1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку се користат мускулите денес ?

Дискусија во 'Фитнес' започната од elisabeta, 9 февруари 2015.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Секако технологијата измени многу работи, памтам како дете немав што да правам ако не сум најдвор, сега палиш пц и ја имаш целата забава на дланка.

    Се почесто среќавам деца кои никаде не шетаат без таблет и мобилен а кулминација е на тренинг каде место да вежбаат (нешто што родителите го плаќаат) си шкрапаат на мобилен па треба да им свикаш да вежбаат.

    Ај возрасен ако не вежба од мрза е или нема време или не сака ама децата се како сунѓерчиња, впиваат и ги имитираат возрасните така да мора општеството да им најде време и за нормална физичка активност.

    Децата сеуште сакаат да играат ама некој треба да ги научи и да им даде можност да се дружат и навистина штета што нашиот школски систем не е заинтересиран да биде иницијатор за таквите активности.

    Баш би било интересно да има книга со сите тие игри од порано, јас секако би ја купил :).
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Денес да можат луѓево ни нозете не би ги користеле за да одат, ни устата за да јадат, денес се се чека на тацна, изџвакано. Какви мускули, 24/7 очите ококорени во тие телефоните, грбот искривен пред компјутерот.. И младина и се,закржлавено!
     
    На srhsejbsk, Lefk и elisabeta им се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    За жал последниве години поголем дел од луѓето што ги познавам, се помалку ги користат своите мускули... По цели денови на компјутер, пред ТВ, за 2-3 спрата качување користат лифт... Па дури и до продавницата што им се наога зад куќа одат со кола!!! Помодарство, мрза... што ли е, незнам!!! (n)
    Но има и такви, кои и тоа како си ги користат мускулите!!! Јас сум една од нив... Наутро вежби за расонување, попладне малку аеробик или орбитрек, на работа одам пеш (25 минути во еден правец), за се што е на оддалеченост од 2-3 километри не користам превоз...
    Додека пешачам до работа многу често сретнувам повозрасни луѓе (баби и дедовци) кои со ранец на грб пошле накај Водно (y)... Но и голем дел тинејџери си ги користат мускулите :clap:... Моите синови покрај долгото пешачење во текот на денот, одат на тренинзи, во теретана...
    Луѓе, за подобро здравје користете ги што повеќе своите мускули!!! И не дозволувајте оваа позната фотографија да стане реалност!!!

    evolution_of_man-2.jpg
     
    На elisabeta и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Јас признавам дека по цел ден сум дома и само навечер пешачам од 8 до 9 ама и дома вежбам.Наутро правам стомачни, склекови, чучњеви и планк вежба.Попладне исто, навечер надвор.Сега како што е убаво времето, облечи тренерки и оди трчај.Во школси двор што убава атлетска патека има ама не ми се трча сама :| Неможеш никој да натераш да ти прај друштво макар и да те гледа (n) Навечер излегувам за пешачам со другари зошто само со машки можам да се разберам.Им викам на другаркиве ај на уметничко лизгање и тие викаат -Оуу како да не, да се потепаме таму :^) Па кој научил без да падне?Им викаш ај да трчаме а они -Оуу како некој будали да не гледаат...Е зошто како будали? Се мислам за викенд дека станувам рано кај 7 никој да не молам да земам слушалките телефонот и низ врата.Еден саат па и пола саат нека е ама за мене подобро ќе биде.
    Сите од маало ми се жалат, дебела сум, види ми ги колковите, ваква сум така сум а на никој не му се спортива.Епа со телефоните и компијутерите не се слабее.Нема таква апликација :punch:
     
    На AngelOfArh, elisabeta и Val-Dim им се допаѓа ова.
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Браво девојче :clap: - вистина НЕМА ТАКВА АПЛИКАЦИЈА!!!:rofl: Слатко ме изнасмеа (y)...
    А бидејки ти е проблем да најдеш друштво за „користење на мускулите“ , ти останува опцијата - слушалките на уво и правец кеј, планина, лизгалиште,теретана!!!
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Нa времетo кoгa тренирaв 2 пaти дoбив Зaпaление нa мускули.Вo пoследниве 3-4 месеци пaк рaбoтaтa ми е тaквa и пo цел ден сум вo кoлa пa не сум фaтил ништo дa вежбaм.Туку денес е супер.имa мнoгу дечки и девoјки кoи вежбaaт нa пaтекa пoред кеј.Сите кoи ве
    жбaaт им препoрaчувaм strava.стрaшнo дoбрa aпликaцијa е.мери пoтрoшени кaлoрии,изминaти килoметри,прoсечнa брзинa итн.Не се сoглaсувaм декa пoрaнo беше пoдoбрo.И денес е дoбрo,сaмo тoa е дo луѓетo и свестa зa свoјaтa фoрмa и здрaвје
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не знам зошто се фаќате само за компјутерите и технологијата, јас мислам тие се на крајот на синџирот. :D

    Да почнеме од основното - храната.

    За да стаса до масата денес одам во супермаркетот што ми е под зграда и си купувам што ми треба. Е тогаш се одело секој ден на нива и се копало и се наведнувале и станувале, па дигале тешки вреќи, па стоење на нози цели денови, па дали ќе роди нивата или нема. Побогу, на ниви и се пораѓале жените, значи до 9ти месец работеле активно, после бебето во марама и со неа таму.:D Едно по друго ги раѓале 10 деца, како да не бидат, ај да не се изразам погрешно, витки, :D едно расте во неа, друго цица од неа, во меѓувреме уште 5 чекаат за јадење. А и јадењето па едно вака јако што им било, макала, варива, ајвари, леб, леб, леб.... :drunk:

    Лебот само да се измеси е жив напор, тешко е тестото, ами секој ден така, ами кај се другите обавези, деца чекаат јадење, живината чека, и нивата чека некој да ја ископа. Немале правосмукалка па ајде вррр ќе собере и ќе исчисти се', немало џогер, ами со метлите и клекнати со крпи чистеле. Ај пробајте еднаш така цела куќа да ја исчистите па ќе видам дали ќе биде интересно.:D А куќата лом од брашно оти си месел леб, сите со земја влегле од нива, па тоа диплата од волна да се истресе... аха аха...

    Порано не переле во машина, переле на рака. Во реки, во корита, со пепел, со свински сапун. Врррррр тоа тешките водени јамболии, па жените глава оставам дека биле посилни од моменталниве ,,мушкарчини,, по теретани. :rofl: Сапунот рачно си го правеле, се варело во тенџере и нон-стоп се мешало. Немало сушари (добро, кај нас ретко се застапени) ами за големи фамилии, рачно да се испере и исуши се' не е мала работа. Кога сме кај мешање, миксери да не имале? Значи се' рачно, мешаш ајвар, компот, слатко, меселе колачи, торти... Ех бре тестишта да подигнеш, сила треба.

    Превоз немало, коњите и магаренцата, малце ќе поодиш, малце ќе те поноси магаренцето и така од едно до друго место. :wasntme: Немало струја па да пуштиш да те стопли, ами ќе одиш, ќе цепиш дрва, па ќе имаш на што да се згрееш и да зготвиш, малце од малце.

    Е тоа е секојдневно користење на мускулите, кој смета дека не ги користи доволно може слободно да проба некоја од набројаните активности. :D Автомобилите, јавниот превоз, компјутерите и интернетот, се само јаготката врз шлагот. Ама ако сакате еве, да ги искористите мускулите денес, земете и наместо да пуштите машина или да поминете со правосмукалка, направете го тоа рачно.:?:

    А вежбањето и трчањето и возењето велосипед, се само лична желба и избор. Ама и тоа ќе го правиш одреден број пати неделно, со одреден број часови, а не цело време, секој ден. Зошто многу ретко некој се нафаќа да работи физичка работа, затоа што е напорна, преморен си, се комираш, не знаеш кај се наоѓаш, денес има машини да го работат тоа. Шта чеш, времето оди напред.8)

    Мене баш ми е таман во модерново време, е малце сме закржлавени, малце повеќе, не викам не.... ама не би го менувала начинот на живот за тоа што го опишав погоре. Тенкју, бат, но тенку, си ја сакам и правосмукалката и бојлерот и телефонот и полначот за телефон.:D
     
    На Snow-Star, mims-89, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    10422026_932416843435374_3073083627128543844_n.jpg
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Децава денес ко со телефони и компјутери да се родени, мало, мало, тата - мата прави со телефонот, кој секако и тој го направија компјутер, со секакви можности, за користење на истиот.Мислам дека родителите тоа го дозволуваат, што им даваат со телефони, компјутери да се занимаваат.Сепак е до начинот на воспитување, може и да ги научат да бидат подалеку од тие направи, ама се им се дозволува, ради тоа што се деца, па ај да не плачат.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено јас воопшто не ги подржувам родителите што им дозволуваат на децата се и сешто само за да не плачат.Плачи за на телефон, компијутер а уште не знае да оди или збори.Како можеле порано децата од 3-4год надвор да играат а денеска плачат по компијутери.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Спротивно од вас, јас сум позитивно изнанадена од користењето на мускулите на децава кај мене во маало.
    Ја поздравувам иницијативата на општината или на градот на кој и да е, за реконструирањето на игралиштата и терените за физичка активност и создавањето на нови теренчиња во мојата населба.
    Бројот на деца кои сега времето го поминуваат таму е навистина зголемен во однос на пертходно. Беше онака мртво, додека е дење во лето ај ќе поиграат кошарка, фудбал, а за после тоа немаше осветлување. Не беа оградени терените топките им летаа на улица или завршуваа во нечиј двор и толку беше од играта.
    Сега се е променето, по цели денови па и навечер си играат децата па и доста возрасни да ви кажам, организираат натпревари, има кај да седнеш и да гледаш ако сакаш. Игралиштето што беше само со еден кош сега има поставено 4 за да може 2 екипи од еднаш да си играат. Ова ги мотивираше едноставно да мрднат од дома луѓето и да покажат малку спортска активност. Кога ќе се затопли особено цело време има некоја дешавка, цело време нешто се игра, нема запирање.
    Друго користење на мускулите што го забележувам во мојата населба е пешачењето, е на тоа ги мотивира домашниот миленик - кучето, секој втор во населбава (ако не и секој до сега) има кученце на кое му треба шетање па покрај него и сопственикот си обавува убава физичка активност. Рачунај за големите раси на кучиња, а кај мене во маало речиси сите се такви, бараат повеќе физичка активност, им треба тоа, треба да го прошеташ минимум три пати во денот и тоа на долга прошетка, половина час минимум да биде. Тоа е одлично бистрење на мозокот и одличен третман за телото посебно за оние на кои единствена рекреација им е тоа.
    Џогирањето е исто така актуелно во моето маало, забележувам доста луѓе почнаа да го практикуваат, особено во лето, навистина на секои 10тина минути туку протрчува некој.
    Многу жени во 40тите и 50тите одат на пилатес каде што одам и јас, а има и две три жени во 60тите, сите се од моето маало.
    Значи вака да ви кажам многу физички активна населба сме. :lol:

    И сега како што е редот и за мене да си кажам.
    Мускулите ги користам секојдневно и тоа минимум по 2-3 саати. Пешачам со кутрето, одам на пилатес, вежбам и по дома, многу пешачам и кога треба да се симнам до Центар, се што ми е во радиус од 2км го одам пешки. По дома чистам, смукам, бришам прозори и прашина, перам и на рака кога терба, а чистам и по двор и садам цвеќенца и билки :lol:. Во лето џогирам и за викенд пешки на Водно до крстот!
    Доста ми се искористени мускулите значи.