Дали и колку им верувате на вашите најдобри другарки?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lostedlove, 6 декември 2012.

  1. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    14.383
    Пол:
    Женски
    Имам многу пријателки, но само една ми е најблиска на која и кажувам се, исто така и таа мене.
    Се дружеме веќе 4 години, ја знам како дише. Имам доверба во неа 99%. Во никого немам чиста 100ка.
     
  2. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Немам доверба во ниедна другарка и нема ни да имам, ако се дружиме повеќе од 10 години знаат пак да скријат од мене нешто а јас да дознаам од друг :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.368
    Пол:
    Женски
    И јас најмногу им верувам на домашните, посебно најмногу можам да и се доверам на мајка ми. Знам дека ќе ми даде најискрен совет, и воопшто не ми мисли лошо...иако сепак има некои работи што на никого не можам да ги кажам, ги чувам само за себе и се обидувам сама да се справам со нив.
    А на другарките нормално им се доверувам ама не толку длабоки и интимни работи. На едната знам дека малку устата и е поголема и за момент може повеќе луѓе да дознаат за тоа што сум и кажала...пошто мене ми кажува проблеми од други луѓе, па логички е и мене да ме прекажува на други.
    Со друга другарка можам да зборувам сериозно и знам дека никого не прекажува за ништо. Не сака да трачари и да оговара по луѓето. Едноставно си гледа за себе и ако и кажеш барем си сигугрна дека нема на никого да каже....ама сепак, не можам тотално да се опуштам....немам таква навика да му кажувам тајни на некој друг, уште од мала сум така навикната. Скоро се држам во себе.
    Исто и на другар ми можам се да му кажам и отворено ме критикува, и добро ми доаѓа мислење од машко ама сепак како што кажав има многу работи што ги чувам за себе. Повеќе удираме на зезање со другарите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.139
    Допаѓања:
    296.499
    Не верувам никому освен на тој до мене (сопругот).
    Најдобри другари-ки нема повеќе.
    Денес се е од интерес.


    И не заборавајте - со доверувањето на тајна на некого му овозможувате да стане господар на Вашата душа
     
    На wanderlust, Rama, RecklessGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Kimey

    Kimey Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Во денешницата не постојат многу вистински другарки. Денес секој си гледа за себе да се снајде во животот, некои гледаат да искористат нешто од другите, некои се бават со туѓите животи. Лично јас имам една другарка на која можам да и се доверам, живееме близу, во контакт сме секој ден .
     
  6. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    16.140
    Верував некогаш кога бев 17 години но затоа после тоа си ја научив лекцијата и не верувам на никој, Искуството си го прави своето. Факт е дека треба имаш круг на пријатели со кои ќе можеш да испиеш кафе, да муабетиш за филм, книги, мода но поврзување со нив како со сестра па да им се доверувам за лични тајни и проблеми никако затоа што знам дека тие се првите кои ќе прободат нож во грб, ќе ги искористат слабостите и ќе се хранат со тоа што ќе те гледаат несреќна и сл.
     
    На Rama, xxAngelxx, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Во никого не треба да се има верба денес.
     
    На xxAngelxx и littlevampire им се допаѓа ова.
  8. Addy

    Addy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Најмногу и верувам на мајка ми и секогаш знам дека таа ми дава најискрени совети и дека никогаш не ми мисли лошо..Му верувам и на другар ми кој заедно сме уште од мали.Ги знае сите мои тајни и знам дека никогаш нема да каже нешто без да знам јас.А на другарки веке не верувам..Довербата што ја имаа кај мене ја изгубија па сега колку и да сакаат да ја вратат залудно е.:)
     
  9. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    9.295
    Пол:
    Женски
    Не им верувам многу, две имам најверни но пола од тајните ми ги знаат.
     
  10. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    2.441
    Пол:
    Женски
    Само на една потполно верувам.Учевме заедно до осмо и не е од мојот град од блиско село е, па затоа многу ретко се гледаме..се случувало и да не си пишеме подолг период ама кога ќе почнеме пак да пишуваме нема ништо исчезнато од нашето другарство :):D
    Секогаш сум била до неа и во најтешките моменти ,исто и таа.
    Со тие што излегувам во град им верувам до некаде знаат за мене доста, но едната од нив колку и долго да сме заедно сепак не е тоа тоа.Тешко се отвора ништо скоро не ми кажува и некогаш мислам дека ми беше и љубоморна за некои работи :^)па сфатив дека не е вистинска другарка и од тогаш се помалку и кажувам за мене. ;)
    да не должам среќна сум што имам една ама вредна најдобра другарка (y)
     
    На littlevampire му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.296
    Пол:
    Женски
    Им верувам на моите најдобри другарки. До сега не ја изневериле мојата доверба.
     
  12. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Имам 3 најдобри другарки. Едната ми е бртучетка, другата школска, трета поранешна школска. Се можам да им кажам, се разбираме, имаме компромис.
     
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    Не верувам на никој.Точка.
     
  14. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Имам две најдобри другарки на кои им верувам во целост. Едната од нив е мајка ми.
     
  15. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Imam mng drugarki no samo na edna mozam da i kazam se i znam deka nema da me izdade nitu pak jas nea,mozam da kazam deka e edno neshto i toa go cenam previshe,od mali se druzime pa se do den denes,sekogash mi pomaga koga mi zatreba za bilo so,soveti ova ona... <3
    Imav i eden najdobar drugar ama stv najdobar si fati devojka i me sutna ne mi smeta devojka bas mi e milo koga si fati devojka sepak najdobar drugar mi bese kako brat go sakav i pocituvav,ali bil od korist vekje godina dena nikako ne kontaktira so mene koga ke se sretneme vo grad ili na izleguvanje glavata ja vrti na druga strana se prasuvam zoshto shto mu imamv zgreseno,ali toa e mozda devojka mu zabranila :D :D
     
  16. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum veruvala na drugarki. Si razmenuvame nekoi raboti/tajni, no nikogas ne sum kazala nesto sto bi mozela skapo da go platam. :D znam jas mnogu nivni tajni,si olesnuvaat koga se so mene bidejki znaat deka ne bi kazala. No kas niv nikogas, koga gledam deka mozat da kjutat samo nedela dena i posem nekoj da prasa ke te iskazat bez da razmislat. Do nekoe nivo i imam pateno od najdobra drugarka sto zaedno sme 15 godini t.e najdobra drugarka. Koi g*mna mi gi napravi mi idese na lice mesto da ja zakopam(sekako nikoj nemase da ja najde :D ). Sepak ne bev nitu iznenadena nitu previse izrevoltirana bidejki ocekuvav nesto da se desi,samo ne znaev koga :! I od ko gi napraj glupostite sega zdravo zdravo i tolku, pa i podobro mi e vaka. I jas bi preloracala da se nema doverba vo drugar/ka nikogas 100% ali sekoj si znae za sebe najdobro :)
    ( se izv. za latinicata od tel sum sega ukl )
     
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Женски
    Најдобра другарка може да има но најдобри другарќи не. Јас лично не верувам во најдобра другарка и другарка за цел живот, како и се во животот и ова е лесно променлива категорија, потребно е само мало искушение за да сфатиш дека всушност не ти била ни другарка а камо ли најдобра.
    Најдобра другарка имаат тинејџерќите кои сеуште на светот гледаат со розеви очила, кога ќе потпораснат и кога ќе сфатат дека сфетот не е толку розев како што им се чини тогаш ќе сфатат дека единствени кои никогаш нема да ѓи изневерат и кои ќе ѓи сакаат без оглед што и да направат се родителите и браќата и сестрите се друго е толку релативно и менливо што денес ти е најдобра другарка а утре може да те продаде за дечко или за било што.
     
    На Belgin1, citiesinflames и eloves им се допаѓа ова.
  18. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    5.355
    Пол:
    Женски
    Не верувам во другарка која не ти мисли лошо.За жал имам лошо искуство со ''најдобрите'' другарки...Често слушам од постари дека денес времето се сменило и дека нема другарство како порано.Мое лично мислење од искуствата мои е дека не треба слепо да му веруваш на другарката или пријателката...Можеби ќе звучи како клише ама сопругот ми е и најдобар другар и пријател
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    8.637
    Имам една најдобра другарка со која сме од деца и сме поминале заедно се. Ја сакам како сестра и со текот на времето се повеќе ни се зацврстува односот и довербата. Си ги знаеме мааните и доблестите една на друга,се имаме прифатено такви какви што сме и заедно се буткаме низ животот.
     
  20. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    6.737
    Пол:
    Женски
    Од другарки, само една ми е најдобра. Околу пет години се дружиме и мислам дека ако не беше таа немаше да бидам жива денес.
    Што и да ми се случува, во каква ситуација и да сум таа е овде да ме насочи кон позитивната страна и да ме насмее. И јас неа исто.
    И да, таа е единствената личност на која и верувам.
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.