Ако ми ги отвориш мислењата од пред 7 години, ќе видиш дека 90% се во темите за секс. Се враќаме на тоа што реков, на 18-20 години. 1. "пораснав" 2. никој не ме малтретираше тогаш на форумот затоа што зборев за секс. Сакаш глупи споредби? Сфати ко ова како да сме жртвите, значи ако сакаш да се врата муабетите за секс на ниво на кое беа, не напаѓај ги жените и не обидувај се да ги "отвориш". Нападни ги мажите. ЈВГ, цело време збориме дека "victim shaming" не е начинот, и на крај се најде некој со сила да ти каже дека ти мора да се приспособиш на некоја норма што тој ја замислил за тебе. Баш она против кое се борат жените, нели? Ако некој ти пријде на улица и те иссвирка, ќе се почувствуваш непријатно или ќе отидеш и ќе си збориш со него за секс? Реагирај на причината, не на последицата. Отвори тема: "Зошто мажите сексуално вознемируваат жени на интернет", таму барај го проблемот. Патем, кај ти се маќите кои многу сакаат да зборат за секс во темава? Или секс разговори само кога има потенцијал за да им се дигне
Луѓенца, треба да сфатите дека не фукнкционираме сите исто. Некој не сака да зборува за секс, друг не сака да зборува за политика, трет избегнува теми за нешто друго. Но тоа не значи дека истата личност нема секс или нема мислење за политичката состојба, едноставно не сака да дискутира за тоа со други и треба да се почитува таквата одлука. Некои се срамат затоа што слушајќи го туѓото фалење мислат дека ќе им се смеат ако кажат дека долго време немале секс или дека не се толку искусни. Некои пак мудро молчат и си го задржуваат искуството за себе. Имам другарка што споделува буквално секакви детали за сексот и на последното кафе што го пиевме заедно ми изнакажа толку многу работи што во глава ми се створија некои слики кои не можев да ги тргнам со денови. Се осетив како и јас да сум присуствувала на чинот, после тоа кога ги сретнав со дечко и дури и ми беше незгодно од типот пошто знам работи што не треба да ги знам за него и нивниот приватен живот. Значи, да не бидам погрешно сфатена. Open minded сум, сакам да дискутирам за секс, неисцрпна тема ми е и секогаш има нешто ново да се каже, секако тоа се случува со најблиски другарки со кои сме на иста фреквенција. Желби, фантазии, омилени работи, да... ама раскажување во ситни детали не. Сепак во се треба да се има граници. На форумов веќе кажано е погоре зошто не сме активни на тие теми. Кога ќе размислам, не знам дали е добро или лошо тоа што сме анонимни. Некако е језив фактот што споделуваме толку лични мислења а немаме појма кој се стои зад сите овие кориснички имиња.
^ Па да ти кажам право, мене ми е језиво и кога шетам така низ Скопје или по некој од женскиве бутици кога ќе се умешам со многу жени. Си викам замисли колку од овие присутни се активни на фемина, кои ли се? Позади кој ник пишуваат? Знаат ли која сум јас? Може со некоја сум се закарала, може со некоја сум блиска во ЛП. Параноја мава некад.
Зборам, повеќе во живо отколку на форумов. У живо барем знам на кого кажувам, тука не знам кој може да ме познал и да ме чита. И стварно, кога бевме средно тоа беше интересно и ептен актуелна тема за муабет. Сега, кога помина некое време, и сите го поминавме тоа прво искуство, не сум приметила да се збори за тоа. Не ми ни текнува кога последен пат се зборело на тема секс со другарките што ми се во долги врски. Е тие што не се у врска и имаат нешто ново да споделат, тогаш може да се разврзе некој разговор. Инаку што ќе кажеш ново што веќе не го знаат сите?
Ни ме интересира за туѓи луѓе, ни сакам да споделувам за мене околу таа тема. Исто како што не ме интересира што правеле за ручек денес некои поединци. Повеќе пати ќе падне темата секс за разговор во друштво ама само за зезање, а не сериозно да застанеме и да објаснуваме што ни се случува во спална. Машки и женски хормони не се исти во никој случај. Никој не вика дека жените не сакаат секс или да зборуваат за него, само ете, не се 24/7 расположени да верглаат за тоа па тоа. Има милиони други теми. Нормално не може со секој да зборуваш за секс, и мене лично не ми е срам да споделам нешто околу секс со некоја другарка, НО!!!! премногу ми е лична и интимна таа тема и сметам нема потреба за водење сериозни дискусии. Едноставно не сакам. А темите околу храна, пиење, рецепти или спиење не може да ги споредувате со секс...Човекот секој ден мора да јаде, да пие вода, да спие, а не мора да има секс па за да биде толку отворена и секојдневна тема. Треба за репродукција, задоволство, опуштање, ама не е задолжитено секој ден како што е пример водата. Исто и на форумов премногу ми е лично да пишувам со што се самозадоволувам, кога сум имала секс, каков кондом користам, дали прскам Мислам стварно, кого друг, освен напалени мажи што дремат во категорија секс, би го интересирало овие работи?
Штрудлата од мојата идна свеќи ја прави цело маало. Замислете цело маало да се фалеше дека научило поза од мојата идна свекрва
Пишав во една тема и одма добив порака непожелна. И да од страв кој се чита овде, не ми се пишува. Во живо зборувам кога ќе падне тема на муабет, немам проблем. Зборувам најчесто општо, ама на некои и тоа општо им е премногу. Не сум прва што почнува муабет, ниту, прашувам, ниту ме интересира, ама кога некој спомнува, не се правам на три и пол или да гледам да сменам тема.
Јас со моите другарки и другари не зборувам за секс.Ниту пак со колешки. И со мајка ми немам никогаш разговарано, т.е. го немаме правено тој ,,информативен разговор'' во текот на тинејџерските години.Се што ме интересираше прочитав и научив од Интернет. Не дека сум некоја пуританка или конзервативна и сл. едноставно НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА туѓ сексуален живот, а не сакам ни мојот да го изнесувам. Со другарките сум заедно од основно со некои сум заедно и од пелени па никогаш немам разговарано на таа тема, а сепак сметам дека имаме баш отворен однос затоа што си се отвараме и за семејни проблеми и за анксиозност, еднаставно си имаме муабет за сè друго до трач рубрики, за секс не прашувам, ниту пак сакам да ме прашуваат. И овде на форумот каде што сум прилично анонимна(барем јас така мислам ) не пишувам за моите сексуални искуства и преференци, може некоја шала да вметнам тук-там и толку. Можеби во иднина ќе почнам да пишувам, којзнае, never say never.
Јас пак ич немам желба да едуцирам возрасни луге со разговор, за едукација за сексуалноста тука се училиштата, семејството и непосредното општество .( во основно ги носеа во фабрика за кондоми на пр.) Детето апсолутно сакам. Кажано и е дека секое прашање , колку и да е апсурдно или срамно или било што, да не се срами да праша, ќе и биде одговорено, а ако не знам , ќе пробам да најдам одговор . Боље него манијаци на интернет да чита ( нив секако ќе ги чита, туку да знае да разликува). И таа самата е свесна дека на пример едната баба и е поконзервативна од другата, по муабетите го забележува тоа . Е сега за хомосексуалност немам фрст хенд икспириенс, ама тие прашања неутрално ги одговарам. Оди едуцирај на пример некој талибан за женските права на пр. Едноставно не го зборуваме истиот јазик и не се ни трудам. А тема за која воопшто не зборувам е религија. Таму сум biased. Ама за тоа не ни размислувам. И ако керка праша, со дисклејмер и го кажувам моето мислење. ( во духот на прифаќање)
море и вие што сте итрици не сакате а упорно пишувате..во рок од 24сати начукавте 90 мислења. Демек не јас а
Никој никого не може со сила да натера да пишува или збори за нешто што не сака. Не пишувам во теми за политика и религија од проста причина што се на крај се сведува на кавга и навреди, така и во теми за секс не пишувам поради напалени мажи кои чекаат "жртва". Не дека немам што да пишам, исто како и многу други членки кои не се активни во секс темите, туку едноставно не сакам мојата интима да ја читаат сите. Се случило да ставам лајк на мислење во тема за секс па одма да добијам страшни ЛП.
Зошто ви е страв да не ве препознае некој? Што е најстрашно што може да се случи. Иначе, на секоја тема може да се дискутира... Дури и тие за секс. Под услов да ја сфатиш сериозно. Мислам дека има такви кај нас, кои не се ко талибанци и може да се едуцираат. Талибанци бе Ајде теорија малку: Ако пишуваат повеќе од жените на тие теми, воедно на тие во ЛП им кажуваат каде им е местото и ги пријавуваат, со време ќе се смени однесувањето на таквите.
Ќе го пријавиш, ќе го банираат и истиот тој ќе дојде со нов профил и со идентична порака. И тоа трае, не е од вчера, за таквите нема лек.
Апсолутно не добивам никаква сатисфакција ниту да зборувам, ниту да слушам за туѓи сексуални искуства. Ама исто сум тип на човек, што ни турлитавата за ручек нема да ја спомне - двете работи ми се многу тривијални. Просто речено, ич не ме интересира. Не гледам како ова е толку неприфатливо и анти-револуционерно. И Вајлд, како да ти кажам ама повеќето жени, времето што би го потрошиле намамувајќи со сексуално експлицитни мислења, ловејќи и пријавувајќи сексуални предатори по форуми, одбираат да го поминат во кревет со саканиот, на пример. Озбилно, која просечна жена има толку време? Предлог, може треба да отвориш свој форум, за секс, каде што ќе се дискутира само за тоа? И волкот сит, и сите мажиња исчистени од Фемина.
На форумов сум заради жени, не заради мажи. Не ни знаев дека има мажи на Фемина, додека не се зачленив.. Пред нецела година. После следеше откритието, и соочувањето со нив. Друга работа, што сто пати ја повторив: Можеш да дебатираш на било која тема, без да изнесуваш лични искуства.
Одбрав да не може никој да ми праќа пораки, ама одбрав и да не пишувам во одредени теми во кои спаѓааат и секс темите.
Ај вака да видиме.. на страна што повеќето од вас не сакате да коментирате на теми поврзани со сексуалност... Кои се тие што толку им е проблем, што јас коментирам на такви теми? Баш ме интересира на која и зошто и' пречи мојата отвореност? Пошто модераторите повеќе пати ми кажале дека мои постови се пријавувани, оти 'само за секс сум пишувала' (што не е точно)... И дека е можно да бидам и банирана.. перманентно... Истото ми се случи на ЖДЌ на ФБ... Поставив 2-3 прашања и експресно се створи таква фама и се испоотворија муабети полни со навреди дека 'Срамота било возрасни, мажени жени да зборуваат за секс'. Добив бан од таму... баш поради нивната 'чедност'. А не фатив ни една за врат да ми одговори на постовите.. самиот пост ги изреволтира доволно, за да бидам буквално избркана. Не очекував на форум со име Фемина, истото да се случи.... Посебно поради фактот, дека со ЖДЌ, сите си играте мајтап, колку биле затуцани и глупи и не знам какви... Што кажува ова за нашето поднебје? Што кажува за вас кои сте членки на форумов? Ако не сме сите ко вас, стрелајте не. И немам проблем да се дознае која сум.. Посебно, поради фактот што не кријам ништо од партнерот и стои позади мене во моите одлуки.