користам сол секако затоа шо јадењето без сол ми нема вкус а исто и шекер ...кога пијам кафе ставам по 1.5 лажичка неможам да го пијам горко
Користам, онолку колку што треба. Сол скоро во секој ручек, салата, специјалитет, а шеќер најчесто за пилинг. Кафе и чај пијам горки, без зрно шеќер, така ми се многу поубави и шеќер освен за пилинг скоро воопшто и да не користам.
Премногу. Освен што внесувам со самото јадење,плус додавам сама. И во доволно солени јадења,ставам сол плус. Кафе пијам преблаго,со 3 лажички шеќер. Знам,знам,воопшто не е здраво.
Сол премногу. Маж ми ме кара , а знам дека не е добро но .. а шекер кога правам нешто благо , дали торта , колачи, гледам да ставам малку , помалку од напишаното ако е 400 , јас ставам 200 гр. и подобро да не се јаде многу благо
Шеќерот многу малце го користам. Чај, кафе и други пијалоци ги пијам без шеќер, шеќер ставам само кога правам нешто благо, каде што е неизбежно да се употреби шеќер. Солта многу повеќе ја користам, сепак не претерано, не ставам сол во се, на пример сакам компири да јадам без сол, ни во салати не ставам сол, поубави ми се така само со оцет и зејтин. Сепак кога готвам нешто солено за јадење морам да употребам сол, исто така и со месо не користам сол Се трудам да ги избегнувам колку што можам.
Се обидувам шеќерот и солта да ги сведам на минимално користење во исхраната бидејќи само му штетат на здравјето а во тоа и успевам бидејќи не сакам некои премногу изразени вкусови како многу благо или пак солено.А, најдобра сол за користење е калиумова сол
Користам и шеќер онолку колку што треба и каде е потребно, а и сол исто, значи без сол или вегета храната не би била по мој вкус, а без шеќер кафето или чајот исто така не би ми биле по мерак.
Сега за сега не пијам кафе, а во чајот си ставам 2 лажички обично и доволно ми е. Иначе мислам дека тоа е причината за зголемување на тежината, но не зависи само од тоа. Солта ја користам мислам дека во секој ручек, затоа што блантаво ми е без сол, некако нема вкус.. и да, влијае на притисокот. Мислам дека ако сакаш да имаш повисок притисок, се јаде солено јадење или се лиже онака сол.
шеќер неам пробано скоро година денаа..ради диетава ..а богами неми ни треба ,али солта ја употребувам секојдневно но не претерувамм!
Сол не поднесувам . Мајка ми прави во посебни садови храна за мене токму поради ова . Кофеин и сол организмов не ми поднесува и мислам дека тоа е предност оти посебно солта многу му штети на телеото и срцето. Баш пред некој ден јадевме шпагети дома , сите ги јадеа со сирење а јас ги јадев со кечап оти после знам дека ќе имам киселини во желудникот. Кога ми се јади сирење татко ми го шета цел пазар по 2 пати и на крај го одбира тоа што едвај има вкус Шеќер ставам во какаото ама во чај никако . Кога пијам чај со шеќер ми е како зовриена блага вода Мелен шеќер на торти и слатки обожавам
Зависи во шо, секое јадење пресолено не ми е убаво. А шеќер не користам многу, не пијам шербет па во чајот или што и да е да ставам по 3 лајчина шеќер.
Шеќерот строго го избегнувам, пијам кафе и чај без шеќер, благо последниве месец дена воопшто и не јадам. А солта (во мојот случај вегетата) никако не ги изоставувам.Тие ми се основната состојка без која неможам да функционирам.Сакам убаво зачинета храна.
Jас се пијам без шеќер, општо чај само со лимон, кафиња горки, сол минимално, зашто ми прави проблеми, цела се дујам, и вода пијам многу, така да минимално
Шеќер не премногу, ама затоа за сол немам мерка Сакам зачинета и многу солена храна, иако знам дека тоа не е добро ниту за здравјето, а богами ни за изгледот. Ама што да правам кога мене едноставно храната не ми е вкусна ако не е солена. Обожавам сирење, а исто така и маслинки, па некогаш со ручек ги комбинирам и двете. Ставам и доста зачини во храната, најмногу сакам вегета, оригано и бибер.
Јадам и благо и солено. За благото незнам ништо не ми е благо кафе не пијам многу а и тогаш кога пијам сакам да е поблаго со 1-2 лажички зависи од расположеие , а чајот го пијам без шеќер или во некои ситуации со малку мед, али и тоа е ретко. Солено, па то знам за некој можеби е солено а за некој не, без сол неможам значи така средно солено.
Во последно време, поточно последниве 3 недели солта сосема ја искоренив од мојата исхрана. Наместо сол користам мноооогу мала количина на вегета. И тоа се случува многууу ретко. Пред да скратам со сол, го користев во енормни количини.
Шеќер пијам со кафе, а знам порано пиев и со чај. Но, сега или пијам без шеќер чај или пак го пијам со мед. Не сум баш по солените работи, па и така да не користам многу сол. Дури не би ми сметало да јадам пржени компири без сол.