добро си направила анабела јас прекинав да ја користам солта откако дојдов овде оти појке готви дечко ми и тој никако не става сол во ништо,така да мн мн мн ретко да ставам по некое зрнце хех а шекер само ако јадам нешто благо па така инаку не користам,само мед во чај и тоа е се
Шеќер користам само за во кафе и тоа по 1 лажичка, арно ама сол користам премногу и во се... Сите ми велат а и јас знам дека е штетна солта ама неможам да ја откажам... Се би откажала ама сол и оцет дефнинитивно не...
Јас многу ставав сол и шеќер,што не е здраво.Се што е многу,не чини. Поднамалив малку.Мерата е најдобра,во се. Сега си јадам умерено.
Имам јас едно прашање. Сега за време на диетава наместо онаа сол што ја користиме секојдневно дома си купив ваква, демек ,,поздрава'' била, а-у. Некој ја користел? Незнам дали да ја употребувам..
Јас дома ја употребувам со месеци, не гледам причина зашто да не ја употребуваш. Ја купив од истата причина дека е поздрава но дали е не знам
лееее сол ухууууу што да кажам ни во уста не се става а шекер ухуууу исто како шербет али сега мама ме учи да не ставам толку многу
Шеќер не користам толку, ама сол, и тоа како. Сакам се да ми е повеќе од нормалното солена, бидејќи така ми е повкусно. Што знам...
Не користам ни сол ни шеќер, знам дека не е здраво. Чајот и кафето ги пијам без шеќер, солено не јадам многу т.е. ништо не посолувам. А ни зачини не јадам, едноставно го јадам јадењето без никакви додатоци
Одбегнувам премногу и од двете. Не јадам мн солено, дури помалку и од обично, а за шеќер сведувам на помалку , мада утре дебело ќе го прекршам правилото и тоа со задоволство
Јас користам и шеќер и сол во големи количини. Кафе порано пиев со пет лајчиња мали,сега скратив на 3 . Чај можам со 2-3 лајчиња. Млеко со 4-5. Сол користам секогаш повеќе од нормалното,така ми е повкусно.
Сол и шеќер користам многу малку. Компири варени јадам без сол, краставици, се што може да се јаде со сол можам комотно да го јадам без сол. Инаку чајот и нескафе 3 во 1 топлно ги пијам без шеќер, само нескафе ладно пијам со шеќер зошто мора да се стави барем една лажичка зошто многу горчи без ич шеќер. Шеќерот повеќе го конзумирам преку сладоледот и мармаладот, готов само во ладно нескафе, на друго место не. П.С кај може да се купи натренот и дали доволно блажи?
сол користам многу ама мн ретко скоро никогаш .. благо не јадам мн освен кога треба да добијам е тогаш надохнадувам