Шеќер само во кафето. И тоа три лажици. Знам,многу се. Али па пустото,горко ќе ме отруе ако пробам. Само таму. За друго користам мед. А солта.. Јадам многу солено. А бидејќи мајка се сшто прави го прави да не речам без сол,така да мора даси дотурам. Сега сум подобра,малку ја намалив солта,користам вегета,али забележав и двете ги намалив уопште.
Шекер користам и тоа многу во кафе и какако. Во кафе ставам по три лажици инаку не можам да го пијам а сол многу малку не јадам пресолени јадења
Шеќерот го ставам само во кафе, ама ставам мнооогу лажици шеќер, тулумба го пијам. А сол не ставам на нешто освен малку на патлиџан. Моите дома ставаат кило сол на секое јадење за ручек што го прават а мене ми е пресолено и не можам да јадам
Ставам по едно и пол лажиче шеќер во кафе, во чај две... А сол ставам премногу и треба малце да намалам...
Од двете по многу Сол ставам и на павлаката,пошто иначе ми е без вкус и многу се нервирам мајка ми кога ја прави манџата безсолна, пфффф,па треба стално да додавам. А шеќер,во кафето ставам 2 лажички,можи е многу,ама инале ко ќе пробам кафе без шеќер се наежувам целата...
шеќер само во кафе,чај..а солта во се се што може многуу додавамм..знам дека нечине ама тоа е што е..обожавам да јадам солено!
Ууу! Многу ! Во кафе , во чај , во млеко по 3-4 лажици бре.. , многу е, али кога јадам нешто без шеќер како невкусно ми е.. А за солта.. не толку Не сум фан на солени работи...а за киселина да не зборам. Искрено ..не почнувам
Бел шеќер во кафе само половина лажичка, така се навикнав инаку на почеток пиев со една и пол лажичка што сега нема шанси да го испијам мислиш шербет за баклава, бљак . Инаку ретко правиме нешто благо по дома за разлика од порано, така да и не го внесувам многу во оваа форма, ама затоа во купени благи производи го внесувам често и од повеќе така да не ме теши овој факт. Инаку чај за разлика од кафе можам да си пијам и без шеќер, само да ми е ароматичен, бидејќи не поднесувам баш секакви чаеви. Сол користам минимално, кога јас солам во готвење тоа подразбира обавезно досолување од страна на другите. И веројатно сум единствената личност на цела планета која врз свеж зеленчук пр.краставица или патлиџан не става воопшто сол, исто така и врз мачкано лепче пр. со маргарин. Во моја близина соларничињата остануваат запоставени .
Ставам шеќер во чај, млеко, кафе, и ставам 2 лаж. сакам да ми биде поблагичко, а сол зависи, нормално ставам несакам многу солено да ми биде.
Шеќер ич, а многу сакам, и ставав порано, но веќе со месеци пијам горко кафе, чај само со лимон, и од се исфрлив шеќер иако душата ме боле, а сол ставам нормално, но многу јадам солено, ама то је, мора да издржам.
Воопшто не употребувам ни едното ни другото. Сол ако нема во храната,воопшто нема да ми текне да посолам,па моиве дома и дечко ми знаат дека кога готвам јас,треба да си ставам сол на маса,зошто некогаш навистина заборавам да ставам дури и минимално Не ми е вкусно ако е солено.А башка и што е штетна,нон стоп ја опоменувам сестра ми и дечко ми со таа сол,бааги јадат солено и не ги сфаќам.Вкус. Шеќер ставам минимално,кафето претежно горко го пијам.Имам и кафеав ,зависи кога како.Натрен исто купив, но и со едно натренче мене пак ми е благо и си стои за гости Сакам погорко кафе,за да го осетам.Ако е премногу благо,ко шеќерче да пијам
Шеќер во исхрана користам помалку отколку што јадам во слатки работи.За разлика од соленото кое многу го употребувам додека јадам.Особено вагета и сол.
јас кафето го пијам без шекер но ретко се случува да користам шекер а сол секојдневно во исхраната и шекер користам но помалку од сол односно и двете ги користам умерено
Користам во умерени количини. Кафе пијам без шеќер, а чај или со мед или незасладен. Шеќер внесувам само преку десерти. Солта не ја сакам многу. Не јадам скроз несолено, ама онака со ептен малку сол. Дека се штетни за здравјето, верувам дека се. Треба да ги избегнуваме колку што можеме повеќе. :geek: