не мора да работи оти маж и носи и повеќе од доволно. Па на сите им кажуваш како треба да се изборат за работнички права, ко Марија Антоанета, некоја. Друго, феминизмот е револуционерно и филозофско движење што се бори за отстранување на ставови и практики кои промовираат нееднаквост или потчинетост на жените, а се базираат на препоставката дека мажите се супериорни над жените. Феминизмот не е групна терапија, нити е индивидуална психолошка помош, нити е движење во кое исфрустирани жени од средна класа кажуваат како е најдобро за сите други. Најмалку е за лечење на своите фрустрации. За тоа има куп други места и институции.
Темата е директно поврзана со феминизмот и опресијата на жените поради нивната сексуалност. Заборави на момент оти ова го пишува некој кој не ти е по воља, и размисли за тоа што пишува. За психолошки проблеми, пишувам на тој подфорум, овде зборувам за самоцензурата. Колку си инает... неверојатно. А гла сечам дека ме разбираш шо зборам.
А зошто мислиш дека само заради срам не зборуваат жените или општо луѓето за секс? Мене не ми е срам, ама па немам никаква потреба да зборувам со рандом луѓе за мојот сексуален живот. Не знам зошто треба да се сметам за "ослободена од стегите" само зошто зборувам за секс, притоа со вулгарни изрази, барем вулгарни за мене, кои беа наведени погоре. Мене така да ми збори било кој маж или жена, нема да мислам дека е либерализиран/а, туку дека нема никаква елоквенција за да се изрази.