Многу долго се дружиме, како сестри ми се. Се доверуваме за сé. Кога ќе ми се случи нешто убаво, едвај чекам да им кажам. За лошо секогаш биле тука да ме утешат. Знам дека намерно не би ме повредиле. Ама, 100% не верувам на никој. Во животот научив дека секој си се става себеси на прво место, па доаѓа момент кога нема да му е гајле како ти се чувствуваш.
Само на една другарка и верувам потполно. Друг никој во животот ја немал мојата целосна доверба, па дури ни родител.
Јас имам 6 другарки но тајни кажувам само на една другарка која ми е најверна од сите и досега никогаш не ме издала а нема ни да ме издаде. Таква сум и јас спрема неа секогаш спремна да ја ислушам
Не верувам ни на една повеќе. Доколку на некоја и кажуваш дека таа ти е најблиска, дека со неа кога си најубаво се чуствуваш, имаш доверба во неа, таа фактички ти станува се подалечна сите и се на прво место освен ти. Си вика гледај ја оваа само во мене има доверба и си мисли тоа така ќе си остане, а усфари за тоа време трча на други да им се упика..
Со години научив дека од моите родители подобри другари немам... Колку и да се дружиме,колку и да сме блиски, ако дојде до ситуација во која јас напредувам повеке или јас сум повеке ценета, другарството пропаѓа во вода од љубомора и завист...