Надвор од него, воопшто не зборуваат, можеби немаат храброст или не знам до што е. А на форумов мелат.
Јасно. Ама во многу случаи, дебатата ќе биде ограничена зашто емпиричкиот момент е она што го дава обликот на многу мислења и аргументи. А ако не го споделиш искуството, не можат ни да те сфатат од која позиција тргнуваш. Нејсе, воопшто не ми беше поентата тоа, ама да, фактор е кај некои. Убаво го спомнаа повеќе девојки, моментот на карактер. Мене ми е крајно досадно пред се, и непотребно да влегувам во дискусии, во кои знам уште пред да ја пишам репликата, што ќе биде одговорот на другиот. Или да дискутирам со луѓе кои не влегле во дискусија да разменат мислења, туку да го кажат своето. Има голема разлика. Може неколку години наназад ќе ми се кренеше притисок и ќе се пуштев во расправија. Сега имам 0 енергија и желба за тоа, а најмногу од се - страшно конзумира време. А, ова последново ми е апсолутно најрешавачки фактор. Затоа, револуцијата ја селам во кревет. Маж по маж, реформација.
Не мислев за девојка/сопруга и сестра. Мислев на другарка, познаница, пријателка. Можеби и има, но многу ретки се случаите.
Работата е што повеќето од мажите, сакате да разговарате за секс, ама за да се напалите, а не да дебатирате за импактот на патријархалната заедница врз родовите разлики.
Мене не ми смета, најчесто ти се придружувам Инаку, не дека ми смета да ме препознаат, туку што и како ќе пренесуваат понатаму и кому. Некои професии одат заедно со претпоставена конзервативност- пр не сакам наставникот на ќерка ми да виси на форум каде е и таа и да распреда за пози. Некако дистанца мора да има, а ако знаеш точно колку му е долг таа професионална дистанца не може да се зачува. Или ако знам колку стенка, или знам за мојот гинеколог дали сака да го камшикуваат. Мислам, се ок, ништо незаконски ама НЕ САКАМ да знам. Ако сакам, лично ќе прашам во очи
Ретко пишувам во категоријата секс, а уште поретко во приватниот живот зборувам за тоа. Не знам што и зошто би зборувала кога за мене сексот е нешто интимно. А во никој случај не би можела темата секс да ја споредам со тоа што ручек сум зготвила или што сум купила од бутикот. Да возрасни луѓе сме, дел од нас се мажени, сите имаме дечковци, врски зад мене и јасно е ко ден сме сме имале, имаме и ќе имаме секс. Споделување детали пред било кого според мене е сосема непотребно. Единствен со кого разговарам околу сексот е мојот партнер, не гледам причина зошто пред други би зборувала. По некоја шега или виц имало и секогаш ќе има, не ми пречи ама споделување детали не сакам ни да кажувам ни да слушам од други.
Точно е тоа. Таква држава сме со первезен народ што наместо да те сфати како што треба, тој се пали на тоа што го ќе му го кажеш и дури мисли дека индиректно му нудиш секс. За жал тоа е реалноста кај нас и со нашиот народ.
Е јас сакам да знам се'. Сакам да знам различни однесувања, искуства, ставови.. за секој аспект од животот на луѓето, вклучувајќи го и сексот. Сакам да знам и на што се должат одредените однесувања. Сакам да знам и зошто се осудуваат жените, за исти работи за кои мажите се величаат. Сакам да знам на што се должи таа разлика. Веќе кажав и на оваа и на други теми, дека мислам оти отвореноста и искреноста на жените, директно влијае врз рамноправноста. Исто како што во Шведска, има 'многу силувања'... тоа така го доживуваат кај нас.. А всушност, нема повеќе силувања, туку повеќето од жртвите пријавуваат. Кај нас и силување не се пријавува заради можна осуда. Се' е поврзано... За жал... п.с. не очекувам сите да сте ко мене... ко за почеток, доволно е да не се 'згрозувате'...
Сексот одамна не е табу тема, не знам зошто упорно го претставувате како таков. Во секое друштво се вртат секс фори и заебанции, на своја и туѓа сметка, се смееме и тука завршува. Ако немате такво друштво а си поштувате вакви досетки - сменете друштво. Сакам big talks, оти сексот е исцрпна тема. Мразам форсирање на ваквите муабети, поготово кога доаѓаат од луѓе кои не се ништо повеќе од тоа, немаат друго што да понудат на разговорната маса. Не би била у никој случај човек, од тип на оние на кои превртувам очи и ми се лоши во стомакот и ги исмејувам. А половата рамноправност тешко да се постигне преку гласно говорење на некоја цура колку сантиметри и влегол вчера, ама вие си знаете.
Со детали не се постигнува ... реков сто пати, деталите не се битни.. Што е битно.. Како прво: Лажење за бројот на партнери. Зошто се крие тоа? Секс фори и заебанции, не се дебата, фори и заебанции се... Сакам да зборувам сериозно за сексуалноста, од религиозен, медицински, културен, општествен... уатевр аспект
Ова е друга ствар Темава беше поставена во друг контекст, пијуцкање,мезе и разглабање на сексуални афинитети, споделување на детали од креветот, сексуално разголување низ муабет. Индивидуално е ова. Јас на пример никогаш не сум излажала. Од друга страна има жени што лажат, има и мажи што лажат. Некој одзема, некој додава. Секој со свои причини.
Од искуство. Видете, повеќето овде што ми реплицирате сте далеку помали од мене.. Во мојата генерација, 99% од жените, биле само со 'двајца'. Ова го знам од директен муабет... значи знам другарка (и не само една) ми со колку имала секс, а знам што им кажува/ла на партнерите Реинбоу ја напрај.. не јас.
Ако некој чека да се едуцира за секс на форум, тешко него. Виц за секс-ОК. Понекогаш во шала кажано нешто - ОК. Ама сексот од уста да не го вадиш секој ден , по цел ден-НЕ. Да седнам да раскажувам дожувувања од кревет-НЕ. Да слушам нечии стории-НЕ. Не ми е срам да зборам за тоа, ама едноставно не ми е омилена тема за разговор.
Оти да не бе Рефке? Можеш да ги едуцираш: Да користат заштита, да не форсираат никого нешто што не сака, да не осудуваат... Плус, имаш толкав број на различни луѓе... Се' може да биде едукативно. Ене пример, онде на интимни прашања, им се смеат често и ги напаѓаат тие што прашуваат прашања за секс. Зошто? Може не може да праша дома? Може нема со кого да разговара? Може не знае англиски да пребара? Може не ни знае што да пребара? Без разлика колку мислиме дека е небитно, секое наше советување, напад, коментар, дебата... делува на размислувањето и погледите на луѓето... Дури и ние самите се менуваме... Еден вид на комјунити е форумов. И да... ќе забораев.. сите твои лајкови, и пофалби.. кои баш пред некој ден ги доби последно, не ти се пример, за тоа дека делуваш на размислувањето на луѓево на форумов?
Ама не е работава да делите и раскажувате пикантерии од интимата. Туку да се збори генерално за сексот. Да, знаеме дека има напалени мажи што со душа чекаат некоја да пише нешто, па да замараат по ЛП, ама мислам дека треба да бидеме малку поотворени за сексот како тема. Оти не е нешто ексклузивно, нешто незамисливо, нешто страшно. Напротив, сексот е нешто нормално и секојдневно. Сигурно дека јас нема да ја споделувам мојата интима тука, ама многу неискусни млади и неинформирани бараат совети на форумов. Зошто да не им се помогне? Мислам дека ако се отвориме кон таа тема како и кон секоја друга, многу полесно ќе се прифати воведувањето на сексуалното образование во училиштата кое, според мене, треба да биде задолжително. Многу полесно ќе им биде и на децата, особено женските, да зборуваат слободно со родителите (мајката) за убаво да се информираат, за да се чуваат да не направат грешки прерано или да не имаат последици кои би им го загрозиле здравјето. Ако отворено се зборува, не значи дека се промовира блуд или неморал, напротив. Информацијата е клучна во секоја сфера, така и тука. Ама точната информација. А сега, како што може секој што сака да напише на интернет и тоа да се прифати како точен факт, а всушност е многу погрешно, може да биде голем проблем. Погрешните информации водат до правење грешки кои сепак може да се избегнат. Друга работа е тоа што многу девојки и жени се плашат да пријават силување, оти нели, срамота било, сама си го барала и слично. Особено силување во брак, колку го има, ама се ќути, оти е нормално, а не е нормално да се збори за сексот. Луѓе, што толку ви смета? Мора мажите да се преиспитаат и да се превоспитаат, а за тоа треба да почнете од вашите синови. Да, треба да зборувате со вашите деца, не да ги замолчувате кога сакаат да знаат нешто. Оти подобро е од вас да го дознаат, отколку од некој друг или од интернет, најчесто како дезинформација. Рефке, ако не од интернет, од каде ќе дознаат децата за сексот? Пошто родителите не зборат, во школо не зборат, оти бре барем на форумиве да не читаат точни информации?
Е ова е она што ми е битно! Требаше ти да го напишеш ова во уводен пост. Фала ти за постов... очигледно, не ме бива да склопам мислење ко шо треба.
Ќе се регулира. Тоа што не е соодветно, ќе бришат модераторите... а и членовите меѓу себе се корегираат едни со други, ако некоја изнесе неточна информација Како и на било која друга тема...