Многу! Знам дека не треба, ама неможам да пијам чај или млеко ако нема неколку лажички шекер. Исто и со солта, во салата обавезно си ставам така повеќе, а во јадења не користам сол, вегета ставам - уствари исто ти е ... Точно дека е штетно, ама неможам да јадам ако не ми е вкусно и зачинето по желба.
Значи кога сме кај шекерот, во кафе никако ни зрнце,во чајче може малку и во нес(зошто ми е јак без шекер), а за сол и сите други зачини сум манијак и секогаш си додавам во моето јадење плус сол,вагета,кари,оригано, зависи од јадењето но сол секако мора да има повеке од нормално.
шеќер не користам многу туку од оние зрнцана што се не ми текнува како се викаат и тоа многу ставам од нив исто така претерубам и со солта и да е солено јадењето јас пак му ставам сол и на крај е пресолено и најубаво ми е
ДА!Многу јадам слатка,солена,зачинета храна Ама сакам малку да се запрам бидејки имам проблем со цревата Сега пијам повеќе вода и вежбам Ама инаќе во кафето ставам по 3 или 4 лажици и во лимунадата и чајот исто И сол исто така
Шеќер не користам многу! Пијам кафе без шеќер,чај без шеќер,мелкото исто така го сакам многу малку засладено, всушност и не сум многу љубител на благото (само во некои периоди кои ептен ретко ми се случуваат) А солено пак јадам повеќе,но мислам дека и тоа ми е умерено! Компирот го јадам со многу сол,пуканките исто така,и скоро секое јадење ми има поубав вкус кога е посоленко!
И едното и другото! Кафето обавезно го пијам со шеќер, и тоа повеќе. Неможам да си замислам да пијам горко кафе. Чајот исто така со шеќер. А со солта знам и да претерам, поубаво ми е кога е солено.
Шекер ставам по четири лажички - ни помалку ни повеќе, а додека солта не ја користам во мојата исхрана.
Шеќер не користам ич,ама затоа сол да Знам дека е штетно ама што да се прави сакам посоленко И тоа не само сол обавезно и вегета Не ми е слатко јадењето без сол
Порано бев повеќе наклонета кон шеќерот, а сега кон солта си јадам посолена храна ама сепак пример кога пијам кафе сакам поблаго да ми е... знам дека е штетно ми забранија барем сол и на лекар ама...
Шеќер ВООПШТО не користам. Единствено само некогаш ми доаѓаат нагони за СРКАЊЕ шеќер, е тогаш знам да си сркнам лажичка или две. Сол... ставам некогаш во салата. Иначе претпочитам вегета или некои такви зачини, наместо сол.
Шеќерот ми е заменет со засладувач,повкусен ми е ,а и не поправа Сол никогаш не дотурам, колку што има - толку ,не сакам пресолено (освен краставици и пуканки )...
Шеќер користам така по прилично повеќе, додека сол не можам да смислам. Почнав се да јадам без сол.. салати, јајца и ред други ствари
Многу, многу користам и шеќер и сол сакам да јадам (пијам) многу благооооо Исто и со солот си ставам прилично многу
Шеќер само во колачи и во кафе малку...сол хмм многу малку ја користам па затоа секогаш кога правам јадење веке си знат лугето соларка да си земат не јадам солено и затоа не го ни правам солено јадењето ма какво солено ја повеке на бљуткаво е
Јас сум многу нервозна и јадам многу сол секогаш си додавам, тоа е штетно за очниот притисок, но тоа е што да се прави и сакам благо кафе со две лажичи шеќер
Обожавам солена храна.Ставам сол во сите можни јадења кои се возможни да се јадат со сол.Користам натриумова сол, бидејќи таа била поздрава т.е било солено само до грло, а потоа не наштетувала на црн дроб или така нешто сум слушнал
Сол никогаш не сум ставала во јадење затоа и моите се бунат кога готвам јас. И тоа не ставам не затоа што е штетна туку затоа затоа што го сакам такво јадењето. Шекер од скоро почнав да не ставам. Засладувачот повкусен ми е.