Дали им верувате на вашите најдобри другарки? На машките другари можам повеќе да се доверам. Тука нема изразена конкуренција, или mind games. Незнам.
Дали им верувате на вашите најдобри другарки? во ситуација како мојата е многу тешко да му веруаш некому,имам многу пријатели и неколку другарки,опкружена сум со многу луѓе кои квази на раце ме носат,но сите ние знаеме зошто е тоа така.Сепак верувам во вистинско другарство па и покрај моите успеси,го имам осетено она бесценетото вистинското.Си верувам на самата себе и колку повеќе не му ставам акцент на безрезервното сакање толку посреќна сум!
Повеќе верувам на машки отколку на женски. Имам најверни другари но не и другарки.Едноставно на машките не им е толку интересно да прераскажуваат критики или мислења.
Многу. Имам среќа да имам навистина многу блиски другарки, се дружиме со години, многу работи сме поминале заедно и никогаш не ме изневериле или разочарале. Секогаш можам да им кажам било што и знам дека ќе остане меѓу нас.
Истото го мислам, некако кога зборувам со другарите имам чувство дека можам релаксирано да разговарам без да размислувам за тоа дали и каде ќе стигне тоа што го кажувам.На најдобрите другарки исто така им верувам многу, зошто јас сум ги одбрала внимателно, не е случајно тоа што ми се баш тие луѓе најдобри другарки.Е сега, тајните ќе си останат тајни само за мене, она што ми е најбитно нема да го кажам на никого, без разлика дали им верувам или не
Имам една од форумов, Киттен нејзе можам да и ја соголам душата со години сме заедно, никогаш не ме осуди само беше искрена и реална со мене и ќе биде во иднина, многу ја сакам. Моја Андријана, ретко суштество е она, мој херој, од мали сме заедно, од кога и ја дупнав глвата покрај една пруга во Росоман. Елена, мислам дека за многу кратко време не сум се поврзала со некој толку, искрена ќе ти лепне се во фаца, заедно работиме, се критикуваме, мислам дека е она се би сторила за мене како што јас за нејзе сторив.. заедно сме во многу работи, и што и да правиме не размислуваме која колку троши една за друга.. Тие три.. а си имам уште две нови пријателства на кои оставам да се развиваат полека.. ми помогнаа многу повеќе од било кој, никогаш не ми рекоа доста е Ирена. Мислам дека ќе се пронајдат ако го прочитат ова..
Да ме прашавте пред 1 година ќе речем 100% им верувам и се би направила за нив. Но, сфатив дека не е баш така и дека човек е себичен во денешно време. Во период од неколку дена ме изневерија неколку другарки за различни работи, што не можам да си простам. Моето искуство кажува дека не постои верна другарка, само прашање на време е кога ќе излезе себичноста на површина..секој си гледа за себе...за жал. И се осеќам многу глупава и наивна што две раце сум давала за другарките. Никогаш не сум кажувала НЕ за ништо, ама ете... по потешкиот пат научив дека не треба така
Да. Верувам на секој, се олеснувам кога ми треба, понекогаш не ни размислувам дали тоа е паметно. Сепак, немам некои многу темни тајни, а и не ми е гајле што ќе измислат кога ќе кажат на друг. Јас си ја знам вистината и тоа е најважно.
Им верувам понекогаш. Има моменти и кога ич не им верувам,сепак ги знам кога лажат а кога ја кажуваат вистината.
Им верувам многу, се си кажуваме, буквално цел живот ми го знаат. Досега не ми изневериле доверба, пу пу да не ги подурочам.
Па најискрено имам една другарка што можам буквално се да и кажам, а исто и она мене. Со другите сум блиска но не до толку.
1.Имам една ја знам цел живот (куќа до куќа сме живееле бре) значит ја знам на памет , што ќе каже , на што мисли . Неа можам да и кажам се без да се крижам каде ќе заврше, затоа што е иста како мене. 2.Другата ја знам 3 години и не си се опуштам многу , и кажувам тоа што мислам дека е за кажување
Јасно и гласно НЕ ! Лажат за глупи и банални работи, кога си кажуваат пред мене како лажеле некоја од другарките што може да очекувам, поради тоа почнав да се држам на дистанца од сите, не сум скарана, живеам со сите али го нема она цили мили веќе кај мене. Едноставно такви не ми требааат мразам лажење, и мразам да трчкаат по потреба кога им треба нешто. И веќе неможат да ми бидат најверни кога знам дека лажат
Им верувам.Целосно.Ги знаат сите мои проблеми и љубовни и семејни бидејќи така кажано тие ми се единственото -рамо за плачење-.Не се плашам дека некому и некогаш ќе ме издадат бидејќи сум сигурна дека ќе ми останат пријателки до крајот на мојот живот, секогаш со мене- во секое добро и зло.
Имам една другарка на која и верувам, од мали сме биле заедно и комшии бевме, но таа сега е во друг град, а другарките кои што ми се од мојот град не можам да им верувам целосно.
Ова е тооолку точно..Ние сме 3 другарки веќе 10 и повеќе од најдобри..СЕСТРИИИ бре... и безрезервно им верувам и ми значат колку и родениот брат