Постојат вистински другарки на кои можеш 100000% да им веруваш. Ете јас имав таква срека да имам таква другарка цели 15 години и таа ја имаше истата срека. Штета што веке ја немам и во моментов немам друга таква другарка,а и не верувам дека некогаш пак ке имам. Единствено блиска ми е братучедката која сепак е помала за цели 7 години и со која неможам баш секој проблем да си го кажам или решам.
До пρед неκое вρеме веρував, бев изигρана два пати од две "највеρни дρугаρκи'' Сега повтоρно имам највеρни дρугаρκи ама не им веρувам многу, и не им κажувам баш се`.
Пред 2 години и јас имав таква другарка дури и пасвордите од ФБ си ги знаевме, сега не и верувам многу зошто сум приметила дека се дружи со мене само за корист и ја имам приметено дека ме има и излажано и затоа девојки не се збилижувајте многу со другарките бидејќи еден ден нема да сакаат да ве видат и само да ве искоритат а вас ќе ви биде најтешко има среќа што ме има мене никогаш за ништо не ја одбивам и за се и помагам, знам ќе речето зошто воопшто се дружиш со неа?? затоа што сакам да дознае дека има некој што мисли на неа
Па имам доверба не дека немам,ама животот ме научи дека во никој не треба да имам преголема доверба,па кажувам само тоа што мислам дека треба да го знае.
Не.Бидејќи е најдобра другарка само кога има корист или кога и е убаво со мене.Сега моментално бидејќи не излегував толку, таа ме замени со старата најдобра другарка и не ни контактираме со денови, инаку го прави тоа често.Затоа секогаш сум на дистанца со неа, бидејќи таа е како сончоглед, се врти таму каде што грее сонцето. Се дружи само кога и е забавно, кога не, те менува како чорап Порака од мене, не ги доверувајте тајните на другарките, многу пати лажат!
Па и немам многу доверба во моите другарки . И не можам некои работи да ги споделам со никого . Но сепак некои работи ги знаат за мене како и јас за нив .
Имам една на која можам се да и кажам и сигурна сум во неа. Имам уште една која кога и да ја побарам тука е ама ме има излажано за повеќе работи.
Имам многу другарки од кои 4 ми се најдобри. Ама нормален муабет, трач муабет и сето останато го правам со нив. Можам да се доверам за нешто што не би ме повредило доколку биде кажано бидејќи освен на дечко ми, никому не верувам
Само со една другарка што учиме заедно можам да и кажам за секој проблем што го имам.И секогаш е тука кога ми треба совет за нешто.
Бидејќи сум многу пати и доста добро изгорена не верувам на никоја! Верувам само на братучетките. Кон другарките сум доста ограничена. Многу им верував на другарки ама ми покажале дека не треба. Исто така имав една школска другарка на која и верував повеќе од сестра,ама многу добро ме заеба. Така да,не верувам на другарки. Само на своите луѓе,на фамилијата,на братучетките. Што и да биде утре тие се со мене и нема после мене да оговараат.
Денешново другарство доаѓа како: Денес со тебе, утре за тебе. Имам многу искуства со другарства, и од тогш немам доверба во ниедна. Мора да се најде таква што ќе те заебе на секој можен начин, но сепак тркалото се врти.
На никого не верувам, само на моите најблиски. А со оглед на тоа што од домашните сите сум ги фатила барем некогаш во лага, највеќе му верувам на дечко ми. Другарки ко другарки, споделувам скоро се бидејќи нема ништо од што би се срамела во мојот живот, но да очекувам комплетна дискреција и ако ја нема истата да се разочарам, тоа не. Реална сум, се дружам и не се замарам.
Имам две другарки на кои можам да и кажам баш се, ама и тие имаат свои најдобри другарки , па морам да ги предупредувам за се да си траат.
Порано бев многу наивна и верував,сега веќе не.Кога ти е најлошо наместо да те утешат некако гледат повеќе да ти напакостат,кога си среќна низ нос ти го вадат тоа..Јбг најдобро дружи се ама не верувај слепо никому.
Многу луѓе на кои им вреував ме изневерија и тоа последната случка од вчера беше најубавиот начин на покажување дека не треба да се има доверба во неа така да веќе немам доверба во никој. Јас за повеќето работи му се обракав на еден пријател од Бугарија што секогаш знаеше да ме ислуша и да ми помогне а останатото го криев во мене бидејки се плашев дека ќе ги изгубам "другарките" но се покажа дека не вредело.
ДААААААА ама мене неможе да ми се верува (како на заев се шалам)јас имам лапнато нога од кокошка сите така велат ама кажувам само тоа што е за кажување а нешто ако е сериозно си го чувам само за себе
Целосно ја изгубив довербата во нејзе а и во др. другарки заштопред неколку месеци си поиграа со мојата доверба и многу ме повредија сепак после се јас им простив но немам доверба во нив се дружамсега со нив пошо немам друг со кој .. затоа од сега па натаму лекција за цел живот TRUST NO ONE ...