И јас имав другарка што како сестра ми беше, јадевме, пиевме, на одмор идевме заедно, каде и да одевме секаде заедно и на крај од толку многу што и верував ми го сјеба животов , јас платив за таа што јадела и пиела. Затоа доверба во никој.
Имам другарки ама за ниту една не можам да кажам дека ми е најдобро. Искрено мое мислење е дека не постои веќе искрено другарство. Како тинејџерка сум се замарала и ми било жал за некои работи, сега повеќе не. Не верувам на никого и не споделувам ништо.
Пoрaнo не. Нo, сo текoт нa времетo тие ми се дoверувaa сé пoвеќе штo јa пoттикнaa и мoјaтa дoвербa вo нив. Четири нaјблиски, нерaзделни сме. Се нaдевaм тaкви ќе oстaнеме
Отсекогаш сум им верувала, но времето покажа дека требало со резерва. Тоа сум јас и си се сакам како таква му верувам на човек, но негов проблем е ако лаже и се служи со сплетки. Многу работи и ги дознавам со тек на време и ми е смешно како глумеле во некој одреден период. Сеуште се дружам, ама они никогаш нема да дознаат дека знам.
Порано верував повеќе,бев понаивна,полесно се доверував. Откако ме изневериле и добро ме сјебале,полека полека,научив дека не треба да му верувам на секој. Сега,ако можам да се доверам тоа се 2-3 блиски другари/ки. Две што се знаеме доста време,ама имам чуство дека едната се оддалечи,и еден најблизок другар.
Порано повеќе им верував и се доверував. Се им кажував буквално. Знаат и некои работи што никој друг не ги знае. Но бидејќи како да се оддалечија во последно не се отворам премногу, бидејќи неретко се случува зборовите да ми бидат испревртени па да треба да се правдам. Единствен на кој му верувам 100% е дечко ми, тој ми е и најдобар другар, не морам да се стегам што да кажам пошто знам дека ме сфаќа најдобро, и немам поблиска личност од него.
До толку, што дел би откинала од себе за да и дадам на неа. До толку, што ако имам за нешто најмногу да се гордеам, е што ја имам неа.
Имам една другарка која ја имам како најблиска, се дружиме веќе трета година и на периоди можам да ѝ верувам, а повеќе и неможам да ѝ верувам, неколку пати не се има покажано пред мене дека е добра другарка, а неможам да речам дека не е добра, постојат ситуации во кои е тука за да ме поддржи, кога сум нерасположена доаѓа со мене и одиме на некое место, седиме и разговараме, кога сум среќна за нешто споделувам со неа и ми има помогнато во некои работи, а и јас ѝ давам совети кога е потребно. Но, има и случаи во кои не можам да ѝ верувам, на пример тоа што ми ветува дека ќе излегуваме и на последен миг се откажува, не ме бара кога е со други другарки, кога нема со кого тогаш ѝ текнува да ме бара. Тоа се случува отсекогаш, ама затоа јас тука сум за да ѝ помогнам, таа го знае тоа и ме сака исто како и јас и јас ја барам кога ќе можам и тоа е.
Imam 3 drugarki koi mi se kako sestri tuka se za sve sto ke mi zatreba, a ostanatite mi se onaka za kafe muabet.
На тие што сум се дружела во минатото не целосно, ова од искуство. Но, за среќа секогаш се појавуваат и нови другарки.
Сум пишала и порано на темава, но ќе пишам пак бидејќи се случија работи оттогаш. Не им верувам воопшто. Не ми се ни најдобри другарки повеќе. Не сум сигурна дали ми се другарки воопшто. Се оддалечија од мене, не сме блиски како некогаш. Најголемиот удар за мене беше што разбрав дека ми ги издале тајните што им ги доверував со години. Со другите нивни пријатели. За да се исмеваат. Колку само понижено се осетив. Имаат со нив групен чет на фб каде не сум јас и си шушкале некои работи за мене. Препраќале слики мои (не nudes, немам такви) и се исмевале. Дознав од единствената блиска другарка што ми остана (таа не е таму, но дечко и е и се и кажувал неа а таа мене). Затоа сега апсолутно ништо не им кажувам и не знаат. Дознав и дека ме озборувале кога не сум била излезена со нив. Тоа некако го очекував бидејќи и самите се озборуваат меѓу себе, но сепак.. Не им верувајте 100% на луѓето никогаш. Не си ги издавајте тајните, барем не со сите. Бидејќи некои со години што ви биле "најдобри другарки" знаат да ви закачат нож во грб.
Имам само една најдобра другарка и и верувам потполно ,се би направила за неа другарка како неа тешко се наоѓа .
верував на 3 кои на крај ми забија нож во грб така да немам другарки...од тогашка неможам да си најдам вистинска другарка зашо сите веке си имаат веке оформено друштво...и онака повлечена сум... едната ми беше ко сестра се знаевме една за друга, и кога и го наместив дечкото што е сега уште со него благодарение на мене..се одалечи и тоа е тоа...побитни и беа другите што позади грб ја оговараа...ама ако