Во никого не верувам 100% .... затоа што премногу верување и сакање очите ти ги заслепува и не можеш да видеш некои работи...
Има неколку другарки на кои им верувам колку што треба.. Значи ни малце, ни многу.. Таман А на другите и не баш Во ова време се помалку и помалку постојат НАЈДОБРИ другарки и другари воопшто.. Така да..
Најдобра другарка ?Ја имав ама не и верував.На денешницава секој гледа да те заебе.Така да не верувам ни малку.
На дел од нив да - па и токму ради тоа сум ги ставила во редот на најблиски. Ама, тука има едно големо но! Јас никому не верувам целосно, при што би била доволно слободна да си кажам ете што имам, без да чувствувам страв дека тоа понатака би можело да се пренесе и на други или да се искористи во најлош случај против мене. Може ова и не ми е баш најразумна одлука - што не можам да верувам некому 100 процентно, ама.. Сакам да почнам да верувам дека постои добар пријател, кому би можела да се отворам секогаш и секаде, не размислувајќи за последиците од тоа што сум го кажала и ми лежено на душа, и човек што би му верувала со цело мое битие. Иако јас мислам дека ми е се`уште рано за едно вакво ,,длабоко'' пријателство, јас би сега - засега да останам на овие. Допрва доаѓаат убави времиња, нови луѓе и така
Се согласувам.Нема другарки во денешно време.Не верувам на никого,ниту пак можам да кажам дека имам најдобра другарка
Имам една и едниствена најдобра другарка уште од основно и потполно и верувам и можам да и кажам се баш се дури и работи кој на мајка ми не и ги кажувам
Порано на сите другарки и другари безрезрвно им верував бидејки мислев дека основата на секое пријателство е довербата.Впрочем ако не им верувам зошто би била со нив.За да имам со кого да излезам,или да се слушам по 10 пати на тел у денот и да си кажуваме колку се сакаме а позади грб да се оговараме и да смислуваме како да си наштетиме?!? Не ! Можеби бидејки немам брат или сестра,а другарките/ите ги гледам како такви сметам дека другарството е СВЕТА работа. На мое огромно жалење другите не мислат како мене. Имав 1 најдобар другар со кој уште од градинка бевме неразделни,и 1 најдобра другарка .Им верував безрезервно и ми беа особено драги,за на крај после толку години увидам дека тие всушност мене воопшто не ме почитуваат и не ме сакаат на ист начин како јас нив. На многу дебилен начин дознав какви се гадости зборувале за мене позади мој грб,и се она што сум им го кажала во доверба да си ја олеснам душата кога ми било тешко они го испревртиле и го прераскажале во сосема погрешна конотација. Многу се разочарав но тоа е што е. Сепак останувам на тоа дека другарство без доверба не е другарство.Тоа ми го покажаа остатокот од моите блики луѓе кои од тогаш се бројат на прсти на една рака. Како што еднаш ми кажа една моја другарка:- Боље да имам 1 вистински пријател на кој ке можам секогаш да се потпрам и ке знам дека секогаш ке биде тука за мене,отколку 10 лажни кои ке ме гледаат од корист и ке ми праат лице а во прва прилика ке ми забијат нож во грб ! И во право беше девојчето.
Искрено не ми е јасно како овие две работи некој ги сфаќа одделно. Ондак шо е за вас најдобра другарка/другар ?
Се дружиме повеќе девојчиња, ама искрено само на една од нив можам да и верувам. Некако искуствата низ животот не ми дозволуваат да размислувам на друг начин. На денешнинава човек понекогаш не е сигурен сам во себе, а не пак во некој друг.
Имам 3 препренајдобри другарки на кои буквално се им кажувам и никгаш во живот не издале некоја моја тајна,ниту пак јас некоја нивна!Се надевам дека ќе си останеме другарки уште долго долго време,бидејќи толку многу се сврзав со нив,што не би сакала да ги изгубам.
Е право да ви кажам некогаш ќе видам нешто па на сопствените очи не им верувам што гледам а не пак на некои што ми се прават другарки. Дојде такво време што искрена другарка нема секој е од корист, да те понижи, да те издаде и исмее. Незнам за вас ама мојата средина е таква. Таа што пред мене ги озборува другите сигурно е дека и мене ќе ме озборува пред други. Затоа имам другарки им кажувам по нешто тоа што е за кажување но има работи кои никој не ѓи знае, работи за кои немам доверба никому да ги кажам а толку ме мачат. порано верував и на некои што мис е правеа другарки и на братучедка ми ама на крај другарките ми ги издадоа сите тајни а братучедка ми понижи. Тоа ми беше животна лекција. Таквите лекции не ми дозволуваат да верувам никому.
Ич,ама ич. Попрво би кажала на мојот најдобар другар(што не би,ама зборуваме ако морам),отколку на мојата најдобра другарка.
Јас откако слушнав секакви глупости од една што ми се правеше другарка каде ме озборувала пренесувала некои работи немам доверба во неа ама ич.