1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку умеете да штедите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 8 септември 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не знам, не умеам, самата помисла да штедам ме ужаснува. Не дека имам одвишок пари, ама не можам да заштедам ни денар. :( Срамота е да немаш една таква навика.
    Кога ми е полн џебот, како нешто да ме пецка, ко црвчиња да ми вријат внатре. :( Во состојба сум да го купам и тоа што ми треба и тоа што не ми е толку итно и да се вратам со празен новчаник.

    А и имам некоја фобија, дека кога и да се заречам да штедам, парите ми одат на поправка за нешто, на апчиња недај боже... да не кобам сега.

    Од што се откажувате најпрвин, т.е. од што скусувате кога решавате да штедите? Купувате ли да речеме помалку облека, или поевтини козметички производи, намалување со пушењето или јадењето, или можеби не излегувате толку многу?

    Повелете девојки со коментари и совети како до поквалитетно штедење. ;)
     
    На cresa-jagoda, LittlePinky, Agrona и 3 други им се допаѓа ова.
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    не знам да штедам :^) кратко и јасно :D
    исто како што спомна и Tрендафилка, не дека имам кој знае колку, ама ете, едноставно не знам да штедам (јас сум иден економист :lol: ) .
    кога сум ,,полна,, пари едноставно барам место, начин како да ги потрошам. што и да е, само да се потроши, да се купи нешто. :$
    е сега доаѓа момент кога знам дека утре нема да имам ептен скршен денар, а ни цигари, па така одма тргнувам пари настрана за цигарите :lol:

    инаку ова ми е многу лоша навика :worried: треба да се научам малку да заштедувам. не кој знае колку, ама да си створам барем таква рутина :tmi:
     
    На sweetyears му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    и јас спаѓам во оваа група, не знам да штедам. за жалење сме :x :P и да, навистина срамота е што немам таква навика, но што да правам, не можам :sweat:
     
  4. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Јас имам навика да штедам. Инаку и мене понекогаш “црвчињата“ ме фаќаат. :D
    Сметам дека е поубаво да се штеди со цел. На пример за книги, некое поскапо парче облека и друго. Постави си цел дека ако заштедиш одредена сума пари за одреден период ќе купиш нешто што ти треба. Исто така сметам дека е подобро да не се носат сите пари со себе. Едноставно половина тргни настрана некаде или барем монетите ставај ги во каса. Убаво е да се штеди. Се чувствуваш подобро. :)
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Можам да се пофалам дека знам да штедам,не големи суми ама сепак знам да заштедам некој денар! 1000,2000 денари од плата знам да тргнам за тешки денови, или поконкретно кажано за денови кога ќе си наумам да си купам нешто повеќе! Заштедата најчесто ја планирам за летен одмор и супер ми доаѓа заштеда од 300, 400 евра пред да тргнам на одмор бидејќи тогаш секогаш ми фали уште нешто и секогаш мислам дека парите што моите ќе ми ги дадат не се доволно! :doh:
    Сепак штедењето пари не го чувствувам како обврска, што значи не морам баш секогаш да ,,скријам,, некој денар бидејќи понекогаш и мојата плата не ми стигнува за месечните трошоци а камоли пак да тргнам на страна!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    ќе може рецептот :D :D :D
    и да не ги носам сите пари со себе, кога ќе стигнам дома, ќе купувам нешто... не знам :sweat: :x и јас сакам да заштедам :talk:
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    можеби кога ќе се вработам и ќе зимам плата, можеби и јас ќе заштедувам некој денар, а вака од ,,ситен,, џепарлак, тешко :^)
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    зависи! понекогаш штедам и после тоа што сум штедела ќе треба да го позајамам на некој и пак јас немам! :(
     
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Умеам да штедам, не сум некоја што се расфрла со пари, но тоа не значи па и дека сум скржава и си ги скратувам задоволствата. Имам две касички, во едната собирам железни пари, во другата книжни. Во таа со железни почнаа големи пари да се собираат бидејќи сега имам и 10ки и 50ки. А во таа со книжни најчесто имам 1000ки или 500ки, бидејќи како што викаше баба ми - тие сами си се чуваат. Да беа 100ки, до сега милион пати ќе се потрошеа. :D

    Со заштедата најчесто си купувам облека, чизми, сандали, она што ми е потребно. А за ситниците, како козметика, шминка - ме финансираат моите. Најмногу пари собирам за роденден, именден, а често знам и кусурот да го зачувам, па после тоа да ми се најде. ;)
     
    На cresa-jagoda и 2468 им се допаѓа ова.
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    е да, полесно е кога имаш свои сопстевно заработени пари, сам ги распоредуваш и знаеш од што можеш да се скратиш а што мораш да имаш!
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Купувам онолку колку што ми треба и дали ќе ми треба или не тоа што го купувам.Во принцип, знам да штедам,можам да се откажам лесно од многу работи,не секогаш гледам да купувам скапи работи,тоа се случува ретко,доколку имам многу пари,знам од истите малку да потрошам.Нормално, преферирам и поефтини производи да купувам,односно при купување не се расфрлам со пари,можам и умеам да штедам.Сепак,сметам дека треба да се направи баланс кога станува збор за парите и нивната употреба,за да имаш :) бидејки ако имаш многу пари и сите ги потрошиш,а сакаш да купуваш уште,тогаш многу нормално дека ќе снема пари :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Не знам ! :?: :tmi:
    Кога имам пари се ми е потребно , а кога немам...едноставно учам да преживеам без некои работи |(
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа може да се штеди и од џепарлак, мене тоа ми успева.
    најчесто заштедувам од парите што секојдневно ми ги даваат за на факс, имам слободна така да не ми тербаат пари за превоз, јадам од пекара близу факултетот, ефтина е и вкусна, кафе не пијам секој ден на факс пред или псоле факс така да ми остануваат...
    Исто и за излегување коа ми даваат, ако ме зима дечко ми ми остануваат парите за такси, ако е убаво времето одам пешки пак ми остануваат пари, некогаш и дечко ми ќе почасти и останале праите.
    А кога добивам поголема сума на пари од родендени ова она, ги трошам веднаш :D за облеки, чевли... козметика :D

    а да и не пушам цигари, можеби затоа имам повеќе пари :) ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Ич не знам да штедам пари . Кога ги имам во џеб како да викаат потроши не :^) И како да не ги дадеш ?! :doh: Еве од утре ќе се потрудам да штедам , ама не ветувам ништо :)
     
    На padme1517 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Па да се рече дека умеам да штедам.Имам свој т.н. црн фонд,се трудам да зачувам некој денар.Порано колку имав толку трошев,плакирите ми се полни со работи кои ретко или воопшто не ги носам.Сега го купувам она што ми е потребно и навистина што ми се допаѓа.Но во секој случај од џепарлакот се трудам нешто да ставам и на страна,без разлика колку е,кога тогаш ќе ми се најдат заштедените пари и се надевам дека добро ќе ги искористам.
     
  16. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Jas voopsto neznam da stedam pari :lol: :lol: .. koga imam visok pari sekogas vo momentot mi pritrebuvaat nekoi sitnici, a najcesto gi trosam na kupuvanje obetki, zavisna sum od obetki :D doma ima milioni obetki i sekogas pagam vo iskusenie da si kupam novi :D.. I najmnogu trosam za sitnici koi sakam da gi kupam za de4komi, sekogas sakam so nesto da go iznezadam bes razlika sto ke bide .... :D :D :D
     
  17. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Многу знам да штедам.Секогаш гледам за се да имам пари :D
     
  18. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Во последно време ИЧ не знам да штедам пари, се што има в новчаник трошам арно што сум пребирлива инаку тешко мене... :x
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    јас па знам да штедам ... секогаш гледам да имам пари со мене .... не ми е проблем ... не сум многу личност за шопинг и слично 8)
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И знам добро да потрошам ама и добро да уштедам, па и од малку пари да ги зголемам на повеќе.А бе и хороскопскиот знак ми е во куќата на парите. ;) :D