Од тоа верување на некои што ги познавав долги години и ми се правеа другарки верувајте дека животот ми се преврте наопаку. Се дружам, им давам совети, ги сослушувам за било каков проблем но не споделувам со нив лични работи, од причина што ниту една неможе да издржи а да не ме каже некаде. Им верував но повеќе не. Всушност и немам најдобра другарка на која можам да и кажам апсолутно се. Такво време е што никому неможеш да веруваш. Прва братучедка ме има предадена а што па останало за други. За некои работи подобро е да разговарам со мајка ми, вујна ми, тетка ми, една друга мажена братучедка и имам потполна доберба во нив. На другарки не. Сметам дека во денешно време и не постои најдобра другарка.
Имам другарка со која летово не сме баш блиски, еднаш во неделата одприлика се гледаме. Но, во неа имам тотална доверба. Сѐ би ѝ кажала. Се дружиме четири години, а тоа е доволно за да ја запознаам во секоја ситуација. Не бега од проблемите, секогаш ми дава совети, во сѐ ми помага (освен во кујна, тесна точка и е тоа. ). Друго девојче во кое верувам, и одсекогаш сум верувала е мојата "стара" другарка. Не дека ми е стара, заборавена, но не комуницираме толку често. Всушност, повеќе муабат преку интернет имаме правено последнава година отколку во живо. Сеедно, ја знам околу осум години, ги знае сите мои детски тајни, првата симпатија, сѐ и сешто. Исповедалница ми е. : tmi: .Секако, и јас сум секогаш овде кога и треба разговор, иако тешко се отвара за своите проблеми.
Јас од искуство би кажала дека вистински другарки и општо пријателства многу, многу ретко постојат. Јас немам најдобра другарка, освен мојата мајка. Така да девојки, немојте со никого да си споделувате се што ви лежи на душичката и сите ваши маки и проблеми. Еден ден може сето тоа скапо да ве чини.
Каде ги наоѓате тие сродни душичиња..каде се каде се??? Каде ги наоѓате тие "дел од мене" другарки??? И каде е мојата?...Јас само говнарки имам запознато во животов мој..а можеби и јас очекувам премногу од луѓево..кој знае...Аххх..Ма никој не ми треба,се имам себеси
Имав најдобра другарка на која и се доверував и за најмали ситници.Се правевме заедно.Се случија работи кои не оддалечија и кога ми беше најпотребна не беше тука за мене.Сега откако се решија тие пречки повторно сме блиски,но никогаш нема да е исто.Повеќе не ни чуствувам потреба да и се доверам.
Имам другарки со кои сум блиска,знам нивни тајни и тие мои,ама сепак слепо не им верувам,и никогаш не се издавам за семејни работи на пример,или за некои мои ептен лични работи,зошто во денешно време не треба на никој слепо да му се веруване заборавајте,ако ја кажете тајната на некој пријател,и тој има свој пријател на кој би ја пренесол,и така во круг...
Немам најдобра другарка. Имав најдобар другар кој е постар од мене, ама веќе го немам. Имам само две пријателки со кои излегувам понекогаш на кафе да се видиме, ама не доверуваме којзнае какви тајни. Онака..
Од лично искуство ве советувам да не им верувате,има другарка со која трошев по цели 24 часа заедно,ми беше побрлиска од родената сестра нажалост и еден ден си го заборави Фб укл кај мене откако си отиде и јас неприметно мислев дека е мојот фб и една друга другарка и имаше пишано нејзе.Збунета за тоа дека не ми е познат муабетот скролав малце назад за да видам шо муабет и имам направено и тогаш сватив дека всушност ’’другарками’ е уклучена ама веќе прочитав муабети за мене и така кога дознаеш нешто те копка уште повеќе и кога зедов да читам муабети се запрепастив како тоа мојата “НАЈдобра другарка“ на речиси секој заеднички пријател му ја полни главата против мене,Фрапантно зар не?!
Најдобра другарка немам. Имам повеќе пријателки и колешки од работа од работа со кои излегувам, но не им се доверувам ниту па им верувам нешо посебно. Секој си гледа за себе и не се замара со проблемите на другите. Единствена поддршка во неколку проблеми што ги имав со моите дома беше и е дечко ми.
Veruvam na moite roditeli i brat mi i sestra mi.Normalno i na maz mi.Na drugarki se doveruvav koga bev sredno.Moze da im kazam i den denes nekoj problem ama onaka za gluposti a nekoj golem problem ili tajna nikogas ne bi im kazala.
Им верувам само на домашните. Имав доверба во другарки ама се зафркнав мноооогу !! Така да , сега сум една од оние личности кои не веруваат никомууу! Колку и да бидам блиска со некого не можам целосно да се отворам. Било тоа да е добро или лошо-таа сум