Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку зборуваат жените отворено за сексот на форумот и надвор од него?

Дискусија во 'Секс' започната од WildMk, 1 ноември 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова го имам неколку пати споменато.
    Напишала девојче дека прв пат имале орален со дечкото и таа е зачудена зошто толку брзо свршил.
    Првиот коментар одоздола беше: "Сигурно многу убаво си му го попушила, мммм, што правеше со јазичето и со усните?'
    Коментарот беше милион пати пријавен и од модератор ми беше кажано дека од погорно ниво не даваат да се бришат таквите коментари.
    И ќе пише после некоја за проблем? Посебно ако е млада и неискусна кога се уште не е доволно опуштена да го смета сексот за нешто нормално...
     
    На Ivan4e04, Feminka22, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    :puke:
    Е ова е Сексуално вознемирување!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.474
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Нема гаранција, ама како што рече Вајлд, ќе се регулира. Ама за да не се случува деца да читаат дезинформации по нет, ние жените треба да зборуваме отворено. А не срамота било, и да го бркаме детето во друга соба. Има соодветен начин се да се објасни на било која возраст.

    Па за да се смени тоа, треба да се збори со мажите и општо машките уште откако ќе почнат сексуално да се освестуваат, да се научат да мислат и со горната, место само со долната глава. Се додека се цензурираме и ќутиме, така ќе биде.
     
    На bittersweet, Mr. Right, petunija77 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Мислам дека ова што го полемизираме не е она што се бара во темава.
    Овде станува збор за жените и нивната слобода т.е. воља да зборат јавно за секс.

    Дали и како некоја децата ќе си ги едуцира и воспитува за секс - нејзина работа и право се, не е темата на муабет децата и како да се насочат.

    Јас за себе напишав дека несакам да го тематизирам сексот, посебно не пикантерии од типот дали сквирташ, дали викаш, дали два пати јако свршуваш или глумиш, дали кога дома се сексам мислам на некој си таму|(...и т.н.

    И пак ќе речам - не ми е срам, туку сметам дека тоа е дел од МОЈ кревет, и МОЈ сексуален живот и немам потреба да го делам со никого.Не ја гледам целта да зборам сочни работи, а знам дека има жени на кои фетиш им е да споделат или да разберат за туѓ кревет, зашто тоа им е единствен начин да...:$

    А за учење за секс од форум, едноставно немам коментар.
    Доволно е направите осврт на постови во секс темите.
     
    На zuto, Nausicaa и Bubce38 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Еве од пред некој ден пример...
    Седиме јас, ќерка ми и нејзина другарка (двете 12 години) и гледаме една комедија 17 again.
    Имаше неколку сцени, каде се бакнуваа парови.

    Другарка и', почна очигледно да се чувствува незгодно од сцените, да врти глава, да коментира колку било: бљак, кринџи...
    Ме потсети на мене... Кога бев мала, на еден телевизор сите гледавме, и ако се појавеше сцена каде има бакнување, или не дај Боже голотија, веднаш сите вртат поглед, трчаат да сменат канал.
    Скраја да е, да прашав за нешто поврзано за секс, кога ќе ми се врекнеа сите... леле мори мајко!
    И научив дека е срамота, ама никој не ми кажа зошто....
    Така се прават тие табу теми непотребно.

    И муабети од стилот: Ти ќе бидеш жена, треба да си домаќинка, мајка..
    Од маж до пола, од пола на долу не се дава
    Не се кажува се' на маж
    Мажите само на секс мислат
    Ти треба да се 'чуваш', луѓето ќе ти се смеат

    Ау.. убав на мајка (5 години дете), девојка има бе!!

    И сега?
     
    На Ivan4e04, Kitten, An-na и 10 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И пак ќе речам, по 100ти пат на темава, никој не те тера да зборуваш за тоа дали скврташ..

    И не... не е тоа темата... Темата е женската сексуалност и предрасудите околу нејзе... и корелацијата меѓу отвореноста и репресијата врз жените.

    Башка.. проблемот со несоодветни постови на темите, е заради модераторите..
    Како што бришите по други места, и овде треба да бришите.

    Еве пример од темата Абортус, пола од постовите плачат за кривична пријава!
    Ама никој не ги санира!
     
    На Kitten, ane.bella и Annath им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Точно, треба да се збори со мажите. Ама со мажите никој не збори, сите се трудат да ги направат девојките часни сестри. Погрешен е пристапот.
    Секогаш ќе одговорам ако постави некој прашање на тема за секс, без разлика дали машко или женско, ама па овие кои сексуално вознемируваат по форумот се бо најголем мажи на 40-50 годишна возраст, нив да ги превоспиташ - не можеш.
    Е, ама беше огромно еден период, кратко пред да се зачлениш ти.
    Кај што мажи имаа целосна слобода и во теми за самозадоволување пишуваа
    "Еве дркам"
    "Ааааа убаво е"
    "Еве уште малку" и така мислење по мислење.
    Имаше еден што одеше и им се потсмеваше на жените кои имаа габични инфекции, дека им се од неодржување на лична хигиена. Им викаше дека "маците им се немиени"
    И ништо од тоа не се казнуваше. Верувам тогаш најголем број жени престанаа да пишуваат за секс на форумот. Се гледа дека моментално е поопуштено, помирно, дека ги нема вознемирувањата во толкав број, ама тоа и не беше така одамна. За да се опушти дискусијата за секс на форумот мора да помине некое време. Уште ни се гади на сите.
     
    На Ivan4e04, Kitten, ane.bella и 11 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Очигледно дека нешто не е јасно.Можеби насловот нечини, можеби тебе не ти чини тоа што го пишувам јас.

    Кој каде спомнал предрасуди ?
    Кој спомнал женска сексуалност ?

    Темата колку читаме сите се вика:

    Дали и колку зборуваат жените отворено за сексот на форумот и надвор од него?

    А дел од воведот е:
     
    На Someonespecial, Nausicaa и DAngel им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    ПРАШАЈ ЈА РЕИНБОУ!
    ТАА ЈА НАПРАВИ ТЕМАТА!


    Јас само реков: Ок!

    Нема ваљда сега да кажуваш за што да коментираме?

    пс, заради толкав фонт, во Политика ми бришеа мислења!
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не, сега дискутираме дали јавно и отворено зборуваме за нашиот сексуален живот :)
    Инаку, тоа што си го пишала е навистина убава тема за дискусија. Отвори ја како нова тема, верувам дека ќе се напишат квалитетни мислења.
     
    На ivi1987, referentka и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Нема да отворам нова тема.
    Нека го префрлат на Аннатх постот во уводен, и ај со здравје.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ако мислиме на истиот, супер е ама таа пишува повеќе за улогата на родителот во сексуалната едукација на децата. Тоа е сосема засебна тема од женската сексуалност, и подеднакво важна. Имам реферати за пишување и на двете теми.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Има удел сексуалното воспитување.. Ама на форумов имаш такви кои се возрасни, а никој не им го пружал тоа. Затоа еден куп 'лутаат' со прашања и со предрасуди.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.810
    Пол:
    Женски
    Прво, јас не ја направив темата, само ги одделив мислењата за да се има простор да се дискутира. Те прашав ти дали се согласуваш да бидеш автор на темата, исто така те прашав дали сакаш да додадеш нешто во првичното мислење. Само да бидам јасна дека јас не сум ја направила темата, туку е истата одделена со твоја согласност и прегледност за истата.

    Второ, темите секогаш се разгрануваат, се опфаќаат работи кои можеби и не биле спомнати во првичниот пост. Не е тоа ништо страшно се додека спаѓа во темата, можеш и сама да се дообјасниш понатаму на што точно си мислела.
     
    На WildMk и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @WildMk, да, поврзани се секако ама сметам дека се доволно широки теми за да може засебно да ги дискутираме :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Може... еве да земеме дека имаме возрасни жени кои 'немале соодветно сексуално воспитување'
    И да тргнеме од таму...
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.474
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Добро, само јас ли ја сфаќам темата дека не се однесува на интимата, на сексуалниот живот? Туку дека се прашува општо за сексот?
    На многу теми поврзани со сексот може да се дискутира генерално.
    Ама самиот збор секс во насловот ве асоцира на нешто срамно, забрането, дека некој ви брца во интимата. А не е така. Добро, може јас не сум нормална.

    Секој има право да пишува каде сака, да стои настрана од одредени теми, никој не става нож под грло дека мора.
    Никој не треба на форум да се едуцира за секс, ама немаат избор децава.

    Инаку мислам дека можат и постарите да се превоспитаат, ама нема кој да го направи тоа. За жал, тие истите на своите синови им се пример :puke:
     
    На Ivan4e04, An-na, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.971
    Јас пак мислам дека многу млади жени денес, особено во доцни 20ти и 30ти години веќе го надминале тоа непотребно чувство на срам да се зборува за сексот.
    Не знам дали е правило, но ми иде една мисла на ум, вели образовај маж и ќе научиш еден човек, образовај жена и ќе го научиш целото нејзино семејство (во лош превод). Дали можеби клучот кон ова прашање лежи во едуцираноста на жената? Би рекла во голема мера да. Иако многу млади едуцирани жени се уште не можат да избегаат од стегите на конзерватизмот. Не може ни политиката да ја оставиме на страна од ова прашање, зашто знаеме дека претходната влада ставаше притисок врз жената да се врати кон конзервативните правила на однесување. Така сме во некоја постојана потреба да го задоволиме општеството, а општеството ни е некаде на пола, што би се рекло едни напред едни назад. Многу млади девојки денес се свртија доста и кон религијата, и тоа им ги "ограничува" можностите да се откријат повеќе на сексуален план, сосема небитно за индивидуалецот, но истите пак го формираат општеството и оние што вршат притисок врз една личност кон тоа дали е во ред да се зборува и има секс или не.
    На крај краева би рекла, дали е маж или жена, тој што зборува постојано за секс, на некој вулгарен начин, повеќе ми е "уназаден" отколку некој што не зборува воопшто. Секс темите не ми изостануваат во реалниот живот и можеби поради тоа не сум сметала дека има проблем, но дефинитивно отсекогаш сум била за сексуално образование во училиштата, подеднакво важно и за машките и за женските. И многу поважно од уличен муабет или теми на форум.
    Уствари пола саат го пишувам мислењево на телефон и се изнамачив, не знам веќе ни што сакав да кажам, ме заболеа прсти :(
     
    На Kitten, ane.bella, petunija77 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Зoштo сексуaлнo вoзнемирувaње? Акo прaшaм зa техникa при oрaлен, нели е тoa oтвoренo збoрење зa сексoт?
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ако прашаш за техника, не е.
    Ако не прашаш, е.
     
    На Annath и Nausicaa им се допаѓа ова.