И јас како Старфиш обожавам зачини, а ретко јадам нешто солено, дури и пуканките не сакам да ми се солени. Затоа не обожавам солени сирења како што е биеното. А знам дека треба да јадам солено бидејќи имам низок притисок, ама ете, неможам. А шеќер јадам умерено, во секој пијалак (кафе, чај и сл) ставам по една лажичка шеќер. Ама затоа сум луда по благо
Порано ставав 3 - 4 лажици шеќер во кафето. Не знам како сум можела да го пијам тој шербет со вкус на кафе Сега повеќе не правам така, користам само кафеав шеќер и едвај едно цело лажиче да ставам во кафето. Научив да уживам во аромата и мирисот и разбрав дека досега шеќерот ми го уништувал тоа чуство. Чај пијам само кога сум болна ама во глобала без шеќер го пијам затоа што е подобар така. А за солено да не ви кажувам поарно. Имам глупава навика и во ресторан кога одам, априори претпоставувам дека е храната недоволно солена, и без да ја пробам веќе ставам сол и бибер и секакви други зачини. Премногу сакам зачинета храна, и кога готвам знам да претерам со зачините Абе што да правам, ги обожавам, сакам да доживеам оргазми на сетилото за вкус, па сега ако почнам да се замарам со тоа што се не е здраво можам директно во гроб да си легнам...краток е животот, треба да се искуси со сите мирудии, мириси и вкусови. Умерено секако, ама треба!
речиси и ми се исфрлени од исхраната шеќер ама воопшто не користам ни во чај ни во шеќер пијам горко кафе а чај или со мед или без ништо. солта речиси сосем ја отфрлив кога ми рекоа дека имам песок малку во бубрегот, ми беше страв и не користам речиси ич , само вегета или друг зачин за месо или манџичка али во многу мали количини и секогаш кога јадам на друго место ми е пресолено. салатите ги јадам само со маслиново и лимон. кога си одам дома кај мајка ми секогаш се ми е пресолено а она кутрата никогаш не и е доволно солено се чуди како од толку солено порано што јадев сега ептен малку али тоа е се е навика.
Ух, она што е најслатко е и најлошо Кафе пијам без шеќер, ако има и зрно шеќер го чувствувам, па не ми е слатко (да се пиеше благо, благо ќе растеше). Може да се случи да ставам од оној dark muscovado шеќер, ама ептен, ептен ретко. Чај само со мед, или пак незасладен, само со лимон. Благи пијалоци не сакам, значи сокови (газирани, негазирани и слични), ама пијам понекогаш, пепси, фанта, швепс, некогаш од ананас, шумско овошје и круша. Преферирам природни сокови (природни шеќери), ама и нив не ги пијам - водата ми е пијалок број еден. А благо... ех колку сум зависна од него... убаво ми беше еден период кога воопшто не го јадев, и се надевав дека ќе можам да продолжам со таа навика. Ама од секоја навика има и одука Не сакам многу солено, туку да е со мера. Не мора да се пресолува јадењето, полесно е да си стави кој колку сака, па така и практикувам да правам кога готвам. Свекрва ми малку повеќе претерува со сол, ама тука сите јадат солено. Но се научија да ставаат помалку сол заради мене Обожавам сирење (што посолено, тоа подобро), ама пак затоа кога го јадам, не ставам сол. А кога готвам, ако мора сол, ставам или вегета, или морска крупна сол. Ги користам и како и солта со Б9 витамин. Демек поздрава е... ама сол си е сол.
И двете ги користам умерено. УСтвари, шеќерот не го ставам суров во ништо, кафе пијам горко, чај, млеко, најчесто без шеќер. Ама за друго благо, нема замена Се јадам благо. Солта не ја додавам во ништо, како е така, ако си посолам оптпосле го губам вкусот на јадењето.
Шеќер внесувам само преку слатките работи,и зависи кога како.Некогаш повеќе јадам благо,некогаш помалку,периодично ми е,не ми е да морам да јадам секој ден,али деновите пак кога си апнувам,си апнувам Кафето го пијам мнооогу малце засладено,чај не пијам,исто не пијам и густи и газирани сокови нешто посебно. Солено не поднесувам,воопшто зачини многу не сакам,умерено така колку да не е безвкусно.Кај нас татко ми јаде посолено и секогаш нему му фали сол во јадењето.Ама што имам другарка што јаде солено,јас се ежам кога ја гледам.Не само што во јадењето се трупа сол,па и на секое залаче со соларката се треснува пред да се стави во уста.
Можеби ќе ви звучи чудно но јас не користам ниту шекер, ниту сол Сол воопшто несакам , затоа кога се готви мајка ми ептен малку става а потоа тие си додаваат.А и шекер не конзумирам, поради тоа што е калоричен го заменувам со натрен или мед во чајот Затоа другарките ме зафркаваат не сум сакала зрнести структури
Шеќер користам многу малку, а во последно време некако не сакам ни благо. Не дека сум на диета, ама не можам да јадам нешто што организмот не ми бара. Затоа сол јадам многу, а не смеам ради видот. Морам да намалам со солта.
Шеќер не конзумирам мн само преку благото и во кафе 1-2 лажички не полни дека не можам да поденсам горко кафе а може некогаш да ставам и натрен или кафеав шеќер,а во чајот не додавам ич шеќер.Без солта не можам да замислам јадење исто како без вкус да е јадењето кога е без сол.
Па шеќер и не љубам нешто многу. Кафе, чај, млеко пијам без шеќер. Не сум фан за торти, чоколади и слатки, но тоа не значи дека не јадам. Се случува да пробам нешто слатко и доколку ми е премногу благо да го оставам. Ама затоа па за сол немам мерка. Знам дека е штетно и за очи и за бубрези ама ако не ми е солена храната мене ми е блуткава и не ми е вкусна. Без да пробам колку јадењето е солено додавам сол. Дома ја користам таа морска сол од мртво море, демек поздрава била
Порано се давев во шеќер.Буквално и кафе и чај и млеко се пиев , тулумби со него да попариш. Е сега ми дојде умот и од пред две три години не го додавам ич во напивки. Ама затоа торти и колачи охоо таманам. Сол си кркам и други зачини.Ако ми е голо јадење ич не ми е вкусно. Си сакам веѓетка, солче, пиперче,мхм..мхммм
Ништо не додавам ни сол ни шеќер, колку има толку Ако ставам шеќер во чајот ми се губи вкусот, кафе воопшто не пијам, али онака си јадам благичко па си надокнадувам а сол заборавам да ставам, добро е што ретко готвам иначе не приметувам дека фали сол во јадењето, али ми смета ако има повеќе и не јадам тогаш. Дома сите се по солта, не знам што толку им е убава, па си додаваат (пошто не и дозволувам на мајка ми да става многу ) Им зборам дека е штетна..али кој да слуша..
Претерувам и со сол и со шекер. Турско кафе пијам со 2 лажички шекер (може и повеќе) и испаѓа шеќер со кафе пијам Без соларникот на маса не седнувам Ако сака јадењето и пресолено нека е, јас прво сол ставам, па го пробавам Досега неколкупати имам јадено бигор-солено... дури вкусот се мени од многу сол... ама не се жалам Ако нема сол, не јадам Веќе кога готвам, ич не ставам сол, на кој колку му треба, нека си стави сам... Знам дека се штетни и двете, ама неможам без нив
Кога ќе се решам да пијам кафе ставам по 3/4 лажици шеќер,зависник сум и од благо што значи секој ден мора нешто да си мцнам ,додека солта не ја употребувам многу,но затоа зачинитее ги обожавам
Користам премногу и шеќер и сол...кафе и турско и нес пијам со минимум 3 лажички шеќер, а на пр. кога јадам јајца ги прекривам со сол или вегета.
Јас јадам многу солено ... Незнам така се навикнав (ама затоа и сум тахикардична) А шеќер користам само за кафе и тоа не многу.. Ептен малку
Шеќер не употребувам многу,така да и не сум многу по благотот но затоа премногу конзумирам сол јадам солени работи и премногу зачинети....
Шеќер не употребувам воопшто, ни во кафе, ни во чај, ама ич не го сакам, а употребата на сол гледам ептен да ја минимизирам, ама затоа на другите зачини не можам да им одолеам.
чајот било да е зелен , од нане или камилица јас во него нема шанси да ставам ни едно зрно шеќер . Едноставно така сум навикната од мала да не му ставам ништо ,само така би дејствувал пошто нели ако те боли грло , микроорганизмите се разгоруваат во грлото со шеќерот и нема никакво дејство ... за сол неможам да кажам бидејќи во главно мајка ми ги прави јадењата е секогаш таман со солта , ни премногу ни премалку таман е