Сол не користам ич. Обожавам јадења без сол. Шеќер еден период прекинав да користам целосно. Но, некако тешко ми е без него, па сега користам пола лажичка или ептен малку колку за вкус... Порано користев 2-3 лажици, така да задоволна сум и со ова.
Шеќер користам само во слатки или колач ако направам домашни, чај, кафе и слично, сето тоа го пијам без шеќер. А сол да бидам искрена, користам и тоа премногу, буквално во сите јадења ставам сол додатно, иако веќе сум ставила кога сум готвела јас или друг, без разлика, сите ми велат дека јадам многу солено
Сол нормално колку да го подобри вкусот ама затоа пак шеќе хехеТолку шеќер ставам во кафето што сите ми се чудат
Шеќер малку во турско кафе, во чај и млеко не ставам воопшто. Ама затоа сол... и претерувам некогаш, ама некако не ми е вкусно јадењето ако е несолено.
Знае ли некој да ми одговори што се случува со организмот доколку има потреба од сол повеќе од претходно? Маж ми ме научи да намалам на солта,не јадеше солено,правев јадења со многу малку сол и секогаш во својата чинија си додавав сол. Последниве три месеци незнам што му се случува постојано вели дека јадењата не му се солени,зима соларникот истура во чинијата почна да јаде премногу солено. Од каде произлегува оваа желба дали има потреба за лекарски преглед?
Солта е многу потребна и нема зошто да се избегнува свесно освен ако не постојат некакви здравствени проблеми. Нормално е ако човек не внесувал доволно, потоа да има потреба од повеќе сол. Пиењето многу вода без да се внесува доволно сол може да доведе до дисбаланс на електролитите, минералите. Затоа, слободно користете си сол во исхраната. Без претерување, секако. Посебно ако човек е активен, ако се поти повеќе итн. Никако да не се избегнува солта.
Да имам забележано дека во деновите кога има некоја физичка активност и работи повеќе од претходно се жали дека не му е солено. Ти благодарам многу.
шеќер не ставам во ништо,ниту во кафе ниту во благо кога правам. Сол мн малку ставам(или воопшто), само хималајска, во ручеците.
Минимални количини сол во салата, а шеќер само ванилин во пудинг или сутлијаш, и тоа колку да не е без.
Сол користам во нормални количини а шеќер многу ретко едино во пудинг а вака во чаеви или цедени сокови шеќер никогаш не ставам.
Јас би ти предложила хималајска сол да си користиш, намали на вегета, таа е многу штетна. Не знаев за ова се додека доктор не ми укажа на оваа работа