Па ако седнат да зборуваат и сфатат дека не сакаат да се помачат за сексот да го подобрат ќе мора да се договорат да тераат поинаку. Првиот чекор разговор, втор чекор или промени или отворена врска, ако не е опција тоа алтернативата е чао пријатно.
Ги мешаш работите. Ако бракот нема доволно комуникација, тешко дека воопшто ќе седнат да се договараат за отворен брак, што патем нема да го реши проблемот на тоа дека во бракот нема комуникација, оти врска/брак што нема комуникација за толку основно нешто како секс, веројатно има проблем во комуникација и на други нивоа.
Ама на тема секс има најчесто пречки во комуникација. Еве 3 год врска се тие, се им е супер освен сексот. Таа не сака да му спомне за да не го навреди, и плус знае дека нема да промени ништо со разговор само ќе стане чудно и за двајцата. Знам бидејќи ми се има случено слично нешто. Само што јас прво не зборував како неа, после почнав да си кажувам и промена немаше само шупакот ме праша да не сум нимфоманка
Епа не може да е се супер во врска ако не зборуваат за да не се навредат еден со друг. Од ова што го кажуваш тие не ни прикажуваат се пред партнерот, т.е. глумат нешто друго за да не се навредат. Разбирам дека има врски во кои проблемите во секс се тука и за нив може да има секакви решенија, ама дека партнери кај кои им е тешко да разговараат како да имаат подобар секс, дека баш воопшто ќе дојдат да разговараат за отворен брак, тешко ми се верува.
Да во право си. Ама тоа за отворен брак/врска го спомнав како решение за проблемот што се незадоволни од секс. Ако разговараат отворено можат да се договорат, ако не разговараат реков, џабе е се, ќе дојде крајот преку неверство или нешто трето.
„Не е заинтересиран за мене“, „Премногу кратко трае сексот“, „Ме тера да правам нешто што не сакам“, „Инсистира на секс“, „ Не ме задоволува“,„Не знам како да му кажам што сакам“ за мене не е муабетење за секс. Ова се проблеми во врска и нормално е да се дискутираат. „Леле како свршив вчера“, „Леле како ми го начука аууууу“, „Уф ама мастурбирав вчера гледајќи порно“ ми се реченици кои не очекувам да ги слушнам на кафе со другарка. @Fallen.Angel, другарка ти е заглавена во врска каде не е задоволена сексуално и очигледно и самата е свесна дека е дојдено време да реши што ќе прави понатаму. Тоа не е правење муабет за секс, туку за сериозен проблем кој ќе и го смени, можеби не животот, туку замислата што ја имала за иднината што би ја градела со тој, за неа очигледно, погрешен човек. Сексуална некомпатибилност е сериозен проблем во една долга врска и најчесто завршува со фрустрација, неверство и раскинување.
Не би рекла дека сексот е табу тема, туку интима. Интимата скоро секогаш не ја споделувам. Ако имам проблем со сексот со партнерот, ќе разговарам со него. Совети не би ми смениле ништо, затоа што конкретно за таа работа, не се вклучени трети лица за да знаат каде е коренот. Комуникација со афектираната личност е клучот за подобрување на било какви односи.
Другарка ти има друг проблем штом три години не се “осмелува” да му каже дека сексот е лош и смета дека тоа би го навредило. И не е отворена врска решение туку отворен муабет. Ама таму го нема ни тоа, така да врската не е толку совршена.
Сеуште е рано кај нас така слободно да се разговара за секс, треба ептен да го знаеш човек па да отвориш таква дискусија. Лично немам против и сум за, разговарам и со другарки и другари и со мајками дури секако со граница и мера. Имам познанички и еднаш баш на оваа тема отворивме муабет и ајде дојдовме до орален секс и почнаа коментари "да бе не сум курва тоа да го праам" Се осетив глупо и некое време ми беше чудно дури и со дечкоми да разговарам за секс.
A што ќе им праиш... Еднаш готова беше да повраќа кога раскажував нешто. Незнам ич не ми влегува во глава од каде такви ставови и мислења имаат.
И замисли повеќето од нив такви се само при дискусија на таква тема, имам приметено. Во секс сигурно го прават истото што и јас. Случај од средно. Девојче се грозеше штом ќе спомневме секс, а на крајот прва беше која се испофали дека имала секс а сцените кои ги опиша напомнуваа на порно филм со глумци кои имаат искуство по 10 години.
И да знаеш дека таквите прават и многу повалкани работи. Еве зборувавме со една пријателка на тема орален секс, демек таа не дозволува девојки кои знае дека имале орален да ја бакнуваат. Таа има променето повеќе секс партнери од разлиен калибар во секоја смисла, сега е во втор брак, и не верувам дека таа немала орален. Е сега од постарите, пример една од тетките стриктно си кажува дека таа и сопругот сакале само вагинален секс, и тоа им било ок, и ниту ја присилувал, ниту таа сакала да прави нешто друго.
Веројатно немало кој да и каже дека устата и без орален секс е највалканиот дел од нашето тело. Место каде што има секаква бактерија. Светица бе, не дозволувала да ја бакнуваат девојки кои имале орален. А тоа дека постарите не практикуваат орален се лажеме. Може поединци да не практикуваат како од постарите така и помлади ама цели генерации не е можно.
Епа сакам да ти кажам дека многу од тие што велат дека не практикуваат, и се грозат, всушност практикуваат. Еве јас не сакам и не практикувам, и не сакам да ми раскажуваат детали. Ок е јас да се грозам, јас тоа не го правам и не коментирам, дали пратикувам или не. Ама за пријателката која сменила повеќе партнери, и од втор ден познанство секакви луѓе носи дома, за секс секако, тешко дека немала. Сигурно има дел од луѓето кои не сакаат и не практикуваат и порано и сега. Многу од жените се натерани од партнерите со врска или брак на спутилен начин или директно да имаат орален, дури и да не сакаат. Жената мора, мажот не мора. Јас не сум чула обратен пример, жена да се фали дека мажот и пружа орален и дека го натерала, убедила, ама сум чула од мажи кои прв пат во живот ги гледам дека се фалат. Пример одиме на концерт, поголемо друштво, и со нас имаше маж и жена, мажот е бизнисмен, не е некој прост да кажеш. Зборуваме за пушење цигари и тој за жена му „ааа, зошто да пуши цигари, нешто друго ќе пуши“. Кај сосетка на кафе, таа кажува дека не пушти, и мажот од бања „што лажеш дека не пушиш, кога го пушиш“. Би се тепала со такви мажи, не па орален да имам. Непочитување е тоа. Големиот маж, жена му му пружала орален. Па нормално, ја тера со сила. Братучетка ми кога не била расположена за секс, сопругот и велел „добро, ако ти не сакаш, јас ќе најдам некоја која сака“.
Од мое искуство до сега сите сакале да ми пружат орален секс и без никакво мое инсистирање иако имало мали глуми од поединки во смисол ајде дај (демек чим си запнал а јас не сум запнал воопшто) Ќе бидам брутално искрен и иако ќе налетам на реакции за мојата искреност ќе кажам дека го оправдувам мажот на братучетка ти зашто има голема вистина во тоа дека тоа што не го добиваме од партнерот најчесто го бараме на друго место.Е сега дали баш само тогаш не била расположена или во континуитет неќела па му док.рчило тоа не знам ама јас ја зимам таа опција во обзир.
A да сe подзмислиш со какви луѓе се дружиш и одржуваш контакти? На темата, нема што да зборувам за секс со личности со кои не сум заинтересирана да гo имам. Нит сакам такви да ми зборуваат за секс.
Aбе ако како пријателка е ок, а таа дома што сака нека си прави. Туку во контекст на муабетот на девојката дека ете глумат дека им се грози, а реално тоа го прават.