Мене не ми смета да зборувам, со маж ми надолго и нашироко збориме , ама со други тоа со тек на времето ми стана излишно, зашто информираноста ми е на ниво и мислам дека нема што многу да научам од некого ако не ми е/или бил партнер, само куриозитети ќе слушам/кажувам така.Тие што сакам да знаат повеќе- знаат. Не ми е срам, ама не сакам да се ставам во оговарачки мелници.
Видете, може да напишеш мислење за секс, а воопшто да не спомниш свое искуство. Тоа е едно. Друго, зошто па и да не зборуваме за искуство? Зошто е толку 'страшно' искуството? Зошто на грото жени не им е ок да зборуваат за секс, а на грото мажи им е? Сте се запрашале некогаш? Која е разликата меѓу мажите и жените и од каде и како се создала таа разлика? Што е позади 'двојноста/дуалитетот' на тема која ја практикува цел човечки род, без разлика маж/жена... Буквално! Да не беше сексот, немаше да постоиме... Толку природна работа... како јадење кога си гладна.. а толкава 'цензурираност' на муабетот за истата?
Не е! Тоа е скроз стереотип! Мажите и жените, скоро исто посакуваат секс.. Не се разликуваме за тоа.. Либидото е индивидуална работа, не зависи од полот.
Мислиш дека маж на 40 детализира за сексот со жена му со другарите? I dont think so. Тинејџери и адолесценти, верувам.....Имплицитно сите знаеме дека се сексаме, не ми треба вербална потврда. И керка ми се кладам знае дека имам секс со мм, и зборам обилно со неа за сите прашања кои ги има на 13г, ама не за НАШИОТ секс во детали. Не ми е незгодно туку нема потреба конретен пример да давам, ниту па ке сакав детално да го знам срксуалниот живот на родителите ми.
Ако ловиш мажи по страни за секс - нормално е дека поотворено ќе зборуваат за сексот, и веднаш. Во принцип, за сексот се зборува, најмногу во вид на шали, замерки, и со машки и со женски. до 18 години се збореше кој што правел, и машките и женските. после пораснавме, па остана интима. Не е табу тема колку што приватност. уште со другарки ќе се навлече темата, ама не прашуваш - туку су кажува кој што има. Ќе се пофали некоја дека новиот партнер и е најдобар до сега, или ќе се пожали. Барем од лично искуство, повеќе зборат оние што не се задоволни од сексот. Да си разменат искуство, да чујат за поарно. Или оние кои одеднаш на поарно смениле, за да се пофалат. Другите - трај си, прај си Да идам сега да ги прашам моите за првиот им секс, ако не е интимност, а?
Јас со другаркиве зборувам за секс. И тие зборуваат. Со оние кои ми се најблиски. Дали се лажеме или не, мање битно. Зборуваме меѓу нас општо за секс, за пози, идеи и сл. Ама шо потреба кога на маса седам со другарки на другарката или втора братучеда на другарка на другарката да зборувам за мојот личен сексуален живот? И не, не е исто да речеш вчера дека си правела мусака или си се е*ела. Која е потребата секој да знае кога се е*еш? Демек видете ме јас можам вие не? Јас сум личност која често и не е во врска, а имам секс можда и повеќе од оние со маж и швалер. И сега сите треба да знаат дали јас денес сум имала секс три пати или ниеднаш? Малку теми на разговор има за нас жени па треба да се збираме на чајанка и да го дискутираме синоќешниот секс, па онаа која немала да слуша и да ќути? И да не ја споменувам малограѓанштината и фактот дека ако една се погоди трачарка пола град ќе те разбере. Не е сексот табу тема. Едноставно е интима. Секој за себе одлучува кога пред кого и колку ќе зборува.
Мех..ти сериозно мислиш дека растени под капа на патријахатот на темава ќе се појават жени кои отворено ќе зборуваат како сонуваат за безобразен анален, deep throat, оргија или нешто слично? Не функционира тоа така, прво мора да почекаме да помине втората голема депресија (догма) за да ја отвориме пандорината кутија, па бидеме брутално искрени колку сме во суштина.. развратни и перверзни. До тогаш муабетите ќе се прават исклучиво со дечковците, јер сексот спаѓа во длабока интима, па шшш е недостојна за дискусија. Јudgemental сум знам, ама не сакам конзервативни луѓе околу мене, јеби га. Блиски другари/другарки увек зборуваат за секс отворено пошто знаат колку сум либерте и знаат дека буквално не постои тема поврзана со сексот која е достојна за осудување или непотребно морализирање од моја страна. Луѓе кои не зборуваат за секс, се срамат или глумат куРтурни светици во подем, не преферирам да имам во опкружување.
Реков, не мора да пишуваш детали и/или воопшто лични искуства. Сеуште има млади.. па и возрасни, кои не знаат се' што треба да знаат. Сори Неонка сум на моменти
Која е потребата да зборуваш или пишуваш за мусака? Демек: Видете ме јас можам, вие не? ------- Видиш.. може и обратно. Нема 'несоодветни прашања', има само 'незгодни одговори'.
За мусаката секоја жена ќе ти реплицира што она правела за ручек. За сексот не е секоја толку либерална. И тоа треба да се почитува.
Зошто нема .. еве не 'секоја', пошто и за мусака не реплицира секоја.. Ама зошто нема, поголем процент? Зошто процентот на мажите кои се отворени да зборуваат за секс, е поголем од тој на жените? На што се должи разликата?
Не е се така црно и бело, понекогаш и до самиот карактер на човекот е, кој колку споделува моменти од својот живот со околината . Еве ја пример ни за емоции не разговарам, таков ладен, затворен тип сум. Зошто никој ме нема наречено конзервативна зашто не споделвуам такви информации, а кога велам дека не одговарам за секс тогаш сум конзерва ?
форумот не е мерило затоа што мажите на форумот се дојдени со цел да зборуваат за секс. Верувам во група луѓе, кај што никој нема намера да легне никого, нема ни едните ни другите да почнат за секс да зборат, освен по некоја шала и по некој мрсен виц.
Прво не споделуваат ни сите мажи. Второ, сосем доволна причина е ако не сака да споделува. Трето, ти споделуваш и никој не ти го оспорува тоа. Така и на таа која не споделува треба да и се почитува тоа. Зошто тебе ти е тешко да прифатиш дека не сака секоја да труби детали од сексот?