1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку зборуваат жените отворено за сексот на форумот и надвор од него?

Дискусија во 'Секс' започната од WildMk, 1 ноември 2018.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    59.958
    Пол:
    Женски
    Во принцип разграничувањето (барем јас) можам да го направам веднаш според начинот на кој е кажано нештото. Одма се познава каква е намерата зад пишаното, односно што сака авторот да праша со прашањето. Зборувам за грото од популацијата активна во тие скокотливи теми. Е сега има поумешни да си ги прикријаат намерите, ама кад тад и тоа искача на виделина. Затоа внимателно со кого се разменуваат лични податоци. Исто би било начин на кој се обраќаш, пример јас на тие што ги осеќам блиски често знам да се обратам со тикво една и слично. Не значи дека нешто лошо мислам.
     
    На WildMk, x.Daisy.x, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ако личноста продолжи со истото и откако ќе биде предупредена дека тоа е вулгарно и неприфатливо, онда е вознемирување. До тогаш е само простак чиј коментар треба да биде избришан.
     
    На Dust и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    За мене лично, што се однесува до општа дискусија, немам проблем да изнесувам ставови. Или пак да кажам или слушам мрсни вицеви и такви шеги. Ама за лични искуства не можам да зборувам, едноставно бидејќи карактерно сум затворена, не сакам многу други да знаат за мене, особено не ваква интимна тема. Истото важи и за форумот, иако е анонимен
    Со дечко ми сум секако најотворена, и со една блиска другарка, ама со граници. Ама со друг не би можела, освен да ми е ептен некоја блиска личност, ама и во овој случај нема да изнасувам ептен детали, туку на пример би побарала совет околу некој проблем.
     
    На smooch, theowndemon, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.583
    Пол:
    Женски
    Не знам колку ќе биде добра споредба, ама овде има членки што не ставаат воопшто слики од себе за да останат анонимни, некои ставаме без/со половина видлив лик, а на прсти се бројат оние што на некој начин си откриле име и презиме. Дали тоа значи дека се срамиме од себеси и личниот идентитет, својот изглед, името и презимето? Ваљда нема некој што мисли така... :?:
    Зборот ми е - девојки, ко за личности што членуваат и тука дискутираат за ова на анонимен форум - треба да сме сите посвесни за почит кон нечија приватност и интима.

    За едукативни и информативни писанија во врска со сексот, се согласувам со @Annath дека не треба да биде проблематично и табу тема. Ама има начин да се зборува така, да се спротивставиш на сексуално опресирачки и шовинистички ставови за чистота и сл. и да се залагаш за информираност и едукација, без да откриваш сопствен личен живот. Исто како што, на пример, и некои што немаат ставено лични слики од модни комбинации - имаат право да коментираат и зборуваат за мода; и членки што не се во брак (или не зборуваат за сопствениот брачен живот) - можат здраворазумно да искоментираат за некои аспекти од бракот итн. (барем јас мислам така) :)

    Патем, и мозокот на сите машки не функционира онака стереотипно опседнато со секс, има зрели и приземјени, но и позатворени момци што сексот (посебно во смисла на фалење) не им е главна и единствена тема на муабет ни со машки другари, и сакаат да си зачуваат приватност. Доказ за тоа се и сите поквалитетни машки членови тука :)

    Едноставно, тоа дали некој лично некаде сака или не сака отворено да зборува за нешто (може да се однесува и на други теми - религија, политика и др.), е навистина право на избор и дел од слобода на говор. Според мене проблем е веќе кога женска особа се издигнува себеси како високоморална поради тоа и ги навредува поотворените... но инаку никого не треба напорно да се тера да зборува на некоја тема.
     
    На Ivan4e04, DraganFem, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Точно, а овде и воопшто не станува збор за сите.
    Се знае (или се открива) брзо, кој што-како е.


    Исто точно.
    Секој зборува напорно, само на теми кои смета дека се битни.
    Не можеш сите битки да ги водиш... ќе одбериш една, или неколку..
     
  6. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате кога Боки13 ги прашуваше јавно јавните фаци кога изгубиле невиност колку избегнуваа да одговорат?
    Навистина тие се јавни личности и во медиум не би требало да се исповедаат но зошто и да не?
    Тој главно го поставуваше ова прашање на почеток на емисија чисто да покаже колку тие личности се отворени да зборуваат јавно за својот сексуален живот и да покаже и докаже дали знаат да се носат и со тој дел од својот живот и дали се способни да кршат табуа.
    Зошто да не се лажеме се уште е табу отворено да се зборува на тема секс.
    Но зошто табу? Па од проста причина жена што зборува за секс исто како да зборува како за турли тавата или мусаката која ја зготвила се доживува како лесна,а за маж кој зборува за секс се смета за фраер.
    Девојчињата уште како мали се учат да бидат мирни, вредни, домаќинки, па од мали знаат и тие да имаат дечко за пред мама и еден за по нивна мерка:D
    @WildMk никаде не спомна за безобразно и безпотребно наметнување и зборување на тема секс.
    Наметна тема каде што отворено ќе зборуваме зошто е уште секс табу тема и зошто се уште тие стереотипи лесна-фраер, таа родова сепарација и двојна аршинатура кон омаловажување на жена и воздиугнување на маж кога зборуваат буквално на иста тема-секс.
    Инаку од ова(не)воспитување на девојче да е мирна и домаќинка и не исполува сексуални навики и однесување уште од пубертет и на машко дека е јак маж ако врти женски од пубертет и порано и од необјаснување на машките деца дека и жените се сексуално активни и имаат потреба од квалитетен секс повеќето машки сметаат дека жена која ужива и бара редовна сексуална активност дека е мераклика, лесна и други навредливи етикетирања.
    Но и не зачудува овој факт бидејќи до прва половина на минатиот век не се ни знаело дека и жените доживуваат оргазам а во времето на инквизцијата ги палеле на клада и ако оргазмирале сметале дека ги завладеал лош дух.
    Сепак со бејби степс се менуваат многу нешта на тема секс независно дали @WildMk ќе '' напнува '' или не на тема секс тие промени се случуваат секојдневно.
    Но има и луѓе со непроменети ставови на оваа тема но како минува времето и тие поплека стануваат само дел од историјата.
    Многу е важно умереност во се и исто така и умерено рушење на табуа дека се исилено и нападно сторено може да има контраефект иако ме радува што се повеќе и повеќе мажите ја покажуваат својата вербално развиена и нежна страна а жените слободно споделуваат дека уживаат во сексот како нормален дел од животот.
     
    На Valentina.Vaki, Ivan4e04, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Имаш студирано родови студии?
    Работиш во организација која се занимава со женски права?

    Многу елоквентно го кажа, она што јас се прпелавев да го објаснам...
     
    На Stories, mustName и crnotreF им се допаѓа ова.
  8. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Планирав да студирам тоа но...
    Секојдневно се занимавам со заштита и унапредување на женските права преку моето дејство и реакции како жена во мојата блиска околина.
    Ти благодарам на забелешката за елоквентноста.
    Но јас ќе ти возвратам ти си движечка сила за заштита и унапредување на женските права на јавен медиум-форум.
    Тешка но и искушувачка задача.
    Се надевам со тек на време некои ќе легнат на брашно и ќе ја согледаат моќта на твоето залагање тука на форум и ќе се придружат во манифестирање на промени кои неминовно водат кон подобра положба на жените насекаде.
    Само преку соработка и заедништво се можни промени, прво од себе си,а со тек на време и другите ќе се менуваат бавно, пополека но сигурно.
     
    Последна измена: 3 ноември 2018
    На Kitten, Dentina, mustName и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Мажите секогаш додаваат. :D
     
    На Dadusicka, Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И јас мислам дека жените одземаат.


    Знам дека звучи како предрасуда, ама не е.
    Само констатација базирана на факти.
     
    На Dadusicka, Herrera и Mr. Right им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Па, за секс сум зборела со другарки, ако нешто не ни било јасно, или некоја имала некој проблем, или прашање, сеедно. Или коа сме играле вистина и предизвик, или се развила тема у друштво, сеедно.

    Али сеа да зеам на сред кафе као еј знаеш ама ме изеба мојов сабајле у доги, без причина и конотација, ми е селски и патетично. Па уште и пред небитни особи...

    Ма да сум била у ситуација коа особи онака од чиста мира си се фалеле, а нит ги знам, нит ми е гајле, и одма за мене се патетични и желни за тапшање по рамо.

    Е сеа, има и жени што ни со најбоље другарки не проговориле за секс, затоа што тоа ( беше ) е табу, али тоа мислам со мојата генерација изумре. Младиве денес ептен цел живот на тацна на социјални мрежи го ставаат.
     
    На Milobebence, Mishela, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Зошто одма со предрасуди?:^)
    И прво да разјасниме што подразбираш ти под се фалеле?
    Ако некоја си каже леле партнеров ама ми е јак презадоволна сум,тоа фалење е и одма стануваат патетични и атеншн-сикрс?
    Многу грешна перцепција за изјавите на навидум нели небитни луѓе како што се изјасни.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    По кој критериум бирате што е предрасуда, а што не е? :D
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Па, ако седам на кафе со особи шо втор пут ги глеам и на сред муабет за времето ми почнат муабет како изебале некоја на хауба, или дека дечко им имал 20 цм, и не им влагал цел, или дека по 5 пути се онаделе, шо да мислам?

    Лажам, и да ги стоти пут да ги глеам, истото ќе го мислам.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Добро твое си е така да си мислиш. Мене не ми пречи и од прв пат да си каже или таа насамо или како пар,дури ќе се осеќам привилегирано/почестено бидејќи си осетиле блискост да споделат со мене нешто за кое повеќето како тебе ќе ги осудува и ќе рола со очи и ќе се полни со предрасуди.
    @DAngel тоа мила според мене е да си полн со предрасуди, кои водат до фрустации па изолација,па гнев и бес кон поинаквите од нас и на крај бескрајна потреба да се гњават поинаквите од нас.
    Familiar to U?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да, баш не фино изгњавивте :)
     
    На theowndemon, crnotreF и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  17. crnotreF

    crnotreF Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Нели?:*
    Ко ќе се истрошат аргументите најлесно е у офанзива а?
    Ах бре си цвилите кога некој аргументирано со факти ви објаснува со која цел започнал дискусија и кај цели да се развива дискусијата и мора да укакате работа со навреди, омаловажување на ликот и делото нечиј само за да го оцрните тој лик и да покажете колку сте јаки вие о ценети староседелци на ценетиов женски форум.
    Излезете малку од рамката еден ден ко ќе ја кршите рамката да не ви се одбие од глава.
    Ама ок полнолетни сте и си ти лично немам што јас да те крштевам ти да ми пуваш у фаца.
    Фина ноќ млафа дамо|-)
     
    На Valentina.Vaki и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ако е од жена споделено нели, од маж не толку :D
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.458
    Допаѓања:
    165.583
    Пол:
    Женски
    Отворено зборање за секс во друштво кај мене оди најдалеку до шеги, потврди дека баш пред излегвање сме имале секс. Поинтимни муабети само со една- две другарки. И не се срамам да зборам и со други, ако им треба совет па да се начнам сама како пример, ама не би да зборала зошто не само за сексуален живот, туку пола од мојот живот воопшто - го држам интимен, иако на прв поглед изгледа како 80% луѓе да ми знат животот.

    Ми смета кога некој седнува и прв и единствен муабет му е секс. Исто како шо на некој му смета кога мене прв и единствен муабет ми се мачките. И викајте дека е предрасуда ако сакате, ама крај краева не секој со секој се дружи, зато се одбираме за пријателства.
     
    На Nausicaa, Someonespecial и Tan4ence им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Токму ова @crnotreF , и јас мислам дека ако си женско, и ако машкото од еден пар ти раскажува сочно, поинаку ќе се осеќаш а не почестено. #metoo, remember?Ама не те знам, па можеби стварно ќр си почестена. Или ќе си почестена ако е згоден а навредена ако не е. Се има.
    И @DAngel даде клеп бек одличен, а не офанзива.
    Плус што е тоа лесна? Што значи тој термин? Дека секој ќе.пробува?
    Зошто се борите против назив лесна? Усти на луге не се затвараат. Промискуитетен човек постои како легитимна јазична синтагма . Зашо би менувала што мисли некој друг за дел од јазик или фолклор? Секој има за задача да го изгради својот светоглед. Ако јас не се осеќам лесна, 63 тетки и стринки не можат да ме убедат дека сум. Јас тој збор и го нрмам во мојот речник, искрено. Баш ме брига кој со колку спие. Но и понатаму мислам дека во конзервативни средини, влијание на бизнис и професија може да има сеопштото згражање од некого . Нема да одат кај некого на психијатриски третман на пример, ако е психијатар, ако мислат дека е промискуитетен. Значи и за мажи влијае. Исто како и прекумерна употреба на алкохол или дрога, или храна и сексот знае зависност да биде.
    Значи, што е твоја дефиниција на лесна? А на промискуитет?
     
    На Nausicaa, theowndemon, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.