Настојувам да ги избегнувам колку што можам повеќе знаеќи колку се штетни,но сепак во некои јадења колку и да сакаме неможеме да ги занемариме како на пример солта во салати и некои други видови на јадење.Шеќерот одбегнувам да го ставам во чај,какао и сл по некогаш го заменувам со мед.
Шеќерот го употребувам поретко , но солта неможам да ја избегнаувам што да правам кога ако јадењето не ми е солено не ми е убаво
Шеќер премногу користам. Во кафичи ми треба многу, тоа внатре имало.. ненее.. Не осеќам ништо. И секогаш мора да барам.. А сол умерено
Шеќер користам само за правење на благо и какао, а сол за правење на ручек и салати. Понекогаш претерувам со солта.
Шеќер користиме кафеав во кристали, а сол, леле сол ич не јадам секогаш и салати и јадења правам несолени па само ме караат после
чај и турско кафе пијам без шекер,а во нес или сенсео пола лажичка шекер а за сол,секогаш ставам вегета плус ставам посолена и позачинета храна
Си јадам соленко....ама повеќе со зачини преферирам отколку со самата сол. А шеќер каде што е потребно во граници на нормала, бидејќи и тој не е многу здрав.
Соленкото си го сакам, но повеќе сум по благичкото. Бидејќи јас носам наочари имам оштетен вид, и ми рекоа да не јадам толку многу солено поради видот да не се оштети уште повеќе. Од благичкото се уште немам проблем фала му на Бога. Барем сега да си јадам до границата, после кога ќе си подостарам па ќе треба да си се чувам.
Јадам солено и тоа многу,и да е нешто солено јас морам да дотурам. Исто е и со шеќерот,пијам шербет кафе и чај.
благичко тек - тук, ама соленоооооооо неможа без сол, што и да е било какво јадење одма става сол или вегетичка ич не ми е вкусно онака, незачинето
Исто само јас не ставам малце...јас мноооогу сол ставам, а шеќер онака, нормално користам не нешто претерано, а и не сум нешто по благото