Шеќер ставам во кафето обавезно инаку за млеко, чаеви и слично избегнувам. Во приготвување на исхраната избегнувам сол и шеќер онолку колку што можам, а на маж ми му правам посебно јадење затоа што тој без премногу благо или премногу солено не може да живее. Така на пример кога ќе направам салата, прво си црпам порција за мене и му носам додатно да си стави оцет, сол и сл.
Шеќер во кафето 2 лажички исто и за чај, млеко, какао. Но сол користам многу малку, како што е зготвено така го јадам, не додавам дополнително сол.
Ич не ставам.пијам горко кафе,во чај никогаш ништо не ставам.нити сол користам.несакам кога ми е солено јадењето.сите ми се чудат ама тоа е ,ич не јадам солено и кога готвам за мене не ставам сол,само минимално
Шеќер само во кафе онака во се друго практикувам мед а за сол морам да намалам ама шо да правам па не ми е вкусно не солено
јас шекер си користам умерено, ама сол, значи воопшто некористам и дома моите ме зафркаваат ми викаат јадењето ми било како за во болница
Значи не да користам шеќер...кафето го пијам благо со две лажички шеќер и кога ќе појдам на гости некаде дури и срам ми е да кажам зашто сите ми викаат дека не чинело толку благо да го пијам, а сол користам многу многу малку.
И шеќер и сол.. ту мач Во кафе, чаеви и слично ставам по 4-5 лажици шеќер, а за сол во јадење да не зборувам. Ептен солено јадам, посебно за во салати.
Не јадам ни пресолено, ни преблаго. Порано во чаевите ставав многу шеќер а сега воопшто не ставам, но кога пијам кафе, а тоа многу ретко ми се случува (еднаш на 2 мес), ставам по 3 лажички. Горко кафе ми е смрт. Исто и сол не конзумирам многу, никогаш не додавам во исхраната, се ми е ОК баш така како што е. Рајат ми е главата од шеќер и сол, а исто неможам да поднесам луто... Еднаш случајно во мојата пица се најде луто пиперче (од пицата на мојот дечко кој обозааааваааааааа луто) и ми се чинеше дека плукам оган. Единствено сакам да си јадам нешто кислеко, како лимон, туршија и сл. Не е добро ни премногу луто, ни премногу благо, ни кисело, ни солено..... ама што да се прави
Па во 4ај никогаш не ставам шеќер , само понекогаш мед и тоа кога пијам 4ај со лимон, а и во ништо друго не ставам шеќер, ама си јадам 4околатца и такви работи, а сол, е сол многу малку јадам и дома секогаш јадењата ми се пресолени...
Благичко си сакам, пијам кафе со 2 лажички шеќер за во големине шољи, за во мала лажичка ипол Во чај не ставам, го пијам со мед. А солено јадам многу умерено, многу работи знам и да не ги посолам. Добро што не јадам солено, немам никаква корист од него, а благичко си сакам, за секој случај да не ми падне притисокот
Воопшто не сакам сол, секогаш го сведувам на минимум. Единствено солено нешто кое го обожавам е сирењето Шеќер, хммм. Порано конзумирав повеќе. Кафето го пиев исклучиво тулумба. Сега и тоа не ми е вкусно. Користам шеќер во граници на нормала, пијам средно-најак горко кафе А благо си конзумирам, од тулумба до торта.......голем фан сум на благо
Сол не ставам никогаш, не сум голем фан на солените работи. Шеќер во кафе или нешто слично исто така не. Во чајот ставам секогаш мед, а кафето го пијам средно (турското).
епа сеа кај секого различно..јас сум слаба иако јадам многу благо , а мајка ми во јадењето секогаш става сол што е и нормално ај кажете бар 2 работи што немаат ни шекер ни сол...во се има...колку и да сакаш пак ке јадеш
до пред некој период пиев чај со 3 лажички шекер, сега по мое одбивање решив истиот да го конзумирам со лажичка ипол. ок не ми е толку вкусен но ајде да не внесувам шеќер толку. инаку не сум ни фанатик по благото. Што се однесува до солта сакам да ми е соленко но не пресолено, знам наместо сол во јадеше да си доставам вагета некако ми е побкусна. така да ни сол ни шеќер не внесувам премногу во мојата исхрана
шеќер воопшто не користам во напитоци, како чај, кафе. А, сол и зачини да, многу премногу различни зачини. Од тоа не можам да се откажам од тој зачинет вкус и мирис. Блуткавост не ми е баш вкус на хепи мил, а горчливото кафе ми е исто како и црното чоколадо што го сакам повеќе... нели кому му е благ животот си пие горчливо кафе... дрн дрн јариња весели магариња, мижи Асан да ти бајам