Епа зошто да е само таков разговорот? Има теми, кои заслужуваат конкретни и аргументирани коментари... дури и во Секс Реков не секоја! Кај пишав секоја? После ко ќе реплицирам на секое, ќе се буните сите.
Кога ќе одговориш ти на моите. Иначе, колку за инфо: Не зборувам со сите мажи за секс.. Ама се обидувам да зборувам со жени за секс.
Затоа што не дискутираат двајца со иста цел. Ако јас сум вегетаријанка и ти цело време ми збориш за плескавици, ќе размислам дали следен пат кога се видиме ќе започнам разговор за ручек.
Зошто ти е тешко да прифатиш кога жена нејќе да зборува за секс? Остави ги мажите и не ги испревртувај по твое мислењата туку дискутирај.
Точно.. но сепак, процентот на мажи, во однос на жени е многу различен. И зошто имаме само таков однос спрема муабетот за секс? Не мислиш дека има удел тоа со наметнатите машко-женски улоги во општеството?
На форумот? Има наметнато тоа што мажите премногу малтретираат за секс. Исто како и ти што малтретираш, па е контрапродуктивно иако мислиш дека помагаш. Поради би зборела за секс во реален живот, и сум зборела, отколку на форумот. Верувам и многу други. Ништо префорсирано не е интересно, напротив, напорно е и ствара одбивност.
Истиве 'аргументи' ги користат атеисти против верници и обратно, националисти против глобалисти и обратно... Малтретирање се Геј парадите?? Ете, некому се.. И Геј браковите?
Сакаш да кажеш дека само ти имаш секс, а тие што не зборат се против сексот? Жити аргументот. Извини, не знаев дека сексот ти е забранет, па мораш да правиш паради за него. Или дека си единствената жена на форумот што има секс.
Стоун, субјективна е темава. Пишувам како гледам на стварите од лична перспектива во врска со сексот, не пишувам докторат па да мора да бидам непристрасна. Инаку, сите сме различни и тоа е факт. Но, другари кои не се на иста бранова должина како мене во врска со секс темите генерално, за брзо време исчезнуваат од мојот живот зошто искуството ми покажало дека не можам да имам ништо заедничко со тие луѓе.. Кога ти би била моја другарка на пример, јас и ти би зборувале апсолутно за сѐ. Ако ти пречи да зборуваш за себе или секс, јас сигурно нема да те терам со сила, но исто толку е сигурно и дека нема да бидеме блиски другарки, зошто ќе имам впечаток како да не ми веруваш штом не ми се доверуваш, а можеби и потајно одредени поведенија осудуваш. Просто, се дружам со луѓе со кои сум like minded, simple as that.. Тебе те имам читано низ темите од друга страна, и не те доживувам онака како што се опиша - како конзерва. Не мислам ни дека си затворен тип, иако ти можеби најдобро знаеш каква си во суштина.
На вас две треба да ви се забрани да зборувате меѓусебно. Као, сајтов треба да вметне точка во својот правилник, во која изрично ќе биде напоменето дека @DAngel и @WildMk не треба да дискутираат низ темите, бидејќи секоја нивна дискусија се претвора во расправија. Жими се, нема двајца други ликови на форумов кои речиси на секоја тема олку се цитираат. Да бев една од вас до сега ќе соберев храброст, и ќе ја викнев другата на кафе за да разговараме на сите овие теми. Spoiler Сега следува фрлање чанти и штикли по мене. Одам офф.
@ilyan тоа го имав јас коментирано во СДК, мислење кое ми е избришано Кога немам секс ќе се пожалам дека немам. Кога имам глас нема да ми чуеш, оти ќе треба да кажам "Еј денес немав секс", затоа што "имав секс" не е ни вообичаено ни ретко, ниту изненадување.
Не.... туку имаш тајни ку*ви и јавни ку*ви... во основа, сите ку*ви И јадење не е изненадување, го имаш секој ден, па има и за тоа подфорум, со многу посериозни муабети од тие на секс.
Ми беше интересна тема сексот во фазата на откривање и имам зборувано и пишувано за тоа. Сега веќе го осеќам како...како да немам што да кажам повеќе Се случува се уште со другарки да зборуваме околу сексот, ама сигурно не одиме во детали и пози и анализи. На страна тоа што да бидеме реални, си ги визуелизираме работите, па да ми каже некоја дека правела мусака е далеку многу подобро отколку да ми каже дека орално го задоволила дечкото. Таква слика на никој не му треба. Нема ништо срамно во тоа нешто, ама немам потреба да го знам. И затоа и немам потреба да споделам такви детали. Ама би споделила на пример ако некој момак сексуално ме привлекува, или ако ми недостига секс во животот, или ако имам проблем за кој не знам решение... На крај се е субјективно. И одењето во тоалет е нормално, па не гледам некој тоа да го споделува. И миењето коса. И многу други секојдневни активности што за некого се приоритет и ќе ги спомне, а за некого неинтересни и ќе ги остави на страна.