Шеќер користам со какао и чај, ставам по 2-3 лажички. А за солено јас сум од тие што сакаат повеќе сол во јадењето. Имав еден период кога премногу користев сол, дури и во јогурт ставав
Користам Умерено.. не јадам ни мн солено ни благо.. толку колку што требит. т.е Доволно И сите во семејството така користиме
Многу шеќер по 4-5 лажици во чај, и многу сол,на патлиџани поготово... не е здраво знам ама неможам без нив...
Шеќер не користам многу лажичка и пол најмногу во чај,млеко.А и мислам дека е многу. Инаку сол.Премногу е користам премногу.Јадам многу солено.Ми кажуваат дека толку сол може да ми наштети..ама џабе,што да правам многу солено сакам да јадам.
хм јас користам многу и тоа доста многу бас сопругот ми вика дека ставам сол и секер повеке од сто треба али ете никако да се однавикнам навика ми стана
Шеќер не користам воопшто, ни во кафе, ни во чај, ни во млеко. А сол ставам онака нормално, може и помалку
Кафе, чај - пијам без шеќер. Не ставам нити во свежо цедените сокови. Но, тоа не е доволно да кажам дека не користам шеќер. Сладоледи, домашни и индустриски слатки, т.н здрава храна во вид на мусли, житни плочки - шеќери еден куп. Така да, не живеам во заблуда дека не користам шеќери само затоа што пијам горко кафе, но од ситните слатки задоволства не се откажувам. Но се трудам да се понекогаш. Исто и со солта. Во принцип не готвам солено, но и тука како и со шеќерот, повеќе ме загрижуваат скриените соли во готовата храна, конзервирани производи, сувомеснати, индустриски супи. Е за нив се трудам да бидат ретко..
Шеќер ставам, али умерено, не многу. Во млеко, или во чај не ставам, навикнав така да ги пијам. А солта е друга работа ... Нејзе многу ја користам, можам да речем дека и да има сол во јадењето јас дотурам кога сакам.
Не ги додавам воопшто Шеќер со години не ставам во кафе , чај, а сол почнав да избегнувам зашто знам дека истата ќе ја внесам преку други продукти
Шеќер многууууу ретко користам и кафето што го пиев благо,сега го пијам скрос горко. Сол си конзумирав така отповеќе,ама ја отстранив и таа лоша навика.