шекер многу слабо користам , многу благи работи и не јадам дури и кафе и чај пијам без шекер додека за солта да не зборуваме мислам дека ми нема рамен во тоа. знам колку е штетно но шо да праам
Шеќер-не.На моите им ставам,си сакаат шекер тие а јас стевиа користам. Сол користиме многу многу,за жа,но незнам што и стана на мајка ми пред недела дена купила калиумова,дека поздрава била. И така,стевиа и калиумова....
Без шекер можам,некогаш благо не каснувам со денови,ама сол ставам во се и без да го пробам какво е јадењето знам дека штетно е претерано сол ама јбг
Со шеќер знам да претерам понекогаш... (ова мора да се промени!) А инаку избегнувам сол, што помалку тоа подобро. Ако спремам јадење само за мене, знам и да не ставам воопшто.
Шеќер слабо, во кафе не ставам, ако јадам нешто благо едино, а си сакам благичко ама шеќер како шеќер јас да го ставам не, немам каде. Ама сол си ставам доста скоро на се, си сакам соленко.
Користам шеќер по 2-3 лажички и во кафето и во чајот,а млеко пијам скроз чисто онака од фрижидер директно.А сол ретко.
Шеќер воопшто, дотолку сакам нешто да засладам ставам мед... Сол исто така несакам воопшто да го користам ама понекогаш неможам сосема да го ибегнам, буквално во се го има, иако храната која сама си ја приготвувам воопшто не содржи сол, на пример салата или спанаќ ги јадам такви како што се со тој вкус, не солени...
Користам и шеќер и сол. Шеќер ставам 2 лажички, ама затоа со претерувам со солта. Кога готвам не ставам многу сол, ама кога јадењето е готово уште пред да го пробам ставам уште сол. Некогаш знам и да претерам.
Шеќер воопшто, ниту во кафе ниту во чај, освен во торти и такви ствари не го конзумирам со пијалоци...Маѓутоа затоа сол...ептен многу. Знам дека е штетно, ама не ми бива пример салатичка, патлиџанче без солца
Шеќер освен за слатки работи за друго не користам. Сол користам во нормални количини.Ниту едно јадење не ми е убаво ако е блуткаво и без сол.